11.2

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНАЛНИ МЕХАНИЗМИ ЗА КООРДИНАЦИЈА МЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ НА МРЕЖАТА

 

Водечка институција

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2018, 2ро тромесечје; постојано

Индикатори

1. Број на координативни состаноци на Мрежата

2. Број на органи и институции кои се вклучени во координативните активности

3. Подготвени се критериуми за избор/номинација на државните службеници одговорни за соработка со граѓанските организации во секое министерство

4. Списокот на членови и нивни заменици во Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанските организации се ажурира на редовна основа и се објавува на веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk

 

РЕАЛИЗИРАНО

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

1. Одржани се два координативни состаноци на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор, на 1.11.2018 и 20.11.2018 година, со цел меѓусебно информирање и дефинирање начин на следење и динамика на известување за степенот на реализација на Акцискиот план на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020.                                                                                                                                                                                                                                  
Во текот на април 2019 год. Одделението за соработка со невладини организации одржа координативни состаноци со членовите на Мрежата од Министерството за култура, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт во врска со финансиската поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија во 2018 година и планирани средства во 2019 година.  
2. Во координативните активности се вклучени Одделението за соработка со НВО и 18 институции од Мрежата на државни службеници за соработка со граѓански сектор   
4. Списокот на членови и нивни заменици во Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанските организации е ажуриран и  објавен на веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk.

 

Дополнителни информации:

Состанок  на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор, 1.11.2018 год.

Мрежа на државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор
станок  на Состанок  на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор, 1.11.2018 год.Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор, 1.11.2018 годМрежата државни службеници за соработка со граѓанкиот сектор, 1.11.

Macedonian
Мерки:
Статус: