Презентација на Извештајот за Индексот на оджливост на граѓанските организации во Северна Македонија

Одделението за соработка со невладини организации учествуваше на презентацијата на Извештајот за Индексот на оджливост на граѓанските организации во Северна Македонија за 2018 година, што се одржа на 29.11.2019 година, во организација на Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН).

Во Извештајот констатиран е напредок во сите специфични димензии на одржливост: правно опкружување, финансиска одржливост, застапување, обезбедување услуги, секторска инфраструктура и имиџ на јавноста, освен во организацискиот капацитет  на организациите.

Напредок во делот на правното опкружување е констатиран поради запирањето на институционалниот прогон на голем број граѓански организации, забележан во извештаите од претходните години, зголемување на средствата за јавното финансирање, корпоративната поддршка и локалното финансирање, кои ја засилија финансиската одржливост на организациите во 2018 година, како и зголемените можности за учество на граѓанските организации во процесите на донесување одлуки, вклучително преку консултации и работни групи и позитивни примери од неколку успешни иницијативи за застапување предводени од граѓанскиот сектор. Исто така, се бележи подобрување во обезбедувањето услуги, особено обезбедувањето социјални услуги. Инфраструктурата за поддршка на граѓанскиот сектор е зајакната и преку формирањето на нови ресурсни центри и зголемена соработка помеѓу организациите. Меѓу другото, подобрен е и јавниот имиџ на граѓанските организации, иако се уште дел од организациире беа засегнати од негативните кампањи насочени кон нив во претходните години.

Целосниот извештај е достапен на следните линкови на македонски и англиски јазик.

  

Macedonian