Отворен втор повик за проектни предлози во рамки на ИНТЕРЕГ Еуро-МЕД програмата

Секретаријатот за европски прашања информира дека од 27.06.2022 година отворен е вториот повик за проектни предлози во рамки на Интерег Еуро-МЕД програмата. 

Повикот е тематски, односно истиот е отворен за проекти кои би придонеле кон “Попаметна и позелена медитеранска област” преку спроведување на активности во рамки на следните специфични оски, од следните два приоритети:

Приоритет 1. Попаметна медитеранска област
1.1.          Развој и унапредување на капацитетите за истражување и развој и прифаќање на напредни технологии
        
Приоритет 2. Позелена медитеранска област
2.6          Промоција на транзицијата кон циркуларна и одржлива економија
2.4         Промоција на адаптацијата кон климатските промени и заштитата и отпорноста кон ризици од катастрофи, земајќи ги во предвид пристапите засновани на еко-системи
2.7          Унапредување на заштитата и конзервација на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните области, како и намалување на сите форми на загадување

Целата постапка на аплицирање е по електронски пат, а повикот ќе биде отворен до 27.10.2022 година (13 часот Бриселско време).

Повикот е објавен на следниот линк, каде може да ги најдете сите подетални информации околу програмата, повикот, начинот на аплицирање, како и претстојните настани поврзани со истиот:
https://interreg-euro-med.eu/en/call-2-thematic-projects/ 

Со цел размена на информации, вмрежување, изнаоѓање на партнери и воспоставување на партнерства упатуваме заинтересираните субјекти во најкус рок да креираат свој профил на форумот на програмата. Истото може да се направи на следниот линк:
https://interreg-euro-med.eu/en/get-involved/ 

Контакт лица за Програмата:

Зуица Змејковска
Zuica.zmejkovska@sep.gov.mk

Софче Крстиќ
Sofce.Zafirovska@sep.gov.mk

Undefined