Информативен ден за програмата за територијална соработка Интерег Европа 2021-2027

Секретаријатот за европски прашања најавува информативен ден за програмата за територијална соработка Интерег Европакој го организира во соработка со Заедничкиот секретаријат на Програмата.

Информативниот ден ќе се одржи онлајн6 декември 2023 год. во периодот 10.00 – 11.30 часот.

Интерег Европа e програма за меѓу-регионална соработка ко-финансирана од Европската унија. Вкупниот буџет на програмата од 379 мил.евра е наменет за поддршка на широк круг на потенцијални корисници на национално, регионално и локално ниво, преку финансирање на проекти од меѓу-регионален интерес и размена на искуства преку Платформа за учење на политики.

Програмата ги обработува темите:

  1. Попаметна Европа
  2. Позелена Европа
  3. Подобро поврзана Европа
  4. Посоцијална Европа
  5. Европа поблиска до граѓаните и
  6. Подобро управување на регионално ниво

Како потенцијални корисници на програмата можат да се јават:

  • Државни институциинационални, регионални и локални јавни власти; други релевантни тела одговорни за развивање и/или спроведување на политики за регионален развој; органи одговорни за развој и/или спроведување на програми за инвестиции за работни места и раст
  • Организации релевантни за политиките за регионален развојорганизации за поддршка на бизнисот (развојни агенции, агенции за иновации, стопански комори, кластери, итн.); еколошки организации (агенции за животна средина, агенции за енергететика, невладини организации, итн.); образовни и истражувачки институции (универзитети, истражувачки центри, итн.)

Повеќе информации за Програмата се достапни на следниот линк: https://www.interregeurope.eu/

Учеството на информативниот ден може да се пријави најдоцна до 1 декември 2023 год на следната адреса: Natalija.Filipovska@sep.gov.mk.

Агендата и линкот за настанот ќе бидат навремено споделени со регистрираните учесници.

Macedonian