Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Деца, млади и студенти

Листа од невалиди оранизации од сектор деца, млади и студенти

 
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Mладинска организација-Здружение за општествена акција,едукација и преветива (ЕАСП) Скопје и Прилеп
веб:
http://www.easpmkd.ml
е-mail:
EASP.PP@mail.com
телефон:
070/ 356-996 076/435-535
адреса:
ул.11 Октомври бр.42 a Скопје-ЦЕНТАР ул.Кире Ристески-Србинот бр 28 Прилеп
ДЕЈНОСТ
Младинска организација – Здружение за општествена акција, едукација и превентива (ЕАСП) е самостојна, невладина, хуманитарна, непартиска организација, кое се формира на слободна и доброволна основа и функционира како непрофитна организација, во која членуваат граѓани на Република Македонија, заради остварување на поединечни и заеднички интереси на членовите на организацијата и трети лица од земјата и странство, со цел: општествено и национално зближување на граѓаните на територијата на Р Северна Македонија.
Организацијата дејствува на територијата на Република Северна Македонија соработува со сите организации и институции, а работата се одвива во согласност со Уставот, постоечките Закони на Република Северна Македонија и Статутот на организацијата.
Основна цел на Организацијата е:
-Развивање и унапредување на цивилното општество преку активно вклучување на младите во општествениот живот, заштита на правата на децата, непосредна акција, едукативни и превентивни активности и форми на делување во разни домени на општествениот живот, разрешување или ублажување на проблемите во општеството по пат на лобирање до институциите на системот.
-развојот на демократијата, граѓанското општество и човековите права...
-КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ:
-помош и заштита на деца и младинци, заштита на маргинализирани лица и нивно социјално вклучување;
-унапредување на положбата и статусот на младите на локално ниво
-развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права;
-заштита од злоупотреба на дрога, сексуално преносливи болести, малолетничка деликвенција, алхохолизам, проституција и трговија со луѓе;
-унапредување на менталното здравјето на децата и младите
-заштита на културното наследство, животната средина и одржлив развој
-едукативни и превентивни активности
-хуманитарна и социјална помош, намалување на сиромаштијата
-развивање на етиката и моралот кај младите
-справување со елементарни непогоди, интервенција во криза, психо-социјална поддршка
-добротворна дејност во смисла на формирање на фондови, концерти, изложби, спортски манифестации и други активности за помош на граѓаните.
-развивање на волонтерската дејност
-Организирање на трибини, научни советувања и форуми, симпозиуми
-Основање на клубови за исполнување на слободното време на младите
-Соработка со организации, институции и здруженија од хуманитарен, научен, културен, спортски и образовен карактер;
-Поврзување и зачленување во сојузи и други асоцијации на невладини организации и здруженија во земјата и во странство;
-Формирање на сектори, комисии и други работни тела на организацијата за остварување на целите на организацијата
-Издавачка дејност
-Вршење и други дејности од јавен интерес во согласност со овој Статут, Законите и Уставот на Република Северна Македонија
СОРАБОТКА
•Здружението за развојни иницијативи ГЕОСТРАТЕШКИ ИНСТИТУТ ГЛОБАЛ Скопје
•Станица пет Прилеп
•ЕКЦ Светлина плус Прилеп
•Здружението на социјални работници на град Скопје
•Здружението ,,Урбано општество” Скопје
•Здружение ХЕРА Скопје
•Здружение ДОВЕРБА Скопје
•Црвен крст
•Министерства за образование, економија и култура, Труд и социјална политика
•Локална самоуправа – Прилеп
•Европска Комисија (ИПА фондови)
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
МППС –Платформа против сиромаштија
застапник
М-р Наташа Јованоска
активни волонтери
20
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Детски парламент на Македонија за Штип и Карбинци со подружница во Злетово
веб:
/
е-mail:
vkaragunova@yahoo.com
телефон:
070/257-248
адреса:
/
ДЕЈНОСТ
Мисија: Заложби за целосна имплементација на Конвенцијата за правата на децата,грижа за нивното здравје,борба против секого кој ги злоупотребува децата,грижа за чиста и здрава работна средина,заштита на децата од пороците на времето, всадување на чувство за самопочит и почит на другите, заштита на децата од секакви предрасуди - расни, верски, национални, полови и друго и всадување на чувство на почит на културните вредности и националните вредности.
СОРАБОТКА
Фондација за развој на локалната заедница, Македонско - хрватско здружение и ГО „Спектар„ од Штип и ГО „Хоризонти “ од Злетово.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Мрежа на здруженија: Амбрела, Излези да гласаш, Виадукт и Мрежа 19
застапник
Виолета Карагунова
активни волонтери
30
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Емоционално здраво детство
веб:
/
е-mail:
emocionalnozdravodetstvo@gmail.com
телефон:
070 367 813
адреса:
Видое Смилевси Бато 12А/2-34
ДЕЈНОСТ
Човекови права на децата
СОРАБОТКА
-Меѓаши;
-Одделението на владата за соработка со НВО
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Веле Митевски
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Заштита на правата на детето
веб:
www.zpd.org.mk
е-mail:
zpd.dci@gmail.com
телефон:
02/2651-636; 071/227-663
адреса:
ул. Виетнамска бр.49 Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението за заштита на правата на детето е невладина, непрофитна и непартиска организација. Својата активност ја темели на меѓународното право при имплементација на Конвенцијата за правата на детето која е донесена од Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации на 20 ноември 1989 година, а во нашето законодавство е ратификувана во 1993 година. Основни принципи и цели на неговото работење се: имплементација на Конвенцијата за правата на детето во домашното законодавство и практика, подигање на нивото на свеста за правата на детето како и создавање на чувство на солидарност со првата на детето на светско ниво, да учествува во унапредување на механизмите за имплементација на заштитата на правата на детето како и решавање во конкретни ситуации, да го промовира најдобриот интерес на детето, недискриминација и еднаквост на можностите, заштита на правото на живот-опстанок, да пружа психо-социјална и правна помош и поддршка, да помага во нормалниот психо-физички развој и почитување на мислењето на детето и иницирање на проекти од областа на социјалната и правна заштита на правата на децата, малолетничката деликвенција, вклучување во интегративниот процес на децата итн.
СОРАБОТКА
Црвен Крст на Град Скопје, Х.Е.Р.А.-Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Хопс - Опции за здрав живот, Паблик, Волонтерски Центар-Скопје, СОС-Детско село, ЦСИ - Надеж, РЕЦ Амбрела, Ромски Ресурсен центар, Сумнал, Доблест, Здружение на млади правници, Отворете ги прозорците, Лајн Клуб (Phoenix), Центар за неформално образование - Триаголник, Организација за културна соработка „ Интеркултура“, Хуманитарна организација „Мир“.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Коалиција Сите за правично судење;
Македонска платформа против сиромаштија;
Regional network for children living and working on the street.
застапник
Проф.д-р Владимир Ортаковски
активни волонтери
3
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здрава и креативна младина
веб:
/
е-mail:
maja.stojanovska5@gmail.com
телефон:
071/223-586
адреса:
Ул. Гаврил Радомир 8б
ДЕЈНОСТ
Здружението на граѓни “Здрава и креативна младина” е формирано во ноември 2000 година во Скопје, со единствена цел – унапредување на положбата на младите во Северна Република Македонија, организирање и спроведување на широка активност за обезбедување на здрав, безбеден, креативен живот, нивна имплементација во сите сфери на општествениот живот при што акцент е ставен и на потребата од засилена соработка меѓу младите од различна националност и вероисповест во земјата, како единствен начин за изградба на соживот во нашето мултиетничко општество.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Здрава и креативна младина е дел од Европската мрежа за размена на млади mladi “EYE – Network”, Global youth service day – Vashington и
Европска младина без дрога “PATH”.
застапник
Ѓорѓи Дамјановски
активни волонтери
15
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение АЗНО Скопје
веб:
/
е-mail:
zdruzenieazno@gmail.com
телефон:
076 / 46 87 46
адреса:
Ул.Коста Новаковиќ бр.46/2-8, Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружение за едукација, зачувување на природата и живиот свет,
И негување на културното наследство и традиција АЗНО Скопје
СОРАБОТКА
НВО Дневен центар Доза Среќа,Скопје
Дневен центар за деца со аутизам,Скопје
Дневен центар за лица со ментална или телесна попреченост,Скопје
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Сашка Стојановска
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение Интерактивна мрежа за образование и ресурси – ИМОР, Битола
веб:
www.imor.org.mk
е-mail:
Jove.jankulovski@yahoo.com
телефон:
070/339-229
адреса:
Милтон Манаки 17, 7000 Битола
ДЕЈНОСТ
Конкретни цели на организацијата
• Да ја охрабрува и потпомага младината од сите колективитети и заедници во земјата, Балканот и интернационално во заедничкото работење на јакнењето на човечките права, демократијата, меѓу-етничкото разбирање и толераниција, преку-граничната соработка и сите други начини на соработка помеѓу младите.
• Да ја охрабри младината од сите земји да учи и работи заедно користејќи ги телекомуникациите и технологијата, да го зајакне светскиот мир и да заземе активно место во решавањето на глобалните проблеми кои го засегаат светот.
• Да се развиваат пријателски односи меѓу младината од сите народи базирани на принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето.
• Да се работи самостојно и соработува со други организации и институции на подобрувањето на животот на припадниците на маргинализираните групи и хендикепираните лица, во државата и надвор од неа.
• Да ги унапредуваат и поттикнуваат човековите права и основните слободи за сите без оглед на пол, раса, јазик, култура и религија.
• Да се охрабрува и помага воспоставувањето на мостот меѓу образованието и заедницата, со акцент на вклучување на сите заинтересирани страни во образовниот процес.
• Да се помага во вклучувањето на маргинализираните групи во образованието и он-лине проектната работа.
• Да помогне во идентификацијата и споделувањето на различните, но комплементарни искуства од образовните, академски и други национални организации со поддржување на образовната инфраструктура и традициите низ светот.
• Да се споделуваат образовни и други ресурси со висок квалитет достапни во различните ИМОР центри.
• Да се обезбеди глобална инфраструктура за образовна мрежа отворена за сите чиј концепт базира на акција.
• Да се споделува телекомуникациска технологија, образовни методи и други ресурси со младински организации, училишта или индивидуи кои сакаат да ги постигнат ИМОР целите.
• Да потпомогнат во воспоставувањето на програми за обука и поддршка во секој глобален центар.
• Да се прошири мрежата на финансиската и операционата поддршка на ИМОР центрите низ светот.
• Да се работи со организации кои опфаќаат повеќе програми, академски тела и универзитети и невладини организации и влади за да се воспостави глобална заедница на засегнати организации и граѓани со изразена цел на поддржување на младината во светот во развивање и имплементација на образовни и хуманитарни проекти, посебно проекти кои се наменети за добробит на човештвото и благосостојбата на планетата на која живееме.
• Да се развие и одржува високо квалитетна образовна иновација.
• Да се поттикнува интегрирање на информационата и комуникационата технологија во секојдневниот образовен процес.
• Да се помага во овозможувањето на пристап до Интернет на маргинализираните групи и хендикепираните лица.
СОРАБОТКА
Фондација ИООМ Скопје, Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС, МЦГО, Друштво за заштита на животните “Срна” Скопје; Колегиум Битола; Биосфера Битола, МКЦ Битола.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Форум на граѓански здруженија на Битола, Коалиција СЕГА, CIVIS – Асоцијација на невладини организации од ЈИЕ, PHILIA – Асоцијација на мултиетнички градови од ЈИЕ
застапник
1
активни волонтери
20
вработени
2

