Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година

Во насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11).

 

Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година.

 

Предлозите, во писмена форма, со пополнување на следниот Образец можете да ги доставите до 16.9.2019 година, на следната адреса:

 

Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Одделение за соработка со невладини организации

Бул. Илинден бр. 2

1000 Скопје