Одржана 3. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 24.12.2021 година се одржа Третата седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. На оваа седница, Советот ја разгледа и донесе Програмата за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за 2022 година. Советот утврди позитивно мислење по Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година, подготвена од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат и препорача Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците да ја следи добрата практика на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за транспарентен процес на распределба на средствата наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите. Советот констатира престанок на учество во работата на Татјана Стоименовска, член на Советот од областа Родова еднаквост, на лично барање. На барање на Министерството за образование и наука, Советот ги номинираше Димитар Низамовски, член на Советот од областа Образование, наука и доживотно учење и Далиборка Златева, член на Советот од областа Заштита на маргинализираните лица, за член и заменик-член во Управувачкиот одбор на проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ NEAR/SKP/2021/EA-RP/0053.

 

Macedonian

Консултативен процес за Предлог-Стратегија за Роми 2022-2030

Водејќи се од заложбите кои произлегуваат од Познан декларацијата за земјите од Западен Балкан за интеграција на Роми во рамки на процесот на проширување на ЕУ,  како и заклучоците од средбата на министрите за Инклузија на Роми во октомври 2020, Република Северна Македонија го започна процесот на изработка на нова Национална Стратегија за Роми 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешка Рамка на ЕУ за Ромите.

Во таа насока, со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на Стратегијата за Роми, Владата отвори широк консултативен процес преку кој ги вклучи сите заинтересирани граѓански организации со свои предлози за мерки и активности кои сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за интеграција на Ромите.

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областa Заштита на животната средина.

 

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови

Macedonian

Консултации за утврдување на приоритетите за финансиска поддршка на граѓанските организации во 2022 година

 

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат организира консултативен процес со граѓанските организации за утврдување на приоритетите за финансиска поддршка на граѓанските организации од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година. Се повикуваат граѓанските организации активно да се вклучат во консултативниот процес и да достават свое мислење и предлози по Табелата со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2022 година, најдоцна до 21.12.2021 година, на електронската пошта nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Мислење за приоритети за финансиска поддршка на ГО“.

Табела со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2022 г.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS