Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ 1: Создавање на поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество

 

 

Овозможувачка општествена средина за делување на граѓанските организации

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
Граѓанските организации во Република Северна Македонија работат севкупно во поволно опкружување Граѓанските организации во Република Северна Македонија работат во поволно опкружување Граѓанските организации во Република Северна Македонија продолжуваат да работат во поволно опкружување

 

Усогласеност на релевантната правна рамка со меѓународните стандарди

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
Сѐ уште постои потреба за изменување и за спроведување на постојната правна и финансиска рамка Правната рамка за граѓанските организации е подобрена и е во согласност со меѓународните стандарди Правната рамка за граѓанските организации е во согласност со меѓународните стандарди

 

Донесен е нов Закон за здруженија и фондации, преку сеопфатна дебата и во партнерски однос со граѓанските организации

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
не да да

 

Број на информативни состаноци со граѓански организации за новиот Закон за здруженија и фондации

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
/ 2 2

 

А 1.1.1.1. Спроведување консултации со граѓанските организации и финализирање на текстот на Предлогот на закон за здруженија и фондации

Надлежна институција  Министерство за правда
Рок на спроведување 4 квартал 2025
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање 100.000 денари/Буџет на РСМ/потенцијална донаторска поддршка

 

Во август 2025, Министерството за правда го ажурираше составот на работната група за измени на Законот за здруженија и фондации со претставници на неколку мрежи на граѓански организации. Со поддршка на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во РСМ“  се одржаа две консултативни средби со граѓански организации на тема „Вршење стопански дејности од страна на здруженија и фондации – Можности и предизвици во законското уредување“ (28.11.2025) и „Стандардизирање на правилата со кои се уредува државното финансирање на граѓанските организации - Модели, предизвици, решенија и правна регулатива“ (18.12.2025). На 31.12.2025 Предлог-законот за здруженија и фондации беше објавен на ЕНЕР, со што се воведува нов правен рамковен систем за граѓанските организации во Република Северна Македонија, усогласен со стандардите на ЕУ и Советот на Европа. Целта е унапредување на правната рамка што ги уредува здруженијата, фондациите, сојузите и организационите облици на странските организации, во согласност со највисоките стандарди на Европската Унија и Советот на Европа. Клучни цели на законот се: Уредување на државната поддршка за организациите; Зајакнување на улогата на граѓанските организации во процесите на донесување одлуки; Јасно дефинирање на принципот на непрофитна дејност; Поттикнување на самофинансирање и финансиска стабилност; Зголемување на отчетноста, транспарентноста и одговорноста; Воспоставување стандардизирани правила за финансиска поддршка; Обезбедување правна основа за кофинансирање на ЕУ и меѓународни проекти; Усвојување подзаконски акти за државно финансирање и учество во креирање политики; Воведување нов пристап во дефинирањето на јавниот интерес во различни сектори и Законско уредување на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Министерството за правда, со поддршка на ЕУ проектот „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, организираше јавни расправи во неколку градови (Битола, Гостивар, Штип и Скопје) за да се обезбеди инклузивен и транспарентен консултативен процес, во кој претставници на локалните граѓански организации дадоа суштински коментари и конкретни предлози, нагласувајќи ја важноста на активното учество на граѓанското општество. Коментарите од консултативниот процес беа разгледани од Работната група на работилница за финализирање на предлог- законот (23-25.3.2026). 

 

Следни чекори:

Обезбедување мислење од Министерството за финансии, усогласување на текстот на Предлог-законот и превод на англиски јазик 

 

Нов рок за реализација:

2 квартал 2026

 

А 1.1.1.2. Доставување на Предлогот на закон за здруженија и фоднации на мислење до Венецијанската комисија

Надлежна институција  Министерство за правда
Рок на спроведување 4 квартал 2025
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

Во тек се финални консултации во Министерството за правда, пред доставување на Предлог-законот на мислење до Венецијанската комисија

 

Нов рок за реализација:

3 квартал 2026

 

А 1.1.1.3. Донесување на нов Закон за здруженија и фондации, кој ќе обезбедува гаранции за остварување на правото на слобода на здружување во согласност со меѓународните стандарди

Надлежна институција  Министерство за правда
Рок на спроведување 2 квартал 2026
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

А 1.1.1.4. Информирање и градење на капацитетите на институциите и граѓанските организации за доследна примена на Законот за здруженија и фондации

Надлежна институција  Министерство за правда
Рок на спроведување 4 квартал 2026
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање 300.000 денари / Буџет на РСМ / потенцијална донаторска поддршка

 

Создадена правна рамка за непосредно учество на граѓаните во одлучувањето преку примена на информатички средства за собирање на потписи (е-петиција)

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
не не да

 

А 1.1.2.1. Измени на Закон за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните, со цел воведување можност за собирање потписи со користење на информатички средства

Надлежна институција  Министерство за правда
Рок на спроведување 4 квартал 2027
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

А 1.1.2.2. Воспоставување на online платформа за операционализација на можноста за собирање на потписи (е-петиција)

Надлежна институција  Министерство за дигитална трансформација, Министерство за внатрешни работи, Државна изборна комисија
Рок на спроведување 4 квартал 2028
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање услов реализиран проект „Дигитален идентитет за секој граѓанин“

 

Овозможувачка средина за финансиска одржливост на граѓанските организацииСоздадена правна рамка за непосредно учество на граѓаните во одлучувањето преку примена на информатички средства за собирање на потписи (е-петиција)

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
Сѐ уште постои потреба за изменување и за спроведување на постојните законски и финансиски рамки, особено за да се обезбедат конзистентни механизми за обезбедување транспарентно јавно финансирање на граѓанските организации Законската и финансиска рамка обезбедува конзистентни механизми за транспарентно јавно финансирање на граѓанските организации Постојат конзистентни механизми за транспарентно јавно финансирање на граѓанските организации

 

Процент на доделени средства за финансиска поддршка на граѓански организации по пат на јавен повик

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
62.36% 60% 80%

 

Воспоставен е гарантен фонд за финансиска поддршка на граѓански организации што аплицираат и се добитници на проекти од европски и други фондови

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
не да да

 

Финансиската поддршка на граѓанските организации од централниот буџет и буџетот на единиците на локална самоуправа се зголемува на годишно ниво, до 30 милиони евра во денарска противвредност во 2028 година

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
1.959.549.732 денари    1.082.000 денари 1.845.000.000 денари

 

А 1.2.1.1. Трансформација на Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите во хоризонтален правно обврзувачки акт и ревидирање на одредбите за планирање на средствата (задолжителни консултации за приоритетите), одлучување (независни комисии, регулирање на конфликтот на интереси, вклучување експерти и претставници на граѓански организации), објавувањето на резултатите, правото на жалба, следење, известување и сл.

Надлежна институција  Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации
Рок на спроведување 2 квартал 2027
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање потенцијална донаторска поддршка

 

Со Предлог-законот за здруженија и фондации, објавен за консултации на ЕНЕР на 31.12.2025 год. се предвидува стандардизирање на постапката, условите и критериумите за распределба на финансиската поддршка на граѓанските организации од централниот буџет и буџетот на единиците на локална самоуправа. Со предлог-законот, исто така, се предвидува донесување на подзаконски акт (уредба) со кој поблиску ќе се уредат условите за распределба и користење на средствата. Овој подзаконски акт ќе го замени Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од 2007 година. 
Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, на петтата седница, одржана на 28.10.2025 година, формираше Работна група за трансформација на Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите во хоризонтален правно обврзувачки акт. Работната група одржа online состанок на 29.12.2025 со учество и на експерти на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во РСМ“.

 

Следни чекори:

Активноста ќе се спроведува во соработка со проектот   „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во РСМ“, финансиран од ЕУ

 

А 1.2.1.2. Зголемување на транспарентноста на финансиските активности на граѓанските организации преку следење на објавувањето на финасиските извештаи на веб страниците на организациите и воспоставување на електронска база на податоци за финансиска поддршка на граѓанските организации од централниот буџет и буџетот на единиците на локална самоуправа

Надлежна институција  Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации
Рок на спроведување 4 квартал 2028
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

На 16.1.2026 во Генералниот секретаријат на Владата се одржа состанок со претставници на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за соработка при подготовка на годишните извештаи за финансиска поддршка на здруженија и фондации и воспоставување на електронска база на податоци за финансиска поддршка на граѓанските организации.

 

А 1.2.1.3. Воспоставување на гарантен фонд за финансиска поддршка на граѓански организации што аплицираат и се добитници на проекти од европски и други фондови, како што се ИПА фондовите, Хоризонт Европа, Клајмет Кик, ИнвестЕУ, Дигитал Европа и други, а за кои е потребен процент на учество односно кофинансирање

Надлежна институција  Министерство за финансии
Рок на спроведување 4 квартал 2026
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање Буџет на РСМ

 

Со Предлог-законот за здруженија и фондации, објавен за консултации на ЕНЕР на 31.12.2025 год. се предвидува стандардизирање на постапката, условите и критериумите за распределба на финансиската поддршка на граѓанските организации од централниот буџет и буџетот на единиците на локална самоуправа. Законот ги следи заложбите од Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2024-2028 за обезбедување буџетски средства за поддршка на граѓанските организации во вид на гарантен фонд, чија намена ќе биде финансиска поддршка на граѓански организации што аплицираат и се добитници на проекти од европски и други фондови, а за кои е потребен процент на учество, односно кофинансирање.    

              

Ризици/проблеми кои можат да се јават до крајот на спроведувањето на активноста:

Имајќи предвид дека формирањето на нови институции/ фонд предизвикува фискални импликации по буџетот на РСМ, Министерството за финансии не го поддржува предлогот

 

Следни чекори:

Предлог-законот да се достави на мислење до Венецијанската комисија

 

А 1.2.1.4. Поттикнување на институционалниот и организацискиот развој на граѓанските организации преку зголемување на финансиската поддршка од централниот буџет и од буџетот на единиците на локалната самоуправа, во согласност со реалните можности на Буџетот на Република Северна Македонија и обезбедување на друг вид на поддршка

Надлежна институција  Министерство за финансии, Министерство за односи меѓу заедниците, Министерство за култура и туризам, Министерство за здравство, Министерство за социјална политика, демографија и млади,  Министерство за животна средина и просторно планирање,
Рок на спроведување 4 квартал 2028
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање 1.082.000 денари во 2026
1.460.000.000 денари во 2027
1.845.000.000 денари во 2028/Буџет на РСМ и на единиците на локалната самоуправа

 

Министерството за финансии укажува дека расходите во Буџетот на Република Северна Македонија се планираат  врз база на: проекција на приходите со планираните движења во економијата, обезбедување на фискална консолидација, економско заздравување и забрзан раст, редовно и непречено извршување на сите законските обврски, спроведување на дисциплинирана буџетска политика и зајакната контрола на јавните трошења. Следствено на наведено,  висината на уделот на државното финансирање од централниот буџет и од буџетите на единиците на локалната самоуправа ќе биде во согласност со реалните можности на Буџетот на Република Северна Македонија.

 

А 1.2.1.5. Воспоставување на систем за следење и известување за доделената финансиска поддршка на граѓанските организации од централниот буџет и од буџетот на единиците на локалната самоуправа, преку подготовка и објавување на годишни извештаи

 институција  Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации
Рок на спроведување 4 квартал 2028
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

Генералниот секретаријат на Владата-Одделение за соработка со невладини организации секоја година подготвува годишен Извештај за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации                       од буџетот на органите на државната управа и единиците на локална самоуправа. Извештајот за 2024 година е разгледан на 118.седница на Владата, одржана на 14.10.2025 и е објавен на веб-страницата на Одделението, на следниот линк: https://www.nvosorabotka.gov.mk/sites/default/files/Izveshtaj%20za%20finansiranje%202024_0.pdf.
Нацрт-Извештајот за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од буџетот на органите на државната управа и единците на локалната самоуправа во 2025 година, подготвен од Одделението за соработка со НВО на Генералниот секретаријат на Владата е разгледан на 12.седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (16.6.2026).

Донесен Закон за социјални претпријатија, со кој правно се препознаваат социјалните претпријатија како иновативен модел за вработување и социјална интеграција на лицата во ризик од социјална исклученост

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
не да да
 

А 1.2.2.1. Донесување на Закон за социјални претпријатија

Надлежна институција  Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за економија и труд, Агенција за вработување на РСМ
Рок на спроведување 2 квартал 2026
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

Во текот на 2025 година Министерството за социјална политика, демографија и млади работеше на усогласување на текстот на Предлог-законот за социјални претпријатија, кој има за цел да овозможи правно регулирање, воспоставување, поддршка и развој на социјалните претпријатија. На 10.02.2026 година новата верзија на предлог-законот е објавена за консултации на ЕНЕР. Предлог-законот беше доставен во владина постапка, но беше одложен од седницата на Генералниот колегиум на државни секретари (11.3.2026) на барање на предлагачат, заради усогласување со мислењата од ресорните министерства. Во тек е постапување по коментарите доставени преку  ЕНЕР и забелешките од страна на надлежните институции и тоа:  Министерството  за финансии, Министерството  за јавна административци, Министерството за европски прашања и Секретаријат  за законодавство. Истовремено, се врши  дополнување  на Проценката на влијанието на регулативата (ПВР),  согласно доставените мислење, вклучително и негативното мислење  од Министерство  за финансии по  текстот на Предлог-законот за социјални претпријатија. 

 

Следни чекори:

Дополнително усогласување на текстот на Предлог-законот со Секретаријатот за законодавство и  продолжување на постапката за разгледување и утврдување на законот од страна на Владата

 

А 1.2.2.2. Вклучување на социјалните претпријатија со правна форма на здружение или фондација во програмите за поддршка на микро, мали и средни претпријатија, вклучително и старт-ап

Надлежна институција  Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за економија и труд, Агенција за вработување на РСМ
Рок на спроведување 4 квартал 2028
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање 10.000.000 денари (како дел од планираните средства во А 1.2.1.4.)/Буџет на РСМ - Програма за развој на претприемиштвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија

 

Донесен нов Закон за донации и спонзорства во јавните дејности кој поттикнува филантропија

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
не да да

 

Воспоставен е регистар на приматели на донации и спонзорства за активности од јавен интерес

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
не да да

 

А 1.2.3.1. Донесување на нов Закон за донации и спонзорства во јавните дејности, со цел унапредување на механизмите за даночни поттикнувања на донациите и спонзорствата на конзистентен, отворен и транспарентен начин

Надлежна институција  Министерство за правда, Министерство за финансии
Рок на спроведување 2 квартал 2026
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

Во тек се  активности за подготовка на план и анализа.
Нацрт-текст на Предлог-закон за даночните поттикнувања за донации и спонзорства во активности од јавен интерес беше објавен на ЕНЕР на 15.01.2024 година, за консултации со засегнатите страни.

 

А 1.2.3.2.  Воспоставување Регистар на приматели на донации и спонзорства за активности од јавен интерес

Надлежна институција  Министерство за правда, Министерство за финансии
Рок на спроведување 4 квартал 2026
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање потенцијална донаторска поддршка

 

Донесени измени на Законот за волонтерството кои поттикнуваат граѓански ангажман и волонтерство

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
не не да

 

Воспоставен е функционален Национален совет за  развој на волонтерството

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
не не да

 

А 1.2.4.1. Измена на Законот за волонтерство со цел зголемувањае на граѓанскиот ангажман и волонтерство

Надлежна институција  Министерство за економија и труд
Рок на спроведување 2 квартал 2027
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

Нов рок за реализација на активноста:

Почетокот на активноста ќе се пролонгира за 3 квартал 2026

 

А 1.2.4.2.  Воспоставување на Национален совет за развој на волонтерството

Надлежна институција  Министерство за економија и труд
Рок на спроведување 4 квартал 2027
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

А 1.2.4.3. Организирање на промотивни активности за зголемување на волонтерството кај граѓаните

Надлежна институција  Министерство за економија и труд
Рок на спроведување 4 квартал 2028
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање 300.000 денари / Буџет на РСМ / потенцијална донаторкска поддршка

 

Нов рок за реализација на активноста:

Почетокот на активноста ќе се пролонгира за 3 квартал 2026

Мени за пристапност