Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Macedonian

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за објавениот повик од страна на УНЕСКО до државите членки за поднесување предлог-проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за периодот 2026 - 2027 година

Врз основа на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2026-2027 година и  Резолуциите 39 Ц/61 и 43 Ц/5 усвоени на Генералните конференции на УНЕСКО, се повикуваат државите членки, преку своите национални комисии за УНЕСКО, да поднесат до УНЕСКО најмногу 7 предлог-проекти од некоја од програмските области на УНЕСКО: образование, природни науки, општествени и хуманистички науки, култура, комуникации и информации и статистика, при што се препорачува да се обезбеди  родова еднаквост и застапеност на младите. Рокот за доставување на проектите е најдоцна до 27 февруари 2026 година.

Undefined

Одржана 7-та седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 22.12.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Седмата седница, со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. Советот расправаше за можностите за унапредување на правната рамка за делување на граѓанските организации преку измени на Законот за здруженија и фондации, Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и Законот за волонтерство, како и за донесување на Закон за социјални претпријатија. Советот ги разгледа Предлог-Пасошите на показатели за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028 и се информираше за одржаните информативни средби со граѓански организации во Пелагонискиот и Источниот плански региони, како дел од Кампањата на Граѓанскиот ресурсен центар за информирање на граѓански организации за улогата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Воедно, Советот ги разгледа можностите за отворање канал за директна комуникација (е-пошта, формулар) за прибирање на иницијативи од граѓанските организации, што треба да бидат дел од Комуникациската стратегија на Советот.

Macedonian

Состаноци со Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество

Во текот на месец декември 2025 година, Одделението за соработка со невладини организации организираше редовни индивидуални состаноци со членовите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество од Министерство за јавна администрација, Министерство за локална самоуправа, министерство за европски прашања, Министерство за економија и труд, Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство. Целта на состаноците беше информирање за мерките од Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2025-2028 со посебен осврт на Пасошите на показатели за следење на спроведувањето на Стратегијата и нивно соодветно дополнување како и методологијата за прибирање на податоците. Воедно, на состаноците беше објаснет и процесот на подготовка на извештајот за спроведување на Стратегијата, согласно Упатството за структурата, содржината и начинот на подготвување, спроведување, следење, известување и оценување на секторските и мултисекторските стратегии („Службен весник на РСМ“ бр.122/22).

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS