Одржана 15. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 24 септември 2019 година во Клубот на органите на управата, се одржа 15. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Јане Чаловски ги информираше присутните членови за работата на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година и формирањето на Оперативно тело за евалуација на проектите од Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019 истакнувајќи дека процесот бил професионален и транспарентен.

Macedonian

Одржан шестиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации на тема „Програмата за намалување на аерозагадувањето 2020“

На 18.9.2019 година, во Владата на Република Северна Македонија се одржа Отворен ден за консултации со граѓанскиот сектор за Програмите за намалување на аерозагадувањето, каде воведни обраќања имаа заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Ана Чоловиќ-Лешоска од здружението „Еко-свест“.

Macedonian

Отворени денови за иницијативи на граѓански организации на тема „Програмата за намалување аерозагадување 2020“

Во согласност со определбата на Владата на Република Северна Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, Ве покануваме на шестиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации, кој ќе се однесува на „Програмата за намалување  аерозагадување 2020“. Отворениот ден ќе се одржи на 18 септември 2019 година (среда) со почеток во 13:00 часот, во Свечена сала во Владата на Република Северна Македонија.

Macedonian

Продолжен рокот за придонес на граѓанскиот сектор во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година

Во насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11).

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS