Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество бара Владата да го преиспита планирањето средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации во Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество упати писмено барање до  Владата на Република Северна Македонија во кое што се бара Владата да ја преиспита и промени својата одлука за планирањето средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации во Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година и во Предлог-Буџетот, во Раздел 040.01 - Влада на Република Северна Македонија, Потпрограма 10 - Администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, да предвиди 30.000.000 денари, наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации.

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество, во изминативе три години значително придонесе кон зголемување на транспарентноста и објективноста при распределбата на средствата предвидени во Буџетот на Владата на Република Северна Македонија наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.

Macedonian

Јавен повик до невладини организации во Република Северна Македонија кои работат во областа за спречување на корупцијата и криминалот

Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Со цел креирање на ефикасни мерки и политики а  во интерес на отвореноста на Владата на Република Северна Македонија кон граѓанското општество од особено значење е придонесот од невладините организации, кои работат во областа на спречување на корупција и криминал. За таа цел се потребни предлози и идеи кои би се инкорпорирале во Планот на Владата за борбата против корупцијата и криминалот.

Доставените предлози треба да содржат

  • Конкретни препораки и образложение за истите
  • Конкретни активности за спроведување на препораките
  • Надлежни инситуции за спроведување на активностите
  • Предлог рок за исполнување на активностите

Предлози треба да се достават на следната е-пошта: infozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk најдоцна до 26.11.2021 година (петок) до 12 часот.

 

Macedonian

Четврти повик за финансирање на предлог-проекти преку Фондот Западен Балкан

Фондот Западен Балкан објави нов повик за финансирање на проекти и започна процесот за аплицирање за заинтересирани субјекти. Ова е четврти повик од основањето на Фондот, но прв повик кој има поддршка од Европската Унија. Овој Повик е отворен до 23 декември 2021 година.

Примарни корисници се граѓанските организации, но потенцијалните грантисти ги вклучува здруженија, фондации, непрофитни организации, регионални мрежи, локални и регионални јавни субјекти или деловни здруженија.

Фондот Западен Балкан е меѓународна организација основана од Министерствата за надворешни работи на 6 земји од Западен Балкан и е регионален механизам на соработка. Преку поддршката на регионалните проекти, Фондот Западен Балкан директно придонесува за подобрување на поблиската соработка во Регионот.

Апликациите може да се поднесуваат преку системот за аплицирање кој се наоѓа на официјалната веб-страна на Фондот. Повеќе информации и детали може да добиете на следните линкови:

http://westernbalkansfund.org/2021/11/08/4th-call-for-proposals-is-finally-open/

https://wbfportal.org/Guidelines_for_Applicants.pdf

https://wbfportal.org/applicant/

 

Macedonian

Одржан состанок со Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество

На 12.11.2021 година се одржа состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество. Целта на состанокот беше да се разгледаат предлозите од граѓанските организации по Нацрт-Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, доставени во текот на консултативниот процес спроведен од 22.10 до 10.11.2021 година преку www.nvosorabotka.gov.mkи www.ener.gov.mk. Предлозите на граѓанските организации, заедно со одговорите, се содржани во следната табела.

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS