Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повик за гласање за избор на 5 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по јавниот повик за избор на 5 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите за областите Земјоделство и рурален развој, Медиуми и информатичко општество, Заштита на животната средина, Спорт и ЕУ интеграции и политики, објавен на 12.5.2021 година и Јавен повик до организациите да го дадат свој

Macedonian

Консултативен процес за изработка на Стратегија за Роми 2022-2030

Водејќи се од заложбите кои произлегуваат од Познан декларацијата за земјите од Западен Балкан за интеграција на Роми во рамки на процесот на проширување на ЕУ,  како и заклучоците од средбата на министрите за Инклузија на Ромиво октомври 2020, Република Северна Македонија го започнува процесот на изработка на нова Национална Стратегија за Роми 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешка Рамка на ЕУ за Ромите.

Процесот на подготовка на новата Стратегија за Роми ќе биде раководен од Владата на Република Северна Македонија преку Советникот за Инклузија на Роми како Национална контакт точка за Ромите во соработка со Министерството за труд и социјална политика како носител на Стратегијата за Роми, со техничка поддршка од Проектот Интеграција на Роми 2020.

Macedonian

Продолжен е рокот за консултации за изработка на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2021-2023

Со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во изработка на новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2021-2023, се повикуваат сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот тригодишен период. Пополнетиот образец со предлог мерки и активности и претставник за учество во фокус група, потпишан од застапникот на организацијата и заверен со нејзиниот печат, го очекуваме најдоцна до 26 мај 2021 година, по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk, со назнака: „Предлог за Стратегијата 2021-2023“.

Macedonian

Jавен повик за избор на 5 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 5 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите за областите: Земјоделство и рурален развој, Медиуми и информатичко општество, Заштита на животната средина, Спорт и ЕУ интеграции и политики.  Рокот за поднесување на пријавите е до 26 мај 2021 година.

 

 

Јавен повик

Пријава

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS