Повик за учество во тематски работни групи за подготовка на новата Стратегијата за РЈА (2023-2030)
Primary tabs
Министерството за информатичко општество и администрација упати повик до граѓанските организации за учество во тематски работни групи за подготовка на новата Стратегија за РЈА (2023-2030). Повикот е објавен на https://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/rja/povik.pdf.
Номинациите за членови треба да соодветствуваат на моменталните четири цели од Стратетегијата за РЈА, односно претставниците од организациите да бидат номинирани во следните групи:
➢ Развој на политики и координација
➢ Јавна служба и управување со човечки ресурси
➢ Одговорност, отчетност и транспарентност
➢ Давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата
Организациите кои сакаат да номинираат претставници во групите потребно е да:
➢ постојат најмалку три години;
➢ имаат најмалку два проекти во областа на јавната администрација.