Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Економски развој

Листа од неваладини организации од сектор за економски развој

 

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Асоцијација за менаџмент консалтинг МКА 2000
веб:
http://mca-2000.org.mk/
е-mail:
mca2000info@gmail.com
телефон:
070 233 867
адреса:
ул.Никола Вапцаров бр. 2/5 Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението ги опфаќа професионалните менаџмент консултанти на ниво на цела Република и се грижи за нивен развој и поголем допринос кон развојот на економијата и поефикасна и ефективно управување во администрацијата.
Здружението е акредитирано од страна на глобална институција за издавање на сертификати за сертифициран менаџмент консултант CMC - Certified management Consultant. Здружението е активно и во делот на развојна евалуација, промоција на развој на евалуациска култура, градење на компетенции и професионализација на евалуацијата. Дел е од повеќе меѓународните мрежи на евалуатори а во Републиката функционира како ММЕ - Македонска мрежа на евалуатори.
СОРАБОТКА
- МРФП – Македонска развојна фондација за претпријатијата;
- ЦУП, Центар за управување со промени;
- Business Consultants Council Kosovo bcc-ks.org.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- Член на ICMCI https://www.cmc-global.org/
- Western Balkan evaluation Network
- NESE https://europeanevaluation.org/nese/about-nese/
- IOCE https://ioce.net/
застапник
Влатко Данилов
активни волонтери
15
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ
веб:
www.mamei.mk
е-mail:
Info.mamei@gmail.com
телефон:
071/277-047
адреса:
Ул. Партениј Зографски 38, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ е кластерска организација која ги обединува компаниите од металната и електро индустрија со цел постигнување нивни раст и развој преку заеднички активности како: обука и преквалификација на млади и невработени лица и нивно вработување, заедничко настапување на бизнис настани и поттикнување и зголемување на меѓусебната соработка. МАМЕИ е формирана во 2014 година и делува на тетиторијата на целата земја, притоа соработувајќи со голем број на образовни институции, државни агенции и меѓународни организации.
СОРАБОТКА
Фондација Преда Плус, Центар за управување со промени, Finance Think, ПСМ Фондација и други
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Национална асоцијација на кластерски здруженија
застапник
Гоце Пешев- Извршен директор
активни волонтери
3
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение Конект Скопје
веб:
www.konekt.org.mk
е-mail:
телефон:
02/ 3 224 198
адреса:
Ул. „Владимир Полежиновски“ 19-1/6, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Oпштествена одговорност на претпријатија (ООП);Филантропија; Социјална економија; Волонтерство; Одржлив развој.
СОРАБОТКА
Конект соработува со широк круг на граѓански организации и е Секретаријат на Мрежа на ГО за финансиска одржливот со над 70 членки.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Основач и Секретаријат на мража за финансиска одржливост на ГО
Член на локална советодавна група на TACSO
Основач на Клубот на одговорни бизниси
Секретаријат на Македонската мрежа на Глобалниот договор
Член на Национално координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата
Член на Американска стопанска комора
Контакт центар на Регионалната мрежа за ООП на мали бизниси во Централна, Јужна и Источна Европа формирана од УНИДО
застапник
Никица Кусиникова, Извршна директорка
активни волонтери
1
вработени
4
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение Совет за локален економски развој ДЕЛФИ - Тетово
веб:
/
е-mail:
led.delphy@gmail.com
телефон:
+389 70 260 144
адреса:
Ул.„116“ бр.12 Тетово.
