Отворени денови за иницијативи на граѓански организации на тема „Програмата за намалување аерозагадување 2020“

Во согласност со определбата на Владата на Република Северна Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, Ве покануваме на шестиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации, кој ќе се однесува на „Програмата за намалување  аерозагадување 2020“. Отворениот ден ќе се одржи на 18 септември 2019 година (среда) со почеток во 13:00 часот, во Свечена сала во Владата на Република Северна Македонија.

На настанот ќе се обратат Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Ана Чоловиќ Лешоска, од здружението „Еко - свест“.

Дискусијата ќе биде отворена за сите претставници на граѓанското општество и ќе биде во насока на консултација и прибирање предлог политики за претстојната програма за намалување на  аерозагадувањето за 2020 година.

Вашите предлози, Вие како претставници на граѓанското општество можете да ги поднесете преку пополнување прашалник (во прилог), преку идентификување проблем/и преку предлагање иницијативи со кои би се решиле проблемите. Како би постигнале ефективна и продуктивна дискусија, ќе отвориме простор и за усно презентирање на претходно поднесената иницијатива во времетраење од најмногу пет минути. 

Ве замолуваме да го потврдите Вашето учество или учеството на еден претставник од Вашата организација и да го испратите пополнетиот прашалник на електронската адреса plan.za.chist.vozduh@vlada.gov.mk, најдоцна до 17 септември 2020 година (вторник) до 18:00 часот. 

Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте не преку е-маил plan.za.chist.vozduh@vlada.gov.mk . 

Покана за нво од програма 2020

Агенда НВО ОД програма 2020

Прашалник - програма 2020

Насоки - граѓански иницијативи