Нацрт-Извештај за спроведување Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024, во 2023 година

 Генералниот секретаријат – организациона единица за соработка со граѓанските организации подготви Нацрт-извештај за напредокот во спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024 и постигнување на стратешките и оперативните цели во 2023 година. Извештајот е подготвен врз основа на информациите на членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанското општество од министерствата и другите органи на државната управа кои се одговорни за спроведување на конкретните мерки во Стратегијата и анализа на одговорите на 192 граѓански организации од 16 различни области на дејствување од online анкета спроведена во периодот 9-25.1.2024 година преку Прашалник за мерење на вредноста на индикаторите од Акцискиот план на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество (2022-2024) дистрибуиран до сите граѓански организации со статус „активен“ (вкупно 8.504) според Отворените податоци на Централниот регистар на Република Северна Македонија.

 

Се покануваат сите заинтересирани граѓански организации да достават свои предлози за дополнување на Нацрт-Извештајот, до 30.03.2024 година на email адресата: nvosorabotka@gs.gov.mk.

 

 

Нацрт-Извештај за напредокот во спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024 во 2023 година

Прилог Табеларен дел на извештајот 2023 година

Macedonian