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение ПЕОНИЈА с.Туралево Кратово
веб:
/
е-mail:
peonija_peonija@yahoo.com
телефон:
071/263-434
адреса:
с.Туралево 1360 Кратово
ДЕЈНОСТ
Здружението дејствува на полето на зачувување на културното наследство, природната средина, младите и друго.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
М-р Драган Георгиевски
активни волонтери
150
вработени
5
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение Студентски Парламент при Технолошко технички факултет Велес
веб:
http://ttfv.uklo.edu.mk/index.php/mk/2012-11-23-08-17-17/2013-11-03-15-40-30
е-mail:
spttfv@gmail.com
телефон:
071/508-704
адреса:
Димитар Влахов бб, Велес
ДЕЈНОСТ

Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место – шифра 94.99
СОРАБОТКА
Совет на млади на општина Велес,
Студентски Парламент при УКЛО,
ОО Црвен крст Велес,
Фондација Фокус,
Национална асоцијација на академски престижни граѓани,
Студентски сојуз ТМФ Белград,
Студентски сојуз Технолошки факултет Нови Сад,
Младинска иницијатива „сакам – можам“.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Мрежа за развој на млади претприемачи,
Студентски Парламент при УКЛО,
Национална асоцијација на академски престижни граѓани.
застапник
Александар Савески
активни волонтери
30
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение ЦЕНТАР ЗА МЛАДИНСКА АФИРМАЦИЈА
веб:
/
е-mail:
stefanginoski@gmail.com
телефон:
078 253 084
адреса:
ул.Штросмаерова бр.17 Ѓорче Петров, Скопје
ДЕЈНОСТ
/
СОРАБОТКА
НВО Центар за афирмација Ре популација
ЦАРЕП - Никшич Р. Црна Гора
КУД Григор Прличев
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Стефан Ѓиноски
активни волонтери
10
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за деца и млади во социјален ризик - Хелперс Скопје
веб:
/
е-mail:
zdruzeniehelpers@yahoo.com
телефон:
070/804-403; 071/268-022; 078/311-79; 077/747-779
адреса:
Ул. 12 Македонска Бригада бр. 88, Скопје
ДЕЈНОСТ
Хелперс е Здружение кое помага на социјално загрозени семејства, деца и млади кои се во мигрантска криза. Оваа невладина организација се стреми кон подобрување на животот на социјално ранливите групи, при што акцент става на децата, со цел овозможување на нормален живот.

Целите на оваа организација се:
1. Донирање на финансиски и материјални средства на деца и млади во социјален и економски ризик:
донирање на училишен прибор, средства за хигиена, облека и храна;
2. Пружање помош на семејства кои претрпеле елементарни непогоди;
3. Пружање помош на талентирани деца и млади кои немаат доволно финансиски средства (спорт, музика, уметност...);
4. Собирање на средства за деца и млади кои имаат здравствени проблеми и
5. Донирање на играчки, облека, храна и хигиена на деца и бебиња кои се загрозени од мигрантската криза.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Надежда Василевска
активни волонтери
/
вработени
9
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за заштита на правата на децата ПОВРЗАНИ
веб:
povrzani.com
е-mail:
povrzanimk@gmail.com
телефон:
070968356
адреса:
Ул. „Коста Новаковиќ“ бр. 20/4-10 Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението на граѓани ПОВРЗАНИ е формирано со основна цел заштита и остварување на детските права. Веруваме дека на сите деца, слични по заедничките карактеристики и различни по индивидуалните особености, возрасните се одговорни да им овозможат да бидат еднакви по правата. Преку системски пристап креираме поттикнување, вклучување и поврзување ресурси од заедницата, во најдобар интерес на децата и од перспектива на децата.
Отвораме теми кои се премолчуваат, или за кои се говори со говор на стереотипи, предрасуди и дискриминирање (развод, инклузија, адопција и др.). Им даваме поддршка на децата и родителите во превенирање и надминување состојби, кои го попречуваат здравото индивидуално и семејно функционирање.
Во здружението ПОВРЗАНИ членуваат семејни советници, професори, педагози, психолози, одделенски наставници, новинари, видеоедитори, фотографи, дефектолози, семејни и системски психотерапевти. Волонтираат средношколци и студенти.
СОРАБОТКА
Здружение за семејна психотерапија и системска пракса на Македонија – СПАСП, Скопје; Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта Ла Страда Македонија; Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ, Скопје; Фондација СЛАВКО ЈАНЕВСКИ, Скопје.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Граѓанска платформа за превенција и борба против трговијата со луѓе во С. Македонија.
застапник
Билјана Николоска
активни волонтери
7
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за културна сосработка Интеркултура
веб:
www.interkultura.org.mk
е-mail:
contact@interkultura.org.mk
телефон:
070230846
адреса:
Седиште и адреса Бул. Илинден бб, блок 12, Скопје
ДЕЈНОСТ
Визија
Интеркултура е признаена и почитувана организација која успешно работи на потребите и приоритетите на младите, промовирајќи интеркултурен дијалог и дејствува на локално, национално и меѓународно ниво.

Мисија
Продолжување со работа на развивање лични и професионални вештини на младите и промовирање на меѓукултурниот дијалог.

Цели и активности на организацијата
Интеркултура е основана кон крајот на 1997 година и официјално е регистрирана на почетокот од 1998 година. Во моментов сме активни на национално и на меѓународно ниво. Нашата целна група се млади во Македонија. Интеркултура работи на промовирање на различностите во Македонија и Европа. Нашите проекти се насочени кон поттикнување и стимулирање на работата во областа на културата, меѓукултурна соработка, борба против нетолеранција, национализам и промовирање на младинското учество. Во насока на исполнување на целите Интеркултура соработува со слични граѓански организации и добиеното искуство го користи во имплементација на проекти кои се занимаваат со културни размени, меѓукултурен дијалог, меѓурелигиска соработка и толеранција.

Приоритети:
• Запознавање и промоција на македонската и културата на другите етнички заедници што живеат во Македонија;
• Заштеда на енергија и намалување на ефектите од климатските промени;
• Активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво и креирање стратегии за идните активности;
• Поддржување и стимулирање младинска работа во областа на културата;
• Интеркултурен и меѓурелигиски дијалог на национално и меѓународно ниво;
• Социјална интеграција на младите и намалување на невработеноста;
• Спротивставување на секаков вид на националистичка, полова, расна, религиозна и друга дискриминаторска тенденција
СОРАБОТКА
Младински организации и организации кои работат за млади од Македонија и од Европа
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Коалиција на младински организации СЕГА
застапник
Драган Аврамовски
активни волонтери
15
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ-Битола
веб:
www.interaktiv.mk
е-mail:
interaktivbitola@gmail.com
телефон:
075/681-168
адреса:
ул.Индустриска бр.61-в 7000 Битола
ДЕЈНОСТ
Здружението за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина, но и соработка со младите на меѓународно ниво. Здружението е основано во јули, 2017 година во Битола, Република Македонија. Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста, како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе.
Активноста на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и мрежно поврзување. ИНТЕРАКТИВ работи на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно ангажирање на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.
НАШИ ЦЕЛИ СЕ:
- Придонес кон спроведување на целите за одржлив развој на Обединетите Нации на локално, национално и меѓународно ниво преку поттикнување на учеството на младите на национално, регионално и меѓународноно ниво;
- Учество на младите во процесите на европска интеграција и креирање на заедничка европска визија;
- Учество на младите во активности за промоција на култура на толеранција и ненасилство, мир и меѓународното разбирање;
- Активности за промоција на принципите на интергенерациска правда преку учество во креирањето и спроведувањето на јавните политики, на национално, регионално и меѓународно ниво;
- Активности за вмрежување и учество во меѓународни младински мрежи и коалиции кои делуваат во сферата на зајакнување на младите;
- Придонес кон намалување на сиромаштијата и креирање можности за учество на младите во активностите на национално, регионално и меѓународно ниво
- Промоција на различните култури и супкултура на живеење на младите преку организирање на различни настани: конференции, семинари, фестивали на младинска култура и сите други класични алтернативни форми и правци во уметноста;
- Заштита на културниот идентитет на млади припадници на ранливи категории, мали етнички заедници и национални малцинства;
- Други активности поврзани со развојот, перспективата и благосостојбата на младите луѓе.
Неформалното образование е особено важно за развојот на младите, а младите се тие кои што го претставуваат најдобриот скенер за откривање на вистинските проблеми што постојат во општеството. Со некои насоки тие можат да го откријат коренот на проблемот и да го изградат својот пат за да најдат трајно решение за да се ослободат од проблемот. ИНТЕРАКТИВ како организација е мотивирана да работи со младите. Тимот на ИНТЕРАКТИВ се состои од искусни младински работници и млади волонтери, кои се големи ентузијасти, креативни, мотивирани, активни, иницијативни млади луѓе.
Нашиот тим на младите им дава можности да се вклучат, да промовираат неформално образование, мултикултурализам, потреба од самовклучување и активно граѓанство, како и зајакнување на капацитетите на младите во локалната средина.
СОРАБОТКА
Во периодот од самото основање Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ работеше на создавање на партнерства за заедничка соработка. Во рамките на предвидените активности од програмата за работа на здружението беа потпишани меморандуми за соработка со здруженијата од Македонија меѓу кои: Форум 16, Здружението на граѓани Базична сила на медиумите, Здружението на граѓани Граѓански Патеки, Здружението ЕРЦ Соработка - Битола, СФЕРА Македонија, Креативити - Прилеп, Македонско Храватското друштво Марко Марулиќ, Здружението за одржлив развој БИОСФЕРА 369 - Битола, Здружението за европска интеграција ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА, Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, Здружението за напредно современо образование ВОЛВОКС, основното училиште „Коле Канински“, ТЕРА телевизија, ТВ Канал Визија – Прилеп, веб-сајт www.setaliste.com.mk, Општина Могила, Општина Новаци.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Не е член во ниту една платформа/мрежа/коалиција и сл.
застапник
Мартин Николовски
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за млади - МЛАДИТЕ ЗА ПРОМЕНА НВО Битола
веб:
www.yfch.org
е-mail:
contact@yfch.org
телефон:
38972321926
адреса:
Јонче Мурџевски 3/7 Битола
ДЕЈНОСТ
Младите за Промена НВО Битола е невладина организација која се фокусира на зајакнување на младите луѓе да станат активни чинители на позитивни промени во нивните заедници. Мисијата на организацијата е да промовира младинско лидерство, граѓански активизам и општествена одговорност и да создаде платформа за младите луѓе да се занимаваат со социјалните, економските и политичките прашања кои влијаат на нивните животи.

YFCH NGO нуди широк спектар на програми и активности насочени кон опремување на младите со вештини, знаења и ресурси кои им се потребни за да направат промена во нивните заедници. Овие програми вклучуваат обуки за лидерство, проекти во корист на заедницата, кампањи за застапување и образовни иницијативи. YFCH NGO, исто така, нуди платформа за младите да се поврзат и да соработуваат со истомисленици и организации, поттикнувајќи чувство на заедница и колективна акција.
Преку својата работа, YFCH NGO се стреми да ги инспирира и поттикне младите луѓе да станат активни граѓани кои се посветени на создавање позитивни промени во нивните заедници и пошироко. Со вклучување на младите луѓе на значајни начини и обезбедување на алатки и поддршка што им се потребни за да успеат, организацијата помага да се изгради посветла иднина за сите.
СОРАБОТКА
Порака Нова Струга, Together Macedonia, Udruga Mladi - mladi u EU Croatia, Youth For Change Georgia, Progress center Estonia,
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Застапник / директор* Пеце Крстевски
активни волонтери
30
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за млади и спорт Милениум - Гостивар
веб:
/
е-mail:
a_brez@yahoo.co.uk
телефон:
075/720-205
адреса:
ул.137 бр.7а 1230 Гостивар
ДЕЈНОСТ
Остварува и развива активности во областа на младите, спортот и екологијата. Помагање и придонесување кон ширењето и развојот на едукацијата, граѓанското општество и вклучување на младите и други заинтересирани страни преку поврзување, консултирање и координирање со други институции и организации од сродна област.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Александар Брезовски
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани Асоцијација за младинско зајакнување
веб:
www.yea.mk
е-mail:
youthea18@gmail.com
телефон:
+38975203104
адреса:
ул. Васил Ѓоргов бр. 18/2-16, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Асоцијација за младинско зајакнување - АМЗ е непрофитна граѓанска организација со седиште во Скопје, Македонија. Таа потекнува како иницијатива на неколку младински работници со долгогодишно искуство со организирање проекти и активности, при што младите се ставени како главната целна група на организацијата.

АМЗ има за цел да го промовира младинското учество и активно граѓанство преку методите на неформално образование за да се постигнат подобри младински политики, поголемо вклучување на младата популација во процесот на донесување одлуки и проширување на нивното влијание врз позитивниот развој на нашето општество. Нашите активности се состојат од развој на претприемничкиот и иновативен начин на размислување кај младите, промоција на активно учество како и зачувување и заштита на културното наследство. Главната цел на АМЗ е градење на капацитетите на младите во Македонија, со цел да се подобрат нивните компетенции, но и да ги подготви за идни проекти и работни обврски.
СОРАБОТКА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
застапник
Александар Каратошо
активни волонтери
вработени
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани Младите можат
веб:
www.youthcan.org.mk
е-mail:
info@youthcan.org.mk
телефон:
070/377-376
адреса:
Скопје, бул. Партизански Одреди 47/3-14
ДЕЈНОСТ
Постоиме за да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.
Веруваме дека младите луѓе можат да земат активно учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам како моќни алатки за општествена промена да одговорат на своите потреби во заедницата. Младите МОЖАТ овозможува:
- простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование;
- платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи;
- развој на младински активизам како алатка за општествена промена;
- промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонија.
СОРАБОТКА
- Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ);
- Агенција за млади и спорт;
- Национален младински совет на Македонија (НМСМ);
- Центар за меѓукултурен дијалог;
- Здружение на граѓани „Студентска организација Излез“;
- Асоцијација за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А;
- Сојуз на извидници на Македонија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- Национален младински совет на Македонија;
- Y-PEER ( Youth Peer Education Network);
- Платформа за студентски плурализам;
- Платформа за Младинска Одржливост.
застапник
Претседател - Иван Јованов
активни волонтери
36
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани Рубикон Скопје
веб:
/
е-mail:
rubikon.zdruzenie@gmail.com
телефон:
070 234 142
адреса:
ул.Скупи 20 бр. 29б, Скопје
ДЕЈНОСТ
Неформално образование на деца и млади и професионалци кои работат со деца и млади за превенција и справување со врсничко насилство, организирање активности - тренинзи, едукација со деца и млади и нивните родители, згрижувачи и воспитно-образовен и наставен кадар, поддршка на маргинализираните лица кон нивно социјално вклучување во општеството. Обуки за меки вештини на професионалци од различни сектори.
СОРАБОТКА
Еквилибриум2014 Скопје, ИПО Крсте Јон Струга, ЕСЕ, Меѓаши, Отворена порта
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Владимир Караев
активни волонтери
12
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на студенти по право и млади правници Павел Шатев Кочани
веб:
www.pavelsatev.org.mk
е-mail:
Zdruzenie_pavel.satev@yahoo.com
телефон:
078/275-770
адреса:
Љупчо Сантов ББ, 2300 Кочани
ДЕЈНОСТ
Здружението се занимава со неформално образование на млади со помош на интернационални активности преку официјалните програми за образование на Европската Комисија како што е Еразмус+.
СОРАБОТКА
Мобилност Кочани, ЕВЕЦ Кочани, еСвет ...
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
IDA Network, United for Intercultural Action
застапник
Благој Ристов
активни волонтери
10
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Извиднички Одред „Ластовица“
веб:
www.iolastovica.org.mk
е-mail:
Iolastovica.kocani2016@gmail.com
телефон:
076/376-797
адреса:
Ул:„Борис Трајковски“ бр.42- Кочани
ДЕЈНОСТ
Граѓаните се здружени во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес.
Мисијата на здружението е да придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.
Целта на одредот е да придонесува во развојот на младите луѓе, во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.
Основни цели на Здружението се да ги охрабри младите луѓе да:
1 научат да се почитуваат себе си и другите, светот во кој живеат и околината која ги опкружува;
2 имаат јачина на карактерот за да го разликуваат правилното од погрешното и да го разберат влијанието на нивните делувања на себе си и на другите;
3 ги слушаат и почитуваат другите, нивните идеи и верувања;
4 ја покажат смелоста што им е потребна за да се придржуваат на принципите на нивното верување, но исто така да имаат понизност да го променат истото врз основа на забелешките;
5 бидат јаки кога се во неволја, но и да бидат желни да побараат помош или совет кога им е потребно;
6 реагираат на неправда и да помогнат во изградбата на праведно општество;
7 имаат храброст да ги зграбат можностите и да ги следат своите сништа;
8 бидат способни да смислат идеи и да направат план во кој ќе се видат себе си;
9 пробаат да го дадат најдоброто од себе и никогаш да не се плашат од неуспех;
10 играат конструктивна улога во нивното општество и да им помагаат на оние околу нив, на кои им е потребна помош;
11 ја научат вистинската вредност на нештата и важноста на семејството и пријателството;
12 водат активен и здрав живот;
13 ги разберат важноста и користа на образованието во сите негови форми;
14 ја разбeрат и слават својата култура и културата на другите.


Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:
- организирање на конкретни програмски активности;
- спроведување на заеднички проекти;
- организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
- поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
- медијација;
- врши и други работи предвидени со својот Статут;
СОРАБОТКА
Сите извиднички одреди во Република Северна Македонија, МЕД (Македонско еколошко друштво), Младински организации (планинари, велосипедисти, екологисти, Црвен Крст- Кочани)
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Сојуз на извидници на Македонија , Локална самоуправа – Кочани
застапник
М-р Жаклина Стојчева-Јорданова
активни волонтери
30
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Извиднички одред „Димитар Влахов“ Велес
веб:
www.scoutveles.org.mk
е-mail:
scoutveles@gmail.com
телефон:
070/265-250; 076/226-956; 043/529-222
адреса:
Трајко Панов 22 – ПФ 85 1400 Велес
ДЕЈНОСТ
МИСИЈАТА на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес е да придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се исполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.
ВИЗИЈА на извидничкото движење во Македонија е да стане современо, атрактивно и самоодржливо и да обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
ЦЕЛ на извидничкиот одред „Димитар Влахов“ е да придонесува во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални општествени и духовни можности како поединци како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.
НАЧИНОТ на остварување на нашата цел е со охрабрување на физичкиот, интелектуалниот, емотивниот, социјалниот и духовниот развој на младите луѓе, како тие би го постигнале својот целосен потенцијал и како одговорни граѓани да го подобрат општеството преку употреба на ИЗВИДНИЧКИОТ МЕТОД кој е претставен преку:
– Завет и закони: да бидат обврзани да живеат според темелните вредности кои се содржани во заветот и законите.
– Учење преку работа: да создаваат свои ставови, знаења и вештини стекнати со практично извршување на задачи.
– Патролен систем: да бидат дел од мала група (6 – 8) на врсници кои се под водство на повозрасни.
– Симболична рамка: Симболичната рамка е битен елемент на Извидничкиот Метод. Целта е да се нагласи стилот на живеење врз кој е изградено извидништвото и да им дават позитивни идоли на нашите извидници.
– Природа: Активности на отворено и искуството стекнато од работа во природа.
– Личен напредок: Извидникот треба да се справува со предизвикувачки, прогресивни и креативни активности за да го развие неговиот целосен потенцијал. Со текот на времето треба да му се зголемуваат и задолженијата /обврските за да се запази нивниот личен напредок.
– Поддршка на возрасните: Извидништвото се залага за соработка помеѓу возрасните и младите. Нивната соработка е изградена врз доверба и почитување. Улогата на возрасните е да им овозможи на младите луѓе да го развијат нивниот целосен потенцијал.
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ на извидничкото движење во Република Македонија се:
1. Обврска кон духовниот развој – Прифаќање на духовните принципи, лојалност кон верата која ги изразува и прифаќање на обврските кои произлегуваат.
2. Обврска кон другите – Лојалност кон својата земја заедно со промоција на локалниот, националниот и меѓународниот мир, разбирање, соработка и учество во развојот на општеството со признавање и почитување на дигнитетот на другиот и интегритетот на природниот свет.
3. Обврска кон себе – Одговорност за сопствениот развој.
Член на Сојузот на извидниците на Македонија може да стане секој граѓанин на Република Македонија со давање Завет и кој ја прифаќа и спроведува Програмата на Сојузот на извидници на Македонија, работи по извидничките закони и активно учествува во работата на својата единица. Спрема возраста членовите на извидничката организација се поделени во пет категории и тоа:
а) развигорци – од 7 до 10 години (од прво до четврто одделение во основно образование);
б) помлади извидници и извиднички (поречани и езерци) – од 11 до 14 години (од петто до осмо одделение во основно образование);
в) извидници и извиднички (поречани и езерци) – од 15 до 18 години ( прва до четврта година во средно образование)
г) истражувачи – 19 – 21 година ( факултет )
д) сениори – над 21 година ( активни водачи, поддржувачи, пријатели на организацијата и почесни членови).
Новопримените членови, по тримесечен приправнички период, заветот вообичаено го даваат на некој настан, прилика и во присуство на нивниот водач и поголем број извидници и пријатели на организацијата.
Заветот е ист за сите категории на извидници и тој гласи:
„Давам чесен збор,
– дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина Република Македонија
– дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење
– дека секогаш ќе им помагам на луѓето
– дека ќе живеам и работам по извидничките закони“.
Извидничките закони кои што се почитуваат во нашата организација се следни:
За развигорците:
1. Развигорецот е добар пријател, храбар и чесен.
2. Развигорецот ги почитува своите родители и постарите.
3. Развигорецот добро учи, вреден е и несебичен.
За извидниците:
1. На извидникот му е чест да му веруваат.
2. Извидникот е корисен.
3. Извидникот е добар другар.
4. Извидникот е учтив.
5. Извидникот е оптимист.
6. Извидникот е верен и одговорен.
7. Извидникот постојано учи и ги применува стекнатите знаења.
8. Извидникот ја цени природата.
9. Извидникот ги цени и развива духовните и културните вредности.
10. Извидникот е чесен во мислите, зборовите и делата.
Извидничкото движење е воспитно, доброволно, неполитичко, самостојно и отворено за сите без оглед на нивната расна, верска или национална припадност, а кои ги прифаќаат неговите начела, принципи и метод за работа.
СОРАБОТКА
Со сите 15 извиднички одреди во Република Македонија, Еколошки друштва, Детски организации, Организации за млади.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Сојуз на извидници на Македонија (СИМ), World organization of the scout movement, DESMOS – Сојуз на православни скаутски организации, Совет на млади на Општина Велес.
застапник
м-р Ангелче Гушев, Старешина на одредот
активни волонтери
25
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
КРЕАТИВ ТИМ 22 ВЕВЧАНИ
веб:
/
е-mail:
creativeteam.mk@gmail.com
телефон:
077-901-550
адреса:
ВЕВЧАНИ
ДЕЈНОСТ
Примарната дејност се децата, младите и студентите да се поттикнат на креативно размислување и едуцирање за процесите на неповолните климатски услови и наоѓање начин на локално стопирање на климатските промени.
Дејноста би се одвивала преку вклученоста на младите во руралниот развој, особено за поттикнување на младински активизам во руралните средини низ Македонија. Целта е да се организираат работилници и проекти од областа на животната средина и природа со цел да се проучуваат и зачуваат назаштитените подрачја во Македонија и проучување на ендемските видови на Јабланица, Караорман и Галичица.
Информирање на човековите права и согледување на секое дете како индивидуа кои права ги има во училиште, дома, надвор, во секојдневното живеење. (пр.: табу-теми).
Темите за проекти би биле разновидни и би се организирале преку осмислување и организирање на теми за дискусии, дебати и средби во интерес на младите од целата држава со Ваша соработка и Ваше одобрување.
Презентирање, координирање и активна соработка со другите здруженија од Македонија и истакнување на специфичности како и организирање на семинари и активности што се од корист за општествената заедница и култура.
СОРАБОТКА
Со оглед на тоа што станува збор за нова невладина организација формирана на крајот на 2022 година, ова ни е првично обраќање и регистрирање во Македонија. Во теков на овој период успеавме да се регистрираме само на сајтот на Еразмус +, а во нашата земја Ви се обраќаме Вам за нова соработка.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Еразмус +
застапник
Верица Мукоска
активни волонтери
4
вработени
0
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Коалиција на младински организации СЕГА
веб:
www.sega.org.mk
е-mail:
sega@sega.org.mk
телефон:
048/429-390
адреса:
Цар Самоил 5, 7500 Прилеп
ДЕЈНОСТ
Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации, активна во полето на лобирање за промени во младинските политики, посветена кон поддржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Асоцијација на локални демократски иницијативи (АЛДА)
застапник
Зоран Илиески
активни волонтери
180
вработени
7
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Младинска асоцијација ИМКА Битола
веб:
www.ymca.mk
е-mail:
contact@ymca.mk
телефон:
070 594 341
адреса:
ул. Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола
ДЕЈНОСТ
Нашата мисија е оспособување на младите луѓе и работа во насока на развој на нивниот вроден потенцијал преку обезбедување знаења и вештини, неопходни за младите да станат активни лидери во своите заедници. Ова го правиме преку искуствено образование кое промовира разноликост, како и развивање на академски и социјални вештини кај нив.