ДЕЈНОСТ
1. Eкономски развој и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните
2. Добро владеење, партиципација и политики насочени од и кон луѓето
3. Вкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики
4. Вкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики
5. Промовирање на вредности и принципи, спроведување на приоритети на организацијата на Обединети Нации за Образование, Наука и Култура (УНЕСКО)
6. Одржлив локален и рурален развој
7. Поддржан евроинтеграциски процес и зајакната регионална соработка
8. Развој на рурален туризам, еколошки туризам и земјоделие
9. Заштита на животна средина и одржлив развој
10. Давање на примарна бесплатна правна помош
11. Хуманитарна помош и поддршка на граѓани, организации и институции во случај на пандемија, несреќи од секаков вид, елементарна непогода или катастрофа
12. Научно истражувачка дејност и поврзани активности
13. Да организира манифестации и јавни дебати за промоција и активно вклучување на прашањето на локалниот економски развој во главните општествени текови
14 Да организира и учествува на семинари и советувања на кои се разгледува прашањето на локалниот економски развој
15. Да предлага мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа на локалниот економски развој, како и да учествува во следење на нејзината имплементација
16. Да организира и спроведува обуки за развој на капацитетите
17. Да соработува, да се поврзува и да се зачленува во други домашни и меѓународни организации кои работат на иста или слична проблематика
18. Да обезбедува материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението и неговите членови
19. Други активности.

СОРАБОТКА
Институт за развој на Заедницата Тетово.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Ана Димитриевска
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на бизнис жени
веб:
www.abw.mk
е-mail:
info@abw.mk
телефон:
070/353-835
адреса:
ул. Васил Ѓоргов бр. 11 Скопје
ДЕЈНОСТ
- Поддршка на политиката за промоција на женското претприемништво;
- Поддршка на политиката за промоција на женското претприемништво, со цел постигнување ефикасен стратешки развој на женското претприемништво;
- Обуки за женското претприемништво;
- Финансирање на женското претприемништво;
- Промовирање на интересите на женското претприемништво;
- Воспоставување врски со слични здруженија во странство;
- Менторирање и менторски програми;
- Давање поддршка на профитабилни, креативни и специјализирани проекти на своите членки;
- Да им помогне во промовирање на нивните бизнис интереси;
- Да организира база на податоци за бизнис жените и информирање на едно место;
- Преку мрежата на женски организации да помогне во вклучување во проекти и кредитни линии како во државните, така и во европските и меѓународните специјализирани програми, организации и институции;
- Да покрене организирање на обуки за одредени аспекти за покренување и за водење на бизнис;
- Да покрене основање на специјализирани центри или одделенија кои би давале информации, консултантски и едукативни услуги;
- Да овозможи вклучување на меѓународните бази на податоци;
- Да овозможи добивање на нови знаења и технологии;
- Да обезбеди поддршка на профитабилни, креативни и специјализирани проекти на своите членови.
СОРАБОТКА
Фондација за менаџмент и индустриско истражување;
Транспарентност интернационал;
Бизнис конфедерација на Македонија;
Мрежа на ментори на Македонија;
Здружение на жени менаџери Елит;
Федерација на фармери;
Волонтерски центар;
Организација за Човечки ресурси;
Арти крафт;
Комора на занаетчии;
Сојуз на стопански комори;
Стопанска комора;
Уникум Кос – Куманово;
И многу други.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Платформа за јакнење на женското претприемништво и
Балканска коалиција на бизнис жени.
застапник
Валентина Дисоска
активни волонтери
60
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани за развој на човечките потенцијали Го-Ал Скопје
веб:
www.go-al.org.mk
е-mail:
contact@go-al.org.mk
телефон:
075/493-824
адреса:
Видое Смилевски Бато 19-4-16, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
,,Здружение на граѓани за развој на човечките потенцијали ГО-АЛ“ Скопје, се основа заради остварување на поширок општествен интерес, преку што се задоволуваат потребите од стручна и друга помош на сите типови на индивидуалци, организации и групи во Република Македонија.

Развој на граѓанското општество и локалните заедници за постигнување на видливи општествени промени. Овие цели ќе се остваруваат преку овозможување на учество на јавноста, застапување, зајакнување на капацитетите, промоција на улогата на невладините организации, како и стимулирање на соработката меѓу сите релевантни чинители и мобилизирање на локални ресурси. Понатаму, афирмација и активирање на младата популација кон промовирање на нивниот интерес; иницирање на младинската партиципација во сите сфери на човековото живеење; застапување и заштитување на правата на младите воопшто, без оглед на нивната верска, национална, полова, сексуална или било која припадност; промоција на демократијата и човековите права; превентивно дејствување за спречување на девијантните појави во општеството како и од зависничките болести; активна работа на полето на екологијата и заштита на животната средина; промовирање на Република Македонија надвор од границите и интегрирање во европските и светските асоцијации.
Други цели се:

- Запознавање на Европа и светот со културата во Република Македонија;
- Размена на културни активности помеѓу земјите од Светот и Република Македонија;
- Поддржување на културниот развој на Република Македонија;
- Поврзување на Општините и градовите со други општини и градови во Република Македонија и Светот во целост;
- Поддршка и развој на спортот (организирање турнири, формирање клубови);
- Поддржување и учество во развојот на Општините и градовите за изградба на нови културни центри (театар, кино сала, изложбени простории и сл.);
- Афирмирање на информатичката технологија во сите сфери на општествениот живот (култура, здравство, правен систем итн.);
- Издавање на списанија, брошури, книги и слични печатени изданија;
- Формирање на медиуми кои ќе работат во согласност со целите и задачите на Здружението;
- Преведување на материјали поврзани со работата на Здружението;
- Организирање на меѓународни собири во соработка со институции и институти од земјата и Светот;
- Формирање на центри за неформално образование, како и учество во процесот на неформално образование;
- Организирање на семинари, предавања, културни и литературни манифестации, дебати, прeдавања, тркалезни маси, обуки и издавање сертификати за истите;
- Афирмација на млади талентирани автори кои ја подржуваат македонската замисла за влез во ЕУ;
- Учество на семинари и прeзентирањe на остварените рсзултати;
- Развој и унапредување на здравството во Република Македонија и надвор од неа;
- Развој и унапредување на сите видови туризам на територијата на Република Македонија;
- Реконструкција и градење на руралните и други средини во Република Македонија;
- Правна помош и извршување на правни работи на граѓаните на Република Македонија;
- Подигање на еколошката свест во Република Македонија;
- Поддршка, промоција и развој на обновливите извори на енергија;
- Поддржување и сите видови на помош кон други организации и институции во земјата и светот;
- Соработка со светските невладини организации, влади и амбасади;
- Поддржување и изградба на спортот и спортските објекти на територијата на Република Македонија;
- Поддршка на македонските автори (литературни, ликовни, филмски и др.) како и нивна промоција во земјата и странство;
- Поддршка на Верските заедници во Република Македонија, како и помош при изградба и реконструкција на верските храмови на територијата на Република Македонија;
- Поддршка и стипендирање на студенти;
- Поддржување, унапредување и развој на науката во Република Македонија;
- Поддржување, развој и унапредување на образованието во Република Македонија;
- Привлекување на странски инвестиции;
- Помош на странските инвеститори при инвестирање во Република Македонија во вид на консултантски услуги;
- Поддршка при афирмирање на етничките заедници;
- Поддршка и развој на Земјоделието;
- Истражување и креирање политики;
- Поддршка и развој на политики за Мали и Средни Претпријатија, како и директно вклучување на пазарот со трговските друштва формирани од страна на Здружението;
- Помош и изградба на установи (прифатилишта) центри за маргинализирани и загрозени групи на граѓани (зависници од дрога, хомосексуалци, социјално загрозени граѓани);
- Учество и поддршка на Младинските Програми на Европската Унија;
- Примање и праќање на волонтери;
- Помош и заштита на животните.
СОРАБОТКА
AIESEC, Go Green, MladiInfo, NaturKultur,
итн.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Александар Целески
активни волонтери
16
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружението на граѓани Центар за одржлив развој ЕЛИПСА Куманово
веб:
www.elipsa.org.mk
е-mail:
elipsacod@gmail.com
телефон:
075/651-790
адреса:
Ул. Илинденска 69а, 1300 Куманово
ДЕЈНОСТ
Здружението за одржлив развој „Елипса’’ е основана на 14 Декември 2012. Според статутот, општата цел на ова здружение е да се промовира одржливиот развој,
зајакнување на демократските процеси и развој на човечки и материјални ресурси во Република Македонија, со следниве специфични цели:
– Поддршка на развојот на институционалните капацитети на централно и локално ниво;
– Подигнување на свеста кај граѓаните за употребата на одржливите практики во економскиот развој;
– Одржливо користење на човечките и природните ресурси;
– Поддршка за одржлив развој на туризмот;
– Обезбедување на интегриран регионален развој во согласност со принципите на одржлив развој

Здружението на граѓани Центар-Елипса за одржлив развој има учествувано во неколку проекти финансирани од различни донатори, има подготвено многу студии, стратешки документи и одржано и неколку обуки од областа на туризмот и животната средина. Со своите експерти ЦОР Елипса учествуваше во подготовка на програмите за развој на планските региони во Република Македонија во области на економскиот развој, дигиталната трансформација, животна средина, родова еднаковост, туризмот, инфраструктурата и транспортот.
