Повик за финансирање на предлог проекти за 2022 година во рамки Централно Европската иницијатива

Централно Европската иницијатива – ЦЕИ на 11 април 2022 година го објави Повикот за финансирање на предлог проекти за 2022 година во рамките на Програмата за размена на знаење (know-how). Повикот е отворен до 13 јуни 2022 година. Оваа програма има за цел да го поддржи трансферот на експертиза од организациите во рамки на ЕУ во земјите надвор од ЕУ во регионот на ЦЕИ. Со кофинансирање на проекти за градење капацитети и техничка помош, Програмата нуди грантови на институции кои се подготвени да го споделат своето искуство со своите партнери во земјите-членки на ЦЕИ кои не се членки на ЕУ. За повеке информации за можностите и начините на аплицирање и останати детали може да добиете на следниот линк: https://application.cei.int/application/kep-2022/

Macedonian

Повик до заинтересирани страни за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности

Министерството за правда започна со спроведување на процес за подготовка на Предлог измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности.

Со цел овозможување директно и суштинско учество во сите фази од процесите за подготовка на Предлог измените, а согласно начелата на транспарентност и отвореност, Министерството за правда ги повикува заинтересираните страни да достават свои предлози за измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности. 

Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата, контакт податоци и опис на предлогот со образложение за причините поради кои се предлага измена и/или дополнување.Предлозите можете да ги доставите до Министерството за правда на  bpps@mjustice.gov.mk.

Macedonian

Повик за учество во тематски работни групи за подготовка на новата Стратегијата за РЈА (2023-2030)

Министерството за информатичко општество и администрација упати повик до граѓанските организации за учество во тематски работни групи за подготовка на новата Стратегија за РЈА (2023-2030).  Повикот е објавен на https://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/rja/povik.pdf

Macedonian

Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации

Министерството за правда ги известува граѓанските организации дека започна со спроведување на процес за подготовка на Предлог измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации.

Со цел овозможување директно и суштинско учество на граѓанските организации во сите фази од процесите за подготовка на Предлог измените, а согласно начелата на транспарентност и отвореност, Министерството за правда ги повикува граѓанските организации да достават свои предлози за измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации. 

Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата, контакт податоци и опис на предлогот со образложение за причините поради кои се предлага измена и/или дополнување.

Предлозите можете да ги доставите до Министерството за правда на bpps@mjustice.gov.mk.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS