Нацрт-Извештај за спроведување Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024, во 2022 година

Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024 е усвоена на 130-та седница на Владата, одржана на 28.12.2021 година. Истата е резултат на препознаената потреба за унапредување на механизмите за соработка со граѓанското општество и градење на континуиран, транспарентен и целосно инклузивен дијалог во процесот на креирање и спроведување на политиките. Мерките што се преземаат со оваа стратегија на институционално ниво се насочени, меѓу другото, и кон одржување на континуитетот во работата на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и за подобрување на практиките за комуникација и соработка со граѓанските организации. Стратегијата ги утврдува клучните приоритети и разработува активности насочени кон унапредување на правната рамка за граѓанските организации; зајакнување на институционалната рамка и практиките на соработка помеѓу Владата и органите на државната управа и граѓанските организации; воспоставување даночна рамка којашто одговара на спецификите на работењето на граѓанските организации и го овозможува нивниот развој, како и унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации.

 

Генералниот секретаријат – организациона единица за соработка со граѓанските организации подготви Нацрт-извештај за напредокот во спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024 и постигнување на стратешките и оперативните цели во 2022 година. Извештајот е подготвен врз основа на информациите на членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанското општество од министерствата и другите органи на државната управа кои се одговорни за спроведување на конкретните мерки во Стратегијата и анализа на одговорите на 296 граѓански организации од 16 различни области на дејствување од online анкета спроведена во периодот 10-31.1.2023 година преку Прашалник за мерење на вредноста на индикаторите од Акцискиот план на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество (2022-2024) дистрибуиран до сите граѓански организации со статус „активен“ (вкупно 8.111) според Отворените податоци на Централниот регистар на Република Северна Македонија.

 

Со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во следењето на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024, се покануваат сите заинтересирани граѓански организации да достават свои предлози за подобрување на Нацрт-Извештајот, до 20.03.2023 година на email адресата: nvosorabotka@gs.gov.mk.

 

 

 

Нацрт-извештај за напредокот во спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024 во 2022 година

Табеларен дел на извештај за напредокот во спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024 во 2022 година

Macedonian