СОРАБОТКА
- Центар за плански развој на Североисточниот регион
- Фондација за мали и средни претпријатија-Куманово
- Флоренс Најтангел – Куманово
- МЕД-Куманово
- Живот – Куманово
- АРА-Скопје
- СОЖМ-Скопје
- НВО ЕРГОС - Скопје
- Заедница на бизнис жени-Скопје
- Конект - Скопје
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- Конект – мрежа за финансиска оддржливост на граѓански организација
- Флорозон – мрежа за животна средина
застапник
Игор Георгиев
активни волонтери
50
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Институт за дигитализација, економија и иновации
веб:
www.idei.org.mk
е-mail:
info@idei.org.mk
телефон:
+389 71 530 343
адреса:
Бул. Видое С. Бато 75/2-55 Скопје
ДЕЈНОСТ
ИДЕИ-Скопје е непрофитна, непартиска организација, посветена на поттикнување на околина на иновации, соработка и експериментирање, каде новите идеи и пристапи може да бидат испробани, тестирани и имплементирани. Нашата цел е да ги развиваме новите технологии и модели кои имаат потенцијал да создадат трансформативни промени кои би биле споделувани во државата и странство.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
MKsafeNet
застапник
Александар Костадинов
активни волонтери
5
вработени
3
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Консалтинг за човечки ресурси КЧР
веб:
/
е-mail:
consultingforhr.chr@gmail.com
телефон:
077 861 661
адреса:
ул. Јане Сандански бр.13, влез А/18, Аеродром, Скопје
ДЕЈНОСТ
Консалтинг за секторот за човечки ресурси за подобрување на работата на компаниите на пошироко ниво
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Марија Конеска
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
МАКЕДОНСКО, ГЕРМАНСКО, ХРВАТСКО – МГХ Интернационална Асоцијација Штип
веб:
/
е-mail:
gabrielajazynka@gmail.com
телефон:
+1 561 312 0973
адреса:
Ванчо Велев Велата бр.8, Штип 2000
ДЕЈНОСТ
Зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор со цел за јакнење на свеста и развој на локалната, регионалната и интернационалната демократија.МГХ ќе дејствува во повеќе областии општествени гранки, како економијата, туризмот, култура и образованиетопреку консалтингуслуги, лобирање, застапување, промовирање и маркетинг услуги. МГЦ ќе гради соработка и партнерства помеѓу НВО, ЛС и бизнис секторот на локално, национално, прекугранично и на интернационално ниво.
СОРАБОТКА
МХЗ - Тетово, МХЗ-Битола,МХЗ-Скопје, Заедница на Хрвати во РМ- Скопје, Граѓански информативен центар “Спектар” од Штип, Здружение за борба против корупцијасо Слаѓана Тасева, Здружение за борба против ракот на дојката “Нова страна на животот”
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
МХЗ и ЗХРМ во Македонија, НВО-и во Пула и Сплит, Хрватска Матица на Иселеници од Хрватска, Фондација Отворено Општество Македонија, Коалиција “Амбрела”во Штип, “Folkor Dansemble Amersfoort” од Холандија.Benelux-Balkan Business Center од Холандија
застапник
Габриела Јазинка
активни волонтери
7
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Меџик Енд Лоџик Маркетинг
веб:
mnlmarketing.mk
е-mail:
valentinahristova89@gmail.com
телефон:
077/722-200
адреса:
Ул Кирил и Методиј 86 Струмица
ДЕЈНОСТ
- негување и поттикнување на науката за маркетинг,
- постојана грижа за подигнување и усовршување на знаењата на сите што работат на проблемите од оваа област ,
-обезбедување поттик и професионална поддршка на заинтересираните лица, компании и институции во организирањето,
-развивање форми на организирање на стручните лица кои работат за достигнувањата,
- стручна соработка со субјектите од стопанството и другите дејности во разгледувањето и решавањето на одделни проблеми од доменот на маркетингот,
- како и афирмација и популаризација на научната мисла за маркетингот и нејзина примена во практиката.
