Јавен повик за избор на три членови и три заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција 4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, согласно заклучоците од 12. седница одржана на 22.05.2019 година, а на барање на Министерството за труд и социјална политика, објавува Јавен повик за избор на три членови и три заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 3 јуни 2019 година. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk.

 

Јавен повик за избор на три членови и три заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика

 

Пријава за кандидат за член и заменик член во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика

Macedonian

Одржана конференција на тема „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“

На 22.5.2019 година, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), се одржа конференција на тема „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“. На конференцијата се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, кој ја потврди политичката волја за подобрување на моделот на државно финансирање. Тој истакна дека Владата веќе презема чекори и по дискусиите со граѓанските организации  се очекува моделот да се финализира во септември оваа година.

На конференцијата се обрати и министерката за правда, Рената Дескоска, која се осврна на улогата на Министерството како одговорната институција за спроведување на Законот за здруженија и фондации и ја потврди отвореноста на Владата за соработка.

Macedonian

Одржана 12. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 12. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, што се одржа на 22.5.2019 година, Советот ги разгледа Нацрт-упатството за регистрација на проекти во Централната база на податоци за странска помош (ЦДАД), подготвено од Секретаријатот за европски прашања и кварталниот извештај за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020, во периодот јануари – март 2019 година.

Во врска со барањето на Секретаријатот за европски прашања за номинирање на седум претставници од граѓанскиот сектор во ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот на спроведувањето на ИПА 2014-2020 и барањето на Министерството за труд и социјална политика за номинирање на шест претставници од граѓанскиот сектор како членови и заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017, Акција 4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика, Советот го задолжи Одделението за соработка со невладини организации да објави Јавен повик на веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk за пријавување на заинтересираните организации и кандидати.

Macedonian

Одделението за соработка со невладини организации учествуваше на работилница на Експертската работна група при Меѓуресорското тело за човекови права

Во рамките на Проектот за поддршка на Канцеларијата на ОН на програмата за работа на Експертската работна група при Меѓуресорското  тело за човекови права за периодот 2018-2019, а со цел подобрување на процедурите за комуникација со граѓанскиот сектор, на 9 и 10 мај 2019 година во Маврово се одржа работилница на Експертската работна група при Меѓуресорското  тело за човекови права. На работилницата се дискутираа добрите практики и модалитети на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН во однос на соработката со граѓанскиот сектор, модалитетите за транспарентност и ефективни консултации со Меѓуресорското  тело за човекови права  и граѓанските организации, како и за подобрување на процесот на соработка помеѓу нив.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS