Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Образование и наука

Листа на невладини организации од сектор Образование и наука

 

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Академска Регионална Асоцијација - АРА
веб:
www.ara.org.mk
е-mail:
elizabeta_ml@live.com
телефон:
070/205-908
адреса:
Бул. Видое Смилевски Бато 73/4 Скопје
ДЕЈНОСТ
Академска регионална асоцијација АРА
- Имплементација на Европски и светски стандарди во Република Македонија и регионот;
- Потикнување интеграција на малцинствата и мерки за градење доверба на сите нивоа на општеството;
- Стабилност, безбедност и просперитет како заеднички интерес на засегнатите страни и други правни
субјекти;
- Зајакнување и промоција на одржлив економски и социјален развој – децентрализација и Акциски Планови;
- Активности кои ја зголемуваат конкурентноста и продуктивната животна средина;
- Развој на човечки ресурси – стекнување на вештини потребни на пазарот на трудот;
- Обуки за едукација, доедукација, преквалификација;
- Странски јазици со акцент на Англискиот јазик;
- Mobbing на работно место;
- Организирање и спроведување на посебни обуки/вештини за лица со попреченост – Дислексија;
- Животна здрава околина - Green Zone.
СОРАБОТКА
Вмрежување со сите НВО организирано од ЦИРА, Цивика Мобилитас, Швајцарија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Како една млада НВО асоцијација, освен вмрежување со повеќе НВО асоцијации и организации, АРА се уште немала прилика да стане член на една од платформите.
застапник
Елизабета Младеновска
активни волонтери
Според проект за времетраење на проектот
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Асоцијација на Професионалци консултанти Подготвеност за Европа 2020 (РЕ2020)
веб:
www.re2020.org.mk
е-mail:
contact@re2020.org.mk
телефон:
076/496-696
адреса:
Бул. Св. Климент Охридски 24/2-1, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Подготвеност за Европа 2020 е Здружение на професионални консултанти формирано во март 2012 година со цел поддршка и јакнење на капацитетите на организациите во Македонија за остварување на целите од стратегијата Европа 2020 како и градење на меѓународна соработка.

Здружението оваа година се фокусира на дејствување на полето на двете цели насловени како: Иновации и Вработување и вештини. Дополнителна стратешка цел на која Здружението ќе го фокусира своето работење согласно можностите и ресурсите на располагање e: Клима, енергија и мобилност.
СОРАБОТКА
Metamorphosis (http://metamorphosis.org.mk/)
SWTA (http://swtalumnimk.com/)
MCAA (http://www.chevening.org/macedonia/)
ISLAA (http://islaa.mk/)
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Претседател - Викторија Саздова
активни волонтери
9
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ - Скопје
веб:
www.aspekti.mk
е-mail:
aspekti@live.com
телефон:
071/878-706
адреса:
Ул.Мајка Тереза (Водњанска) 44
ДЕЈНОСТ
ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР МК АСПЕКТИ е институт за креативен развој, едукација, советување и психотерапија. Здружението на креативни интелектуалци и студенти има за цел да обезбеди примена на принципите на креативност, превентивна заштита и делување во областа на психосоцијалната дејност на живеење (семејство, здравство, образование и воспитување, социјална и здравствена заштита, спорт, работна средина на индивидуата или групата во локалната средина и пошироко).
СОРАБОТКА
Црвен Крст на Република Македонија, МЦМС, ЦИВИКА Мобилитас, ТАКСО, ЕАГТ (Европска асоцијација за гешталт терапија), Гешталт Центар Београд, СИНТЕЗА, „Здружние на гешталт советувачи и гешталт терапевти на РМ“, Центар за управување со кризи – Скопје, МПА (Македоска асоцијација за психотерапија), Сега и Овде – Кабинет за психотерапија и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
ЕАГТ, Цивика Мобилитас.
застапник
Снежана Андреева
активни волонтери
50
вработени
/
Сектор на дејстување
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ЗДРУЖЕНИЕ НА МАТЕМАТИЧАРИ ОХРИД
веб:
http://matematikaoh.weebly.com/; http://matematikaohrid.blogspot.mk/
е-mail:
zmo.ohrid@yahoo.com
телефон:
078/496-045
адреса:
Ул. 7 Ноември бр. 58
ДЕЈНОСТ
Здружението на математичари Охрид е здружение на граѓани, наставници и професори по математика, одделенски наставници од основните и средните училишта од Охрид и Дебрца. Здружението како Друштво на математичари на општините Охрид, Струга и Кичево е основано во далечната 1978 година, а, во 1991г одина е преименувано во Здружение на математичари на општините Охрид, Струга и Кичево, додека со најновите законски измени за здруженија се пререгистрира во 2011 година во Здружение на математичари Охрид (кратенка ЗМО). Ние сме основна клетка на Сојузот на математичари на Република Македонија (СММ www.smm.com.mk ). Во здружението членуваат наставниците и професорите по математика и физика, но и секој оној граѓанин кој ќе сака да биде член е добредојден во нашите редови.
Здружението се грижи за развој на математиката, нуди подршка на сите наставници во реализацијата на наставниот процес, здружението е во состав на Сојузот на математичари на Македонија. Здружението се грижи за организирање и спроведување на Училишен (Општински) натпревар и Регионалниот натпревар по матемнатика за основно образование, како и спроведување на Меѓународниот натпревар Кенгур во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. Од 2011 година во состав на здружението е оформена секција Шаховска Школа Ласкер која се обидува да го промовира шахот во Охрид како спортска дисциплина која го помага логичкото размислување кај децата http: http://laskerohrid.weebly.com/ и http://laskerohrid.wordpress.com/. Како редовна активност на ШШ Ласкер е одржување на часови по шах два пати неделно и организирањето на отворени турнири во шах за учениците од основните училишта во Охрид.
СОРАБОТКА
Сојуз на математичари на Македонија;
Шаховска Федерација на Македонија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Сојуз на математичари на Македонија
застапник
Борис Лушески
активни волонтери
89
вработени
/

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за едукација и иновативно учење АКАДЕМИЈА ЗА РОБОТИКА И ИНОВАЦИИ
веб:
/
е-mail:
Robotics-Innovation@tech-center.com
телефон:
077 399 999
адреса:
ул.Пролет бр.31 Центар-Скопје
ДЕЈНОСТ
Да внесе иновација и претприемништво во едукативниот процес, да овозможи интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство, уметност и математика, да овозможи на деца и млади да се стекнат со вештини и знаења кои ќе допринесат за благосостојбата на општеството.
Целите на организацијата се дефинирани преку:
*Педагошки активности и иновативен пристап во учење;
*Учество во педагошки-истражувачки мрежи;
*Континуирано уредување во нови технологии;
*Постојана евалуација, организирање настани, програми и натпревари за роботика;
Развој на совет за еколошка и животна средина, промовирање на рециклирање како и правилно управување со отпадот, промовирање на обновливи извори и заштеда на енергија
СОРАБОТКА
Друштво за консалтинг, едукација и услуги МЛАДИ ИНЖЕНЕРИ- СТЕМ ЕДУКАЦИЈА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
м-р Васка Медиќ
активни волонтери
5
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за КРЕАТИВНОСТ, КОМУНИКАЦИЈА, КОЛАБОРАЦИЈА И КРИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ 4К Скопје
веб:
www.4c-4k.org
е-mail:
4c.info.mk@gmail.com
телефон:
076 462 333
адреса:
бул. Јане Сандански 69-25, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението има за задача да преземе и реализира соодветни активности за развивање и продлабочување на способностите кај децата, младите и возрасните преку организирање.

Конкретните цели и задачи се:
- Спроведување и развивање на проекти кои поттикнуваат и развиваат општествена одговорност, солидарност и хуманост кај населението;
- Спроведување и развивање на проекти, едукации, акции, семинари, кампањи и трибини кои ќе го едуцираат и поттикнат населението на здрав животен стил и здрави животни навики, а во кои ќе учествуваат експерти како едукатори и предавачи. Преку едукација на родителите и децата до основа за поздрава иднина на едно општество;
- Спроведување и развивање на проекти, акции, трибини, семинари, кампањи и предавања во областа на културата, уметноста, спортот, дизајнот, зачувување на околината и здравиот животен стил;
- Спроведување и развивање на проекти, акции, трибини, семинари, кампањи и предавања во областа на откривање и реализирање на сопствените способности преку себе познавање и себе запознавање, надминување на личните креативни ограничувања и слично;
- Проширување на активностите во издавачкиот сектор на земјата преку поттикнување и генерирање нови авторски изданија на македонски јазик, превод и адаптација на странски авторски изданија и овозможување простор за интернационална соработка со странски издаваштва преку проекти односно конзорциумски соработки;

Своите цели и задачи здружението ќе ги остварува преку:
- Обуки (национални и интернационални)
- Онлајн обуки (на македонски и странски јазици)
- Проекти финансирани од странски и домашни фондови
- Едукативна поддршка (за ученици и за возрасни)
- Организирање настани, конференции и семинари
- Летна школа и активности за млади
- Кампови
- Ревијални натпревари
- Конкурси
- Волонтерство
- Издаваштво и публикации
- Истражувања
- Курсеви
- Консултански услуги

Активности на Зружението „4К“ се групирани во неколку области:
- едукација и образование
- општествена одговорност, солидарност, филатрпија и здрав животен стил,
- култура, метност, спорт и забава.
СОРАБОТКА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
SchoolEducationGateway
застапник
Милена Игњатова
активни волонтери
20
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за гешталт тренинг, едукација, психотерапија и психодијагостика МОДИ ЦЕНТАР Скопје
веб:
е-mail:
modicentar@gmail.com
телефон:
070/611333 075/236524
адреса:
Ул.. БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ Бр. 113-19 СКОПЈЕ- КАРПОШ
ДЕЈНОСТ
Примена, превенција и третман на граѓаните во областа на живеењето - семејство, здравство, образование и воспитување, социјална и работна заштита, работна средина на индивидуата или групата во средината во која се наоѓаат. Обука, советување, подршка за личен раст и развој, развој на потенцијалите кај деца, млади и возрасни, групи за раст и развој, креативни работилници, советување, психодијагностика
СОРАБОТКА
Здружение на педагози на основни училишта на град Скопје „Современ педагог“
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
застапник
Светлана Јовевска
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје
веб:
www.disleksija.org.mk
е-mail:
info@disleksija.org.mk
телефон:
070/688-885
адреса:
Ул.Христо Татарчев 11 бр.11 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението за дислексија Ајнштајн е непрофитна организација формирана од родители на деца со дислексија и дислектичари. Во Здружението членуваат голем број на релевантни стручни лица и голем број на заинтересирани граѓани кои се здружуваат со цел подигање на свеста за дислексијата како состојба и остварување на афирмација и интеграција на сите лица со дислексија.
СОРАБОТКА
Дајте ни крилја, Здружение на логопеди, Здружение за умствен развој на деца БРАИН ГИНИС Куманово, Регионална асоцијација за преквалификација на човечки ресурси, Прво српско здружение за дислексија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Таксо
застапник
Дамјан Николовски
активни волонтери
115
вработени
3

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за едукација Ромски Центар - „РОМАНИСТАН“
веб:
/
е-mail:
rcromanistan@gmail.com
телефон:
076/475-417
адреса:
Ул.383 бр.2 Скопје
ДЕЈНОСТ
Унапредување и зајакнување на предшколскиот и школскиот воспитно образовен процес кај ромската заедница, заштита на фундаменталните основни детски и граѓански права преку градење на заеднички достоинствен соживот без предрасуди и бариери со меѓусебна почит, толеранција, разбирање и унапредување и развој на родовата еднаквост.
СОРАБОТКА
- Црвен Крст -Скопје;
- Вас со Дела;
- Сумнал;
- Прогрес;
- Даја;
- НРЦ и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Џулиета Кадри
активни волонтери
12
вработени
/

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за едукација и советување “Д-р Берат”-Скопје
веб:
www.zdb.org.mk
е-mail:
association_drberat@outlook.com
телефон:
077/772-271 и 071/945-926
адреса:
ул. Шуто Оризари бр.10, Скопје
ДЕЈНОСТ
Мисијата на здружението е социјално-хуманитарната дејност, здравствено и едукативно советување, да креира отворено и прифатено општество од сите за сите и развојни и инситуционални капацити за постигнување значителни промени во општеството. Основни цели и задачи на здружението се: создавање на капацитетно и самоодржливо општество за решавање на реални проблеми во општеството, преку креирање на квалитативни и квантитативни локални политки, давање услуги и мобилизирање на локални ресурси; соработка со бизнис секторот на заедниците и правење општествено одговорни одлуки; развивање на општествена одговорност и социјално прептриемништво во духот на добротворството и филантропијата во македонското општество; обезбедување на соживот и мултиетничко прифаќање меѓу заедниците како и интер-културна медијација и комуникација.
СОРАБОТКА
Национален Ромски Центар, Мир Скопје, Здружение на Роми правници, АДДР Сонце Тетово, Open Society Foundations, Roma Education Fund.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
World Justice Project, REF Network, Funds for NGOs, CBEES, Forum for Romani Studies, Conflict and Security Research Group (ConSec), Migration Research Group (MiRG), Political Behavior Research Group (PolBeRG) .
застапник
Давид Берат
активни волонтери
12
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за напредно современо образование Волвокс - Битола
веб:
/
е-mail:
volvoxbitola@gmail.com
телефон:
076/659-121
адреса:
ул. Димо Хаџи Димов бр.3 7000 Битола
ДЕЈНОСТ
Здружението за напредно современо образование ВОЛВОКС ќе работи на подобрување на можностите и условите за ран детски развој, иновативни проекти во основното, средното и високото образование, образование за Европската Унија, работа со надарени и талентирани деца, доживотно учење и други аспекти на образоавниот процес во Република Македонија и пошироко.
СОРАБОТКА
Биосфера, Сумнал Битола, Европска Гледна Точка.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Антонио Колонџоски
активни волонтери
14
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за неформално образование ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН ЕПИЦЕНТАР Битола
веб:
www.eke.org.mk
е-mail:
head.eke.macedonia@gmail.com
телефон:
075/211-557
адреса:
Борис Кидриќ 5/50, 7000 Битола
ДЕЈНОСТ
СОРАБОТКА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
застапник
Веле Георгиев
активни волонтери
вработени
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
веб:
www.euinstitute.eu
е-mail:
info@euinstitute.eu
телефон:
075 228 078
адреса:
ул. “9-ти Мај” бр. 42/10 О. Центар, Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСTИТУТ Скопје во рамките на својата дејност промовира истражувачки проекти во областа на меѓународно право, политика, односи и дипломатија, проекти за промовирање европски вредности, проекти за промовирање на употребата на дипломатијата во решавање на актуелните проблеми, како и други најразлични образовно истражувачки проекти, а преку организирање на најразлични работилници, семинари, конгреси, трибини, анкети, организирање на образовно-едукативни настани, подигнување на нивото на дигитална комуникациска писменост преку дигитални канали и алатки, подигнување на општа комуникациска писменост на насление преку имплементирање на комуникациски вештини, невербална и вербална комуникација, имплементирање на финансиска писменост на население преку мудро управување со лични финансии и инвестициски фондови, деловен бон-тон, електронска-писмена комуникација, менаџирање, обуки за техники и развивање вештини за директна продажба итн.
Мотивацијата за основање на здружението е да помогнеме на граѓанскиот сектор да ги спознае сопствените потенцијали, да ја спознае својата самодоверба, мотивација и да излезе од својата зона на комфор од своите ментални препреки и ограничувања кои го спречуваат обичниот човек да биде поуспешен. Нашата тенденција е да бидеме позитивно влијателни при тоа постигнувајќи поголеми резултати во работата и животот.
Мисија на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е поттикнување на граѓански активизам и можност за личен раст и социјален развој.
СОРАБОТКА
Визија на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е да ги сплоти младите и возрасните преку личен раст и развој да придонесат во креирање на подобро општество.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Црвен Крст на РСМ
застапник
Верица Пандилоска Гичева
активни волонтери
10
вработени
5
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за поддршка на семејства, поединци и групи СРЕЌЕН ЖИВОТ - Тетово
веб:
https://srekenzivot.wixsite.com/srekenzivot
е-mail:
sreken_zivot@yahoo.co.uk
телефон:
075 357 227
адреса:
Ул:„Маршал Тито“бр.168/14 Тетово
ДЕЈНОСТ
Здружението Срекен Живот од Тетово работи на промовирање на граѓанското општество и локалните заедници, спроведува активности за промовирање на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи. и економски развој на територијата на Република Северна Македонија. Здружението работи на подобрување на вештините на младите и ги подготвува младите за пазарот на трудот, организира и спроведува семинари и работилници за наставници и студенти, развива едукативни програми, организира студиски патувања и други активности од областа на образованието, граѓанското општество, човековите права.
Здружението е активно вклучено во проекти за стручно образование. Во последните 7 години, здружението развива едукативни програми за наставници кои работат во мултикултурна средина.
Главните области на делување се образованието, човековите права, мултиетничкиот дијалог и граѓанското општество (вмрежување).
СОРАБОТКА
-Здружение Златна Рака - Тетово
-Женски Форум - Тетово
-Институт за развој на заедниците –ИРЗ-Тетово
- Занаетчиска комора - Скопје
- Хрватската занаетчиска комора - Загреб
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
-Женска Граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје
застапник
Бранка Марковиќ
активни волонтери
7
вработени
2
Образование и наука
Здружение за поттикнување и подготовка на младите за успех во глобалната еконимија ЏУНИОР АЧИВМЕНТ МАКЕДОНИЈА Скопје
https://jamacedonia.mk/web/
info@jamacedonia.mk
+389 71 335 428
Ул. Душан Тасковиќ бр.17, Скопје
спроведување на програми за претприемничко образование, финансиска писменост и подготвеност за работа на средношколци. Во центарот на дејноста се наоѓа програмата за Ученички компании, која ги поттикнува средношколците да работат на развивање на бизнис идеја за време на учебната година и на практичен начин да се здобијат со знаења, вештини и компетенции како што се креативност, самодоверба, преземање иницијатива и одговорност, тимска работа.
• Национален Младински Совет на Македонија
• РЕЦ – Здружение центар за ресурси во животната средина
• Македонска развојна фондација за претпријатија
• Рурална коалиција
• ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери
• Институт за одржливост- ЕКОС
• Конект
• ЦеПроСард
• АРНО
• Биди Зелен (Go Green)
• Членка на Национален Младински Совет на Македонија
• Climate Bridges Network
Љупка Панчевска
7
5
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за развој на ромската заедница СУМНАЛ
веб:
www.sumnal.mk
е-mail:
sumnalb@yahoo.com
телефон:
02/2611-219
адреса:
ул. Максут Садик бб Скопје
ДЕЈНОСТ
– Придонес за развој на образованието на Ромите со акцент на децата и младите;
– Подобрување на социјалниот статус на Ромите во општеството;
– Креирање подобра економска средина за вработување на младите Роми;
– Активно учество на Ромите во општествените процеси;
– Придонес во градење, развој и зајакнување на мултиетничката средина во Македонија и дијалог преку промоција на материјалната и духовната култура на Ромите кои живеат во Македонија.
СОРАБОТКА
РРЦ - Ромски ресурсен центар - Скопје, Биосфера - Битола, ХЕРА - Скопје, ИНСОК - Скопје, ИРЗ - Тетово, Сонце - Тетово, Отворена порта - Скопје, СОС Детско село - Скопје
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Во однос на областите во кои делува, Сумнал е членка на национални и интернационални мрежи на невладини организации.
МППС – МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА, која е дел од Европската платформа против сиромаштија. Во Платформата членуваат повеќе од 40 организации од цела Македонија. Сумнал работи со ромско население, па затоа членувањето во оваа мрежа овозможува Сумнал да биде дел од маршови и Кампањи за борбата за намалување на сиромаштијата во нашата земја. Исто така, членките на Платформата изработија Декларација со приоритети околу покачување на минималната плата во Македонија, да се намали невработеноста, итн, која беше доставена до Министерството за труд и социјална политика. Платформата врши истражувања и мапирање на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија.
www.mpps.org

НАЦИОНАЛНА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНАТА И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО – Преку членување во оваа мрежа, Сумнал организира превентивно едукативни работилници кои ги држи социјален работник и психолог, сѐ со цел заштита и превенција од семејно насилство врз жената Ромка или насилство во ромското семејство. Сумнал поддржува и учествува на кампањи и настани кои се организираат за борба против сите облици на семејно насилство и членови на Сумнал директно учествуваат во активностите. Во мрежата членуваат повеќе од 20 организации од цела Македонија.
www.glasprotivnasilstvo.org
СРОВ – СОЈУЗ ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ – Сумнал поддржува и учествува во активности кои се однесуваат на население кое нема довршено и дооформено редовно формално образование.
http://srov.irz.org.mk/
YEN – YOUTH OF EUROPEAN NACIONALITIES – ЕВРОПСКА МРЕЖА НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ПРЕТСТАВУВААТ МАЛЦИНСТВА ВО НИВНИТЕ ЗЕМЈИ. Мрежата овозможува состаноци и семинари во различни земји од Европа и членувањето овозможува разменување на искуства и практики од разни земји и начин да се дознае како едно малцинство живее во одредена земја.
www.yeni.org
FERYP – FORUM OF EUROPEAN YOUNG PEOPLE – ФОРУМ НА МЛАДИ РОМИ ОД ЕВРОПА, Мрежата е поддржана од Советот на Европа и организира тренинзи и состаноци за членките на мрежата во разни земји од Европа. Членките подготвуваат и заеднички проекти и активности кои се однесуваат на Ромите и нивните права воопшто, во кои учествуваат членките од сите земји учеснички.
www.feryp.org
RVN – ROMA VIRTUAL NETWORK – РОМСКА ВИРТУЕЛНА МРЕЖА – Сумнал е членка и на Ромската Виртуелна мрежа (RVN) е иницијатива и има за цел да обезбеди меѓународни искуства за ромската заедница и пријателски не - ромски организации и поединци со корисни информации за ромски прашања во различни јазици преку интернет.
www.romavirtualnetwork.org
EAEA-EUROPEAN ASSOCIATION FOR THE EDUCATION OF ADULTS – ЕВРОПСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ
Европската асоцијација за образование на возрасни (EAEA) е гласот на неформалното образование на возрасни во Европа.
EAEA е транснационална, непрофитна асоцијација, чија цел е да ги поврзе европските организации кои се директно вклучени во образованието за возрасни. Нејзината примарна цел е поврзување на невладините организации чија основна цел е едукација на возрасните. EAEA исто така, работи на координирање тела за учење на возрасни. Првично е позната како Европско биро за образование на возрасни. http://www.eaea.org
застапник
Фатма Бајрам Аземовска
активни волонтери
25
вработени
6
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ Скопје
веб:
www.educationforall.org.mk
е-mail:
contact@educationforall.org.mk
телефон:
078/282-433
адреса:
Бул. „Кочо Рацин“ 14/6-2, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Мисијата на Здружението е унапредување на образованието, културата и спортот преку промовирање и имплементација на концептот за еднаков пристап до образованието, културата и спортот за сите граѓани на Република Македонија.
Дејности кои ќе ги обавува Здружението се:
- 85.59 Друго образование, неспомнато на друго место
- 82.30 Организација на состаноци и деловни саеми
- 72.20 Истражувања и експериментален развој во општествените и хуманитарните науки
- 58.11 Издавање на книги
- 58.14 Издавање на списанија и периодични публикации
- 58.19 Други издавачки дејности
Приоритетна дејност на Здружението е:
- 94.99 Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место
СОРАБОТКА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
International Society on Early Intervention

The European Association on Early Childhood Intervention (EurlyAid)
застапник
Розита Петринска-Лабудовиќ
активни волонтери
20
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на Роми „АВЕНА“
веб:
/
е-mail:
avenakocani@yahoo.com
телефон:
075/889-680, 078/359-740
адреса:
Стамен Манов бр.34 Кочани
ДЕЈНОСТ
Здружението на Роми „АВЕНА“ - Кочани е ромска невладина и непрофитна организација запишана во регистарот на здруженија и фондации во Основен суд Кочани со Решение бр. 13/2005 од 27.09.2005 год.
ВИЗИЈА- Интеграција и демократски права на Ромите.
МИСИЈА - Подобрување на образованието и меѓуетничките односи на Ромите во Р. Македонија.
Сектори на дејствување - образованиe, домување, вработување…
СОРАБОТКА
Балканската унија на Роми, Едром-Турција, Лидер –Бугарија, У.К.Н, АРТ-СЕФ Босна и Херцеговина, РРЦ - Ромски ресурсен центар - Скопје, Биосфера - Битола, ХЕРА - Скопје, ИНСОК - Скопје, ИРЗ - Тетово, Сонце – Тетово,НРЦ –Куманово, ДАЈА –Куманово, ДРОМ –КУманово ЗГ, Черења –Штип, Здружение Теро вас - Берово, КХАМ –Делчево, Хуманитарна орг. на младите Роми Штип, Здружение за правата на Ромите – Штип, Здружението РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево, МДЦ-Ти.Нет - Скопје, Хелсиншки кoмитет – Скопје, Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ)-Скопје, З.Р ДИВЕЦ – Виница, ФОРУМ НА МЛАДИ РОМИ ОД ЕВРОПА - Скопје и многу други организации.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
МППС – МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА која е дел од Европската платформа против сиромаштија. Во Платформата членуваат повеќе од 40 организации од цела Македонија.
FERYP – FORUM OF EUROPEAN YOUNG PEOPLE – ФОРУМ НА МЛАДИ РОМИ ОД ЕВРОПА, Мрежата е поддржана од Советот на Европа и организира тренинзи и состаноци за членките на мрежата во разни земји од Европа. Членките подготвуваат и заеднички проекти и активности кои се однесуваат на Ромите и нивните права воопшто, во кои учествуваат членките од сите земји учеснички.
застапник
Драганчо Георгиев
активни волонтери
20 членови и 5 активни волонтери
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани Иднината е Сега
веб:
https://interactivefuture.net/
е-mail:
dimitrijaa@yahoo.com
телефон:
071826952
адреса:
Јован Планински 10, Кавадарци
ДЕЈНОСТ
Дејноста на здружението е примена на новите иновации за подобро образование и наука. Заштита на животна средина и искористување на обновливите извори за енергетска независност.
СОРАБОТКА
Еко-Живот Кавадарци, Еко-Вита Неготино
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Проф. Др Димитрија Ангелков
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на економисти, статистичари и економетричари СИГМА СТАТ Скопје
веб:
www.sigmastat.org
е-mail:
info@sigmastat.org
телефон:
076 448 153
адреса:
ул. 20 бр.112 Скопје-Сарај
ДЕЈНОСТ
СИГМА СТАТ е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување заради остварување и заштита на своите интереси и уверувања во насока на унапредување граѓанското општество и социо-економски развој. Мисијата на СИГМА СТАТ е зголемување на општествено-економскиот и социјален развој, преку подобрување на квалитетот на човечкиот капитал, додека пак основна цел на СИГМА СТАТ е подигнување на нивото на образование и зголемување на квалитетот, потенцијалот и конкурентноста на работната сила, во насока на унапредување на економскиот раст и развој.
СОРАБОТКА
СИГМА СТАТ има воспоставено соработка за спроведување на проекти и проектни активности со неколку граѓански организации во земјава и странство.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
СИГМА СТАТ не членува во мрежи и платформи
застапник
Мартин Новески
активни волонтери
13
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на наставници Лингва Арт Велес
веб:
https://www.facebook.com/profile.php?id=61569696833638
е-mail:
linguaartmkd@gmail.com
телефон:
071336262
адреса:
Благој Ѓорев 40, Велес
ДЕЈНОСТ
Организирање на меѓународна олимпијада по англиски јазик КГЛ Олимпијада;
Организација на различни олимпијади, меѓународни, регионални, државни, општински натпревари од сите наставни предмети во сите нивоа на образовниот процес како во предучилишна возраст, основно, средно и високото образование
Обезбедување просторија за непречено одвивање на активностите;
Лобирање кај надлежните институции за промоција на здружението;
Зголемување на бројот на членовите, преку анимирање на успешните академски граѓани и експерти од областа на образованието и сродните образовни истражувања;
Барање донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
Медиумски настапи за зголемување на видливоста на институтот/здружението;
Соработка со слични образовни организации од земјава и од странство;
Реализација на маркетинг образовни истражувања, потребни обуки и сл.;
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Благица Аризанова Шопов
активни волонтери
4
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на педагози и психолози Велес
веб:
/
е-mail:
asenprlickov@yahoo.com
телефон:
076/278-178
адреса:
Максим Горки - 37
ДЕЈНОСТ
Консултативна работа со ученици, родители, наставници и едукација на наставниот кадар за подобрување на квалитетот на наставата.
СОРАБОТКА
УСАИД, УНДП, амбасади, Светска банка, Совет на Европа.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
ТАСЦО
застапник
м-р Асен Прличков
активни волонтери
21
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на просветни работници Велес
веб:
/
е-mail:
asenprlickov@yahoo.com
телефон:
076/278-178
адреса:
Максим Горки - 37
ДЕЈНОСТ
Консултативна работа со ученици, родители, наставници и едукација на наставниот кадар за подобрување на квалитетот на наставата.
СОРАБОТКА
УСАИД, УНДП, амбасади, Светска банка, Совет на Европа.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
ТАСЦО
застапник
м-р Асен Прличков
активни волонтери
42
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на просветни работници на Град Скопје
веб:
/
е-mail:
zdruzenieprosvetnirabotnici@gmail.com
телефон:
076/242-774; 076/202-119
адреса:
ул. “165”бр.19А, Центар - Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението на просветни работници на град Скопје е доброволна, неполитичка општествена организација и легитимен претставник на просветните работници на град Скопје кои се негови членови. Конституирано е на 28.12.2000 година со Одлука на Сојузот на просветните работници на РМ, донесена на 01.11.2000 година, а со Решение З.Г.бр. 120/1 од 23.07.2001 год. е регистрирано во Основниот суд Скопје I Скопје. Работата и активностите на здружението се однесуваат на обединување на општественото и професионалното работење и делување на просветните работници и нивните организациони облици во градот Скопје, унапредување на воспитно – образовната дејност во сите облици, соработка со исти или слични организации од другите градови низ државата, организирање на ученички натпревари, организирање на манифестации, трибини, семинари, конгреси и други соработки со воспитно – образовна тематика.
Здружението активно соработува со сите воспитно - образовни установи на територијата на Град Скопје, со разни наставнички здруженија и асоцијации, универзитети, БРО, СОНК, МОН, локалната самоуправа и др.
СОРАБОТКА
Сојуз на просветни работници на РСМ
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Здружението е регистрирано во European Commission Participant Register
застапник
Катерина Митковска
активни волонтери
26
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Институт за наука, алтернатива, култура и уметност
веб:
www.inaku.mk
е-mail:
feniksmk@hotmail.com
телефон:
(02)3132650
адреса:
ул. Борка Талески бр. 48, Скопје
ДЕЈНОСТ
Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност - Скопје организира предавања, научни собири и работилници поврзани со воспитувањето, образованието и науката. Два главни проекти се: Лицата со посебни потреби и Литература за деца и млади.
СОРАБОТКА
Македонија презент
Интеракција плус
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
застапник
проф. д-р Христо Петрески
активни волонтери
над 50
вработени
5
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Институт за промовирање наука - Илина
веб:
institutilina.org
е-mail:
institut.ilina2012@hotmail.com
телефон:
079 265 240
адреса:
Теодосиј Гологанов бр.44, Скопје
ДЕЈНОСТ
Граѓаните се здружени во Здружението на граѓани Институт за промовирање наука „Илина“ од Скопје заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:
- Реактуелизација на идејата за развој на науката и постојаното подигањен на свеста и одговорноста на македонското општество за значењето на науката, научните сознанија и истражувања.
- Ширење, динамизирање, поттикнување и јавно огласување за неопходноста од афирмација, развој и вложување во науката, научните проекти и примена на научни резултати во сите делови на општеството и животот.

Мисија на Институтот

Базична цел
Реактуализација на идејата за развој на науката и постојано подигање на свеста и одговорноста на македонското општество за значењето на науката, научните сознанија и истражувања.

Причини за постоење
Ширење, динамизирање, поттикнување на идејата и јавно огласување за неопходноста од афирмација, развој и вложување во науката, научните проекти и примена на научни резултати во сите делови на општеството и животот.

Интерес
Темелен интерес на Институтот е иницирање, организирање, реализирање и вреднување научни дебати за науката и научниот систем во целина.

Посебности
Ретки се или воопшто не се мобилни здруженија на граѓани кои во фокусот на својата работа го имаат промовирањето на науката, научните стандарди и резултати.
СОРАБОТКА
ПСМ (Yes) Фондација – еден тендерски добиен проект
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Марко Андревски
активни волонтери
20
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
МАКС – Македонска Асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици
веб:
www.maqs.org
е-mail:
letikom@unet.com.mk
телефон:
070/226-690
адреса:
Ул. Народен Фронт бр.5/2/5 Скопје
ДЕЈНОСТ
Квалитет во услугите при обуки за странски јазици.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Претседател - Лидија Таскова Попова
активни волонтери
11
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Македонско Монтесори Здружение
веб:
www.montessori-macedonia.org
е-mail:
montessori.macedonia@yahoo.com
телефон:
077/577-491
адреса:
Крсто Асенов ½-14 Скопје
ДЕЈНОСТ
Унапредување на воспитувањето и образованието на децата и младите со и без посебни потреби.
СОРАБОТКА
Во мојот свет,
Друштво за социјална инклузија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
/
активни волонтери
10
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ПАУЕР ВЈУ Интернационал Скопје
веб:
www.power-view.org
е-mail:
info@power-view.org
телефон:
O75/398-061
адреса:
Борка Талески бр. 11/4
ДЕЈНОСТ
Интернационално здружение за развој на енергетски постројки
СОРАБОТКА
Со слични организации во земјата и странство
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Facebook, LinkedIn
застапник
Филип Ржаров
активни волонтери
10
вработени
6
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Ромски културен и едукативен центар „Тернипе МК“ Делчево
веб:
www.ternipe.org.mk
е-mail:
ternipemk@yahoo.com
телефон:
078/428-562
адреса:
Илинденска бр.2, 2320 Делчево
ДЕЈНОСТ
РКЕЦ „ТЕРНИПЕ МК“ Делчево е формирано со слободно здружување на граѓаните на 01.11.2007 година и брои 95 члена.
Цели и задчи на здружението се: поттикнување и унапредување на образованието кај младите од регионот; едукативна работа со возрасни, млади и деца; организирње на различни активности за зачувување на културата, традицијата, уметноста, фолклорот и јазикот на секој етникум; промоција и заштита на човековите права, женските права и правата на детето во склоп на Универзалната декларација за човекови права; подобрување на социо - економската положба; развој и унапредување на демократското и граѓанското општество; заштита и унапредување на културното и традиционалното наследство на секој етникум (обичаи, култура, јазик, национални обележја итн.); заштита и унапредување на животната средина; проширување на организацијата со свои ограноци во други општини и обезбедување на стручна помош за истите; соработка со НВОи од земјата и странство, владините институции и локалната самоуправа; обука на членството за работа со НВО секторот, организирање и посета на семинари, тренинзи и обуки од секаков вид; организирање на културни манифестации.
СОРАБОТКА
РЕФ Будимпешта, ИнСок - Скопје, МЦМС - Скопје, ЗКУД „Гоце Делчев“ Делчево, РЦЗ Делчево, Здружение Терно вас - Берово, Здружение Дајакере чаве - Пехчево, Баирска светлина - Битола, РМЦ - Виница и други.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Ермина Реџепова
активни волонтери
9
вработени
по проект 7
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Ромско хуманитарно здружение на жени „КНАМ“.
веб:
/
е-mail:
kham@t-home.mk
телефон:
071/208-593
адреса:
ул. Доне Божинов бр. 56, Куманово
ДЕЈНОСТ
Ромско Хуманитарно Здружение на Жени КХАМ е формирано во 1999 година Здружението работи на поле на образованието и влијае на интеграција и подобрување на образованието кај Ромската популација во соработка со институциите на системот.
СОРАБОТКА
Дендо Вас, Цси Наде, Х.Е.Р.А. и НРЦ.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Дендо Вас и Цси Наде.
застапник
Демировски Мибера
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Светска академија за карпеста уметност
веб:
/
е-mail:
dual744@gmail.com
телефон:
070 /527-745
адреса:
ул. Питу Гули бр.13 - А
ДЕЈНОСТ
Организирање на музејска и образовна дејност од областа на карпестата уметност и палеолингвистиката, организација на љубилеи, конгреси, семинари и симпозиуми од споменатата област, како и издавачка дејност.
СОРАБОТКА
Светски македонски конгрес, Светската федерација за карпеста уметност и други.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
активни волонтери
6
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Сојуз за грижи и вопитување на децата на Македонија Скопје
веб:
/
е-mail:
sojuz_makedonija@yahoo.com
телефон:
078 373 801
адреса:
Вељко Влаховиќ бр.10/1, Центар Скопје
ДЕЈНОСТ
Спроведва едукативни работилници за деца, доставвувањена конвенцијата за правата на детето, во текот на Детска недела до сите основни училишта, едукација во врска со правата на детето кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето, конкурси од литературната област, Стекнување вештини за глума преку детски алтеранативен театар идр.
Оргнизациониот облик од тековнста состојба е10.1-социјално хуманитарн здружение, додеката како приоритетна дејност се води шифрата 55.20 – бидејќи главните приходи доаѓаат од престој на децата во одморалиште каде се спроведуваат голем дел од проектите на сојузот
СОРАБОТКА
-Совет на родители на деца и лица сои церебрална парализа ЗЛАТНИ АНГЕЛИ Скопје
-Здружение за екологија, едукација, претприемништво, спорт и култура КРАФТКОНЕКТ-ДУБИЦА –Скопје
-Здружение совет за грижи и воспитување на децата на град Скопје - Скоје
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Сашо Јанчиќ
активни волонтери
300
вработени
2

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Сојуз на истражувачи на Македонија
веб:
www.sim.org.mk
е-mail:
sojuz.na.istrazuvaci@gmail.com
телефон:
адреса:
Париска 12/8 Скопје
ДЕЈНОСТ
Промоција на истражување и наука преку организација на научни и стручни конференции, професионална обука, организирање на школи за ученици и студенти, издавање на книги и научни списанија, учества во разни проекти од областа на образованието и науката.
СОРАБОТКА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
застапник
Билјана Јолевска-Тунеска
активни волонтери
15
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Сојуз на математичари на Македонија (СММ)
веб:
www.smm.com.mk; www.smm.org.mk
е-mail:
sojuz.na.matematicari@gmail.com
телефон:
076/220-414
адреса:
бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Организирање на натпревари на општинско, регионално, државно и меѓународно ниво. Негување и развој на млади математичари преку организирање на математички кампови и непрекинати математички школи за воншколска математика. Организирање на КОНГРЕСИ, СИМПОЗИУМИ, СЕМИНАРИ од сите области на математиката и на сите нивоа.
СОРАБОТКА
DARYN (Kazahstan), IMO (International Mathematical olympiad), Сојуз на математиците на Булгарија, Друштво математичара Србије, Helenic mathematical society, TUBITAK(Turcija).
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
MASSEE, АМС(Amercan mathematical society), Balkanski matematicki olipijadi, EMS(Eurpoean mathematical society) и други.
застапник
Алекса Малчески
активни волонтери
350 (од кои 163 се членови на СММ)
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија
веб:
www.stepbystep.org.mk
е-mail:
info@stepbystep.org.mk
телефон:
02/3077-900
адреса:
Бул. Партизански одреди бр.72а, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор" - Македонија го поддржува развојот на отвореното општество реализирајќи активности во областа на образованието, уметноста, културата, издаваштвото, како и човековите (детските) права. Фондацијата „Чекор по чекор'' спроведува програми во градинките, основните училишта и другите образовни и културни институции, поддржува иновативни пристапи и на разни начини се стреми да ги зголеми можностите за образование на децата и да им помогне да го остварат својот целосен потенцијал.
Фондацијата „Чекор по чекор'' – Македонија е основана како невладина организација со цел да се продолжи со активностите на регионалната образовна програма „Чекор по чекор'', која започна да се реализира во 1994 година од страна на Институтот отворено општество од Њујорк и Универзитетот „Џорџтаун'' од Вашингтон. Целите на оваа образовно - реформска програма се зајакнување на демократските принципи кај децата, вклучување на семејството и заедницата, унапредување на педагошките вештини на воспитно - наставниот кадар и создавање на стимулативна средина за учење. Во последните 20 години, „Чекор по чекор“ соработува со меѓународни и локални организации, институции и останати партнери со цел да се создадат еднакви можности за квалитетно образование за сите деца во Република Македонија.
СОРАБОТКА
Фондацијата „Чекор по чекор“ воспоставува партнерски односи со владините институции, локалните власти, локалните и меѓународните организации, институциите одговорни за образување на иден наставен кадар, училиштата и градинките. Дел од граѓанските организации со кои Фондацијата соработува се: Македонски центар за граѓанско образование, Центар за социјални иницијативи „Надеж“, Центар за образовна поддршка на Роми „Дендо Вас“, НВО Амбрела итн.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Фондацијата „Чекор по чекор'' – Македонија е дел од Интернационалната асоцијација „Чекор по чекор" (http://www.issa.nl).
застапник
Сузана Киранџиска
активни волонтери
/
вработени
13
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ХАЕМУС – центар за научно истражување и промоција на културата
веб:
http://haemus.org.mk
е-mail:
contact@haemus.org.mk
телефон:
078 432 861
адреса:
бул. Јане Сандански бр.109, Скопје
ДЕЈНОСТ
ХАЕМУС е центар за научно истражување и промоција на културата чијашто главна мисијата е научно истражување, едукација, популаризација, менаџмент и промоција на културата и културното наследство на Балканскиот Полуостров како заедничка придобивка од минатото. Визијата на ХАЕМУС е собирање и обработка на научни информации за културата и културното наследство на Балканот и нивно бесплатно споделување преку мотото на УНЕСКО за слободни образовни ресурси.
СОРАБОТКА
- Македонида, Скопје;
- Транзен, Струмица;
- Пегасус - ЕДУ, Битола;
- Метаморфозис, Скопје;
- АЛДА, Скопје;
- Урсус Спелеус, Скопје;
- ИКОМ, Македонија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Алијанса за Отворени Образовни Ресурси на Република Македонија, European Association of Archaeologist, EXARC - Archaeological open-air museums, experimental archaeology, ancient technology and interpretation.
застапник
Василка Димитровска
активни волонтери
15
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ЦИСВ - Македонија
веб:
www.cisv.org
е-mail:
cisvmacedonia@yahoo.com
телефон:
078/448-093
адреса:
Пајак Планина 12, Велес
ДЕЈНОСТ
Неформално образование на деца од 11 до 18 годишна возраст преку присуство на истите на летни кампови ширум светот и воедно претставување на нашата култура и обичаи.
СОРАБОТКА
УНЕСКО и Советот на Европа
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Јорданова Богданка - Претседател
активни волонтери
50
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Центар за Едукација и Иновативно Учење – СТЕМ Лаб
веб:
www.stemlab.org.mk
е-mail:
info@stemlab.org.mk
телефон:
071 668068
адреса:
Илинденска, Бр.6/Кул.1-Лок.6 – 1200, Тетово
ДЕЈНОСТ
Центарот за Едукација и Иновативно Учење – СТЕМ Лаб е фокусирана на образовните методологии на 21 век. Младите се обучуваат за постигнување на SDG и се подготвуваат за да се соочат со предизвиците на иднината што се појавуваат на глобално ниво.
СОРАБОТКА
ADEC
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
www.stempd.net, www.stem.org
застапник
Бесмал Мемеди
активни волонтери
10
вработени
0
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Образование и наука
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Центар за одржливост и напредна едукација
веб:
е-mail:
info@csae.mk
телефон:
070 700 237
адреса:
Арон Ароести 17
ДЕЈНОСТ
Граѓаните се здружени во Центарот за одржливост и напредна едукација заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се :
Напредна, отворена и практична едукација за одржливиот развој, енергетска ефикасност, органско производство, социјална слобода и еднаквост и секоја позитивна прогресивна гранка која го штити интегритетот и слободата на единката во исто време штитејќи го и светот околу него Отворена едукација и промовирање на слободен пристап до обуки, информации, неформално образование Промовирање на концептот за одржлив развој како концепт кој подеднакво се грижи за социјалната правда, животната средина и ненасилното живеење Практично залагање за енергетска ефикасност
Грижа за амбиентот преку заштита на животната средина и поттикнување на органско земјоделие Поддршка на развој на независни алтернативни медиуми кои емитираат навремени и независни информации
Развој на демократските процеси до степен кога секој има слобода и можност во истиот момент да одлучува за својата иднина без да го наруши исполнувањето на потребите на другите Градење на мирот преку промовирање на ненасилна асертивна комуникација и разрешување на конфликтите преку консензус
Работа на разни активноста со партиципативни методи - развој преку учество на заедниците
СОРАБОТКА
Импакт Фондација
Здружение за одржлив развој „ПЕЛИСТЕР“
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Мрежа за рурален развој на Република Северна Македонија
застапник
Гордана Мишевска
активни волонтери
4
вработени
1

Мени за пристапност