Консултативен процес за изработка на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2021-2023

Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор е клучен документ кој ги содржи заложбите на Владата и органите на државната управа за унапредување на соработката со граѓанските организации и мерките за обезбедување поволна средина за развој на граѓанското општество.

Извештајот за преземените мерки и активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (2018-2020) во 2020 година, претставува осврт на реализираните активности и оценка на актуелноста на нереализираните мерки и ќе се користи како почетен документ при подготовка на новата Стратегија.

Со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2021-2023, Одделението за соработка со невладини организации отвара широк консултативен процес преку кој ги повикуваме сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот тригодишен период.

Предлозите може да се однесуваат на продолжување со спроведување на мерките и активностите содржани во Акцискиот план 2018-2020 што се уште не се реализирани, делумно се реализирани или кои треба континуирано да се спроведуваат и во периодот 2021-2023 година или да претставуваат иницијатива за воведување нови мерки и активности, според приоритетните области:

  1. Нормативна, институционална и финансиска рамка за развој на граѓанскиот сектор
  2. Демократизација, активно учество на граѓанскиот сектор во општествените процеси, во креирањето и следењето на политиките, со посебен фокус на процесот на интеграција во Европската Унија
  3. Граѓанскиот сектор како чинител во социјално-економскиот развој

За секоја од приоритетнитте области ќе се организира online состанок на фокус група со претставници на граѓанските организации што ќе достават предлози. За датумот на одржување на состаноците на фокус групите дополнително ќе бидат известени пријавените кандидати.

Пополнетиот образец, со предлог мерки и активности и претставник за учество во фокус група, потпишан од застапникот на организацијата и заверен со нејзиниот печат, го очекуваме најдоцна до 18 мај 2021 година, по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk, со назнака: „Предлог за Стратегијата 2021-2023“.

Образец на предлог 

Undefined