Отворен втор повик за проектни предлози во рамки на ИНТЕРЕГ Еуро-МЕД програмата
Primary tabs
Секретаријатот за европски прашања информира дека од 27.06.2022 година отворен е вториот повик за проектни предлози во рамки на Интерег Еуро-МЕД програмата.
Повикот е тематски, односно истиот е отворен за проекти кои би придонеле кон “Попаметна и позелена медитеранска област” преку спроведување на активности во рамки на следните специфични оски, од следните два приоритети:
Приоритет 1. Попаметна медитеранска област
1.1. Развој и унапредување на капацитетите за истражување и развој и прифаќање на напредни технологии
Приоритет 2. Позелена медитеранска област
2.6 Промоција на транзицијата кон циркуларна и одржлива економија
2.4 Промоција на адаптацијата кон климатските промени и заштитата и отпорноста кон ризици од катастрофи, земајќи ги во предвид пристапите засновани на еко-системи
2.7 Унапредување на заштитата и конзервација на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните области, како и намалување на сите форми на загадување
Целата постапка на аплицирање е по електронски пат, а повикот ќе биде отворен до 27.10.2022 година (13 часот Бриселско време).
Повикот е објавен на следниот линк, каде може да ги најдете сите подетални информации околу програмата, повикот, начинот на аплицирање, како и претстојните настани поврзани со истиот:
https://interreg-euro-med.eu/en/call-2-thematic-projects/
Со цел размена на информации, вмрежување, изнаоѓање на партнери и воспоставување на партнерства упатуваме заинтересираните субјекти во најкус рок да креираат свој профил на форумот на програмата. Истото може да се направи на следниот линк:
https://interreg-euro-med.eu/en/get-involved/
Контакт лица за Програмата:
Зуица Змејковска
Zuica.zmejkovska@sep.gov.mk
Софче Крстиќ
Sofce.Zafirovska@sep.gov.mk