Ние работиме во полето на неформално образование за млади, нудење поддршка за младинско учество во процесите на донесување на одлуки, промовирање на младински активизам, волонтирање, здрави животни навики и градење на општество кои ги поттикнува позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе. Специфично нашиот делокруг на работа и придонес за заедницата е во две полиња:

Младинска работа (лидерство, личен развој, младинско учество, волонтерство, зелена агенда, ментално здравје, мировна едукација) и
Развој на заедницата (учество и придонес во изработка на закони, стратегии и политики за млади, младинска работа, младинско учество; како и за социјална одговорност, волонтерство, добротворство/филантропија, корпоративна општествена одговорност).

СОРАБОТКА
Тугедер Македонија; МКЦ Битола; Млади волонтери пожарникари Сфера, Битола; Форум на млади Битола.

МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Коалиција на младински организации СЕГА;
Сојуз за младинска работа (СМР).


застапник
Виктор Илиев
активни волонтери
20
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Младински културен центар - Битола
веб:
www.mkcbt.org.mk
е-mail:
mkcbt@t.mk
телефон:
047/233-020
адреса:
Ул Цар Самуил 29, Битола
ДЕЈНОСТ
Младински културен центар - Битола е граѓанска организација основана во 1999 година. Мисијата на МКЦ-Битола е обединување и развој на креативните потенцијали на младите луѓе и поттикнување на граѓанскиот активизам.
Долгорочни цели: Развој на волонтерството и неформалната едукација; Развој на демократското и граѓанското општество; Развој на урбаната култура и продукција.
Краткорочни цели: Одржлив развој на Волонтерски центар на Македонија; Подобрување и јакнење на вештините кај младите; Поддршка и потикнување на граѓански иницијативи и кампањи; Поддршка и афирмација на урбаната култура.
МКЦ – Битола води и координира проекти и програми поврзувајќи ги младите преку вклучување во настани кои ги истакнуваат нивните потенцијали во областа на волонтерството, неформалното образование, културата и граѓанските иницијативи. МКЦ – Битола веќе девет години работи како национална канцеларија Волонтерски центар на Македонија координирајќи ја размената на волонтери на локално, регионално и меѓународно ниво, едуцира волонтери, нуди консултативни услуги на други субјекти и соработува со други локални и интернационални организации кои промовираат слични вредности. Во рамките на МКЦ – Битола функционира тренинг сервис преку кој континуирано се релизираат голем број на локални, национални и меѓународни обуки за развој на вештини, знаења и компетенции кај младите луѓе.
СОРАБОТКА
Младински образовен форум – Скопје, Младински совет – Струмица, АГТИС – Прилеп, СППМД – Кавадарци, Организација на жени Свети Николе, ИРЗ – Тетово, АДИ Гостивар, ФРЛЗ – Штип, Креактив, МОСТ и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- Член на Младинската мрежа на југоисточна Европа (South East European Youth Network SEEYN);
- Регионална канцеларија на ГА МОСТ;
- Член на локалната Коалиција за борба против трговија со луѓе;
- Член е на Коалицијата Сите за правично судење;
- Член на Младинската мрежа на млади претприемачи;
- Член на Национален младински совет на Македонија;
- Член на Јадро - Асоцијација на независната културна сцена;
- Член на Асоцијација на Независна културна сцена на Балканот Кооператива.
застапник
Директор - Сашо Додовски, Извршен директор - Златко Талевски
активни волонтери
30
вработени
11
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ)
веб:
https://ncdiel.mk
е-mail:
info@ncdiel.mk
телефон:
070/332930
адреса:
бул.„8 миСептември“ 2-9
ДЕЈНОСТ
Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) е основан во ноември 2009 година со финансиска поддршка од Австриската Развојна Соработка – Austrian Development Cooperation (ADC). Центарот се развива под препораките на проектот „Соработка на агенциите за финансирање и поддршка на иновации во Југоисточна Европа“ (South-East Europe Co-operation of Innovation and Finance Agencies). Оваа мрежа се стреми кон зајакнување на капацитетите за ефективно овозможување на иновациска, технолошка и финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија.

НЦРИПУ е дизајниран како центар отворен за иновативни, технолошки-базирани и профитно-ориентирани идеи.

Визија:

Центарот да стане национален лидер во процесите за создавање конкурентна економија базирана на иновативно знаење и претприемачко размислување.

Мисија:

Промоција, поддршка и развој на иновациите и претприемачкото учење, со цел намалување на невработеноста преку формирање нови иновативни бизниси и зајакнување на секторот на мали и средни претпријатија во Република Македонија.



Цели на НЦРИПУ:


Зајакнување на инфраструктурата за поддршка на иновации
Зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија
Формирање нови бизниси базирани на знаење
Зголемување на бројот на малите и средни претпријатија и нивното учеството во БДП
Воведување претприемачко учење на сите нивоа на образование
Промовирање на концептот на доживотно претприемачко учење
Зајакнување на соработката помеѓу универзитетите и стопанството
Промоција на јавно – приватно партнерство
Поддршка на кластерите во Република Македонија.
СОРАБОТКА
Фондација претприемачки сервисза млади (ПМС)
CED Hub Skopje
Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово
Македонска развојна фондација за претпријатија
Bantani education Брисел
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Национален совет за женско претприемништво
EntrComp community Брисел
Erasmus for young enterpreneurs Брисел
застапник
проф. д-р Радмил Поленаковиќ
активни волонтери
5-10
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ на Економски Факултет Прилеп
веб:
/
е-mail:
spefpp@gmail.com
телефон:
075/290-286
адреса:
Ул. Марксова бр. 144, 7500 Прилеп
ДЕЈНОСТ
СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ на Економски Факултет Прилеп е неполитичка, невладина и непрофитна организација во која студентите се здружуваат и организираат независно од нивната верска, национална и полова припадност и независно од нивните политички убедувања, заради соработка и застапување на заедничите интереси пред академските институции, органите на власта, јавноста, како и меѓународните организации и институции.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Студентски Парламент при Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
застапник
Андреј Габроски
активни волонтери
8
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Совет за Превентива против Малолетничка Деликвенција - СППМД
веб:
Sppmd.org.mk
е-mail:
contact@sppmd.org.mk
телефон:
078/307-770
адреса:
Спортска Сала Јасмин, канцеларија бр. 26, Западен булевар бб, 1430 Кавадарци
ДЕЈНОСТ
Организирање на слободното време на децата и младите;
Промоција на младинскиот активизам;
Промоција на волонтеризмот.
СОРАБОТКА
МКЦ – Битола,
Меѓаши – Скопје,
ЦЕД – Теарце,
Мајка – Куманово.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Коалиција Сите за правично судење,
Коалиција за Заштита на правата на детето.
застапник
Проф. Д-р Лазар Нанев
активни волонтери
23
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Студентски Парламент на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии - Скопје
веб:
www.sp.feit.ukim.edu.mk
е-mail:
spfeit@feit.ukim.edu.mk
телефон:
072/236-457
адреса:
Руѓер Бошковиќ бб, Скопје
ДЕЈНОСТ

Студентски Парламент на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии - Скопје (СПФЕИТ - Скопје) е здружение формирано со слободно здружување на студентите, независно од нивната национална, верска, полова припадност заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Студентскиот интеруниверзитетски парламент и органите на Република Македонија, јавноста и јавното мислење.

Студентски Парламент на Факултетот, како здружение, своите цели, задачи и дејности ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Македонија, сопствениот Статут, како и со други законски акти кои ја регулираат материјата од оваа област.

Основни цели и задачи на СПФЕИТ - Скопје се:
- Истражување во областа на образованието, без разлика на национална, верска и социјално економска припадност;
- Истражување, развој и афирмација на образовните програми за младите луѓе преку нивните индивидуални способности и посебности;
- Зближување на младите луѓе со помош на образовни програми со цел нивна поголема кооперативност и соработка во иднина;
- Организација на семинари, предавања, спортски приредби, концерти, натпревари, со цел подобро истражување и развој на образованието за групите на млади луѓе од етничките заедници застапени во Република Македонија;
- Истражување, развој и афирмација на образовните програми за граѓани на Република Македонија преку нивните индивидуални способности и посебности;
- Зближување на граѓаните на Република Македонија со помош на образовни програми со цел нивна поголема кооперативност и соработка во иднина;
- Организација на семинари, предавања, спортски приредби, концерти, натпревари, со цел подобро истражување и развој на образованието за граѓаните на Република Македонија;
- Помагање и посредување на граѓаните на Република Македонија преку нивните индивидуални способности и посебности;
- Потпомагање на размената на средношколци и студенти помеѓу држави и летни и зимски размени на млади луѓе со цел подобро запознавање, истражување и развој во образованието на другите народи.
СОРАБОТКА
Студентските парламенти при УКИМ, ЕЕСТЕК - ЛК Скопје, ИАЕСТЕ - Македонија, Бест - Скопје итн.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Анџело Лазаревски
активни волонтери
100
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Фондација Младински Ресурсен Центар АЈКЕН Гостивар
веб:
www.ican.mk
е-mail:
icanmk@gmail.com
телефон:
+38972224069
адреса:
ул. ЈНА бр. 371, Гостивар
ДЕЈНОСТ
Создавање можност за младите преку обезбедување на обуки, поддршка при барањето на работа или самовработување, и создавање на вмрежување на младите и работодавците.
СОРАБОТКА
- Organized Youth Association
- Center for Youth Education and Meditation
- Startup Macedonia
- SEEU Technology Park
- Youth and Community center Gostivar
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Арт Спахиу
активни волонтери
30
вработени
4
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Деца, млади и студенти
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Центар за едукација и развој - Кривогаштани
веб:
/
е-mail:
Cre.prilep@gmail.com
телефон:
078/393-900
адреса:
Населено место без уличен систем село Кореница, Кривогаштани
ДЕЈНОСТ
Главна цел и задача на Центар за едукација и развој е развој и партиципација на младите во руралните средини.
СОРАБОТКА
Центар за развој на Пелагониски плански регион, ЛАГ Агро Лидер – Кривогаштани,
Младинска мултиетничка заедница – Прилеп.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Рурална мрежа.
застапник
Слаѓана Колеска
активни волонтери
20
вработени
/

Мени за пристапност