СОРАБОТКА
Здружение на производители на градинарски и цвеќарски видови “ХОРТИ ЕКО”, Струмица Здружение за образовно-едукативни цели ДМ ЛЕНГУИЏЕС.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Мрежа на млади фармери - ММФ
застапник
Валентина Христова
активни волонтери
10
вработени
5
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ПРОФИЦИО
веб:
/
е-mail:
Proficio-mk@t.mk
телефон:
070/384-851
адреса:
Ацо Караманов 11 А
ДЕЈНОСТ
Развој на претприемништво и мултиетничка толеранција преку еконоски развој, еднаков пристап на пазарот на труд без оглед на етничка припадност, и развој на свеста за толеранција меѓу сите етникуми
СОРАБОТКА
Со локални самуправи, институции, граѓански здржениа од повеќе области и платформи
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
МППС
застапник
Билјана Младеновска
активни волонтери
5
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
СКИ МАКЕДОНИЈА
веб:
www.skimacedonia.mk
е-mail:
skimacedonia@gmail.com
телефон:
078/309-807
адреса:
Даме Груев 5/4 - 11 , Скопје
ДЕЈНОСТ
Уникатни активности, редок проект од конкретен јавен интерес, кој придонесува во развојот на туризмот, анимација на туристи и граѓански глас во рамките на ски центрите и придонес кон развој на зимските и планинарските спортови. Волонтереско граѓанско здружение кое работи на изградба на современ дигитален инфо центар за ски центрите и планинските туристички дестинации преку имплементација на современи дигитални технологии по примеро на современите ски центри во Европа. Тековно преку проект со Швајцарска амбасада работиме на поставување на веб камери и метеоролошки станици низ сите ски региони. Овозможување на свежи информации околу фунционалноста на ски патеките цени временски услови, продукција на креативен свеж видео и фото материјал со цел постојано анимирање посебно на малите ски дестинации. Тотално волонтерски придонес , а е проект што е во служба на многу, многу граѓани и странски туристи.
СОРАБОТКА
Неформални соработки со ски клубови, ски федерација, планинарски друштва, поддршка на скијачки клубови и натпревари преку промоции, видео материјали, документарни филмови, слично и во зоната на туристичкиот сектор и ски дестинациите.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Не сме членови на ниту една платформа, уникатен сервис во развој
застапник
Христијан Трајчевски
активни волонтери
4-5
вработени
Немаме вработени
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус
веб:
www.predaplus.eu
е-mail:
info@predaplus.eu
телефон:
02/4401-581
адреса:
ул. „Сотка Џигиџик“ бр.34 - Прилеп
ДЕЈНОСТ
Визија на фондацијата е:
ПРЕДА ПЛУС е промотор на одржлив економски развој и социјален просперитет преку фасилитирање на иницијативи кои доаѓаат од јавен, приватен и граѓански сектор на локално/ регионално ниво во Македонија и на Балканот.
Мисија на фондацијата е:
Постојано унапредување на развојните процеси и промоција на единствени модели за одржлив развој.
Вредности:
Вредностите на кои се заснова работата на Фондација ПРЕДА Плус се претприемништво, одржливост, транспарентност, партиципативност, еднакви можности, родова и полова рамноправност, добро владеење, солидарност, недискриминација, подобрени животни стандарди и квалитет на живот.
Стратегиски цели и области на делување на фондацијата:
- развој на приватен сектор преку промоција на посебни модели за одржлив и инклузивен економски развој;
- локален и регионален развој;
- социјален и економски развој;
- социјална инклузија и социјална кохезија;
- територијална кохезија;
- стратешко планирање;
- организациски и институционален развој;
- консултации и обуки;
- развој на вештини за вработување;
- истражување на политики и публикации;
- управување со проекти и грантови во областите: одржлив развој, развој на мали и средни претпријатија, претприемништво, иновации, креативни индустрии, информациска и комуникациска технологија, туризам, земјоделие, вработување на млади и младинско учество, образование и образовни политики, социјално претприемништво, зајакнување и поддршка на граѓанското општество, енергетска ефикасност, заштита и поддршка на лица во ризик.
Целни групи на Фондацијата се: мали и средни претпријатија, граѓански организации, државни и локални институции, образовни институции, млади, жени и социјално ранливи категории и граѓаните во целина.
Територијата на делување на Фондацијата е на национално и меѓународно ниво.
СОРАБОТКА
- Здружение на студенти и младинци со хендикеп на Република Македонија – Скопје;
- Центар за образование и напредна едукација – Битола;
- Здружение на професионалци консултанти Подготвеност за Европа 2020.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
1. SEENORDA – Регионална мрежа за регионален развој
2. ИРИС-МК национална неформална мрежа за социјални услуги
застапник
Борче Јанкулоски
активни волонтери
1
вработени
9
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Фондација за поддршка на претпријатија Тетово (ESF Tetovo)
веб:
www.esate.com.mk
е-mail:
esate@t.mk
телефон:
044/350-960; 070/329-256
адреса:
ул. Илинденска бб, Блок 87, лок.2
ДЕЈНОСТ
Подготовка и изведување програми, проекти и активности за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на микро, мали и средни претпријатија во Тетовскиот регион, Полошкиот регион и пошироко.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Салајдин Идризи
активни волонтери
/
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Фондација за развој на мали и средни претприемништва Скопје
веб:
www. recs.org.mk
е-mail:
recs@recs.org.mk
телефон:
02/3239-053
адреса:
Ул. Мирче Ацев бр. 4 ( РУ Кочо Рацин- 47 ) Скопје
ДЕЈНОСТ
Фондацијата е дел од националната мрежа на институции за поддршка на МСП и работи на имплементација на владините мерките за поддршка на малите и средни бизниси во Скопскиот Плански регион. Покрај тоа, Фондацијата работи на програмите за зголемување на вработеноста и/или степенот на вработливост, како и на поддршка на невработените лица да почнат сопствен бизнис.
СОРАБОТКА
Со другите Фондации ( регионални бизнис центри ) во националната мрежа, со ЗБК Креација, и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Мрежата на АППРМ.
застапник
Светлана Киревска
активни волонтери
вработени
4
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Фондација за развој на претприемништво регионална и прекугранична соработка Битола
веб:
www.rcnet.mk/bitola
е-mail:
rcbt@t.mk
телефон:
047/202-420; 070/282-737
адреса:
ул. Булевар 1-ви Мај б.б., Битола
ДЕЈНОСТ
/
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Драган Дамјановски
активни волонтери
/
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Центар за економски анализи
веб:
www.cea.org.mk
е-mail:
info@cea.org.mk
телефон:
02/2444-766
адреса:
Бул. Јане Сандански 63/3 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Центарот за економски анализи (ЦЕА) е истражувачки центар составен од економисти кои делат заедничка визија за Република Македонија како нова европска економија во подем, интегрирана со регионалните и светските пазари. ЦЕА е основана во март 2003 година. Главната мисија на ЦЕА е постојано да ги истражува економските случувања и јавната политика во Република Македонија и да понуди препораки, предлози и мерки на владините и невладините институции. Kапацитетот на членовите на ЦЕА за квантитативна анализа и професионална работа резултира во професионална институција која ќе ја зајакне дебатата за јавни политики и ќе создаде економска средина за раст и развој на македонската економија.
СОРАБОТКА
- Граѓанска Асоцијација МОСТ;
- Институт за европска политика;
- Транспаренси Интернешнл Македонија;
- Институт за демократија и човекови права;
- Форум, Центар за стратегиски истражувања и развој;,
- Федерација на фармерите на Р. Македонија;
- Други локални организации.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Марјан Николов
активни волонтери
/
вработени
5
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Економски развој
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Центар за економски и социјален развој - ЦЕСОР
веб:
/
е-mail:
gramatova@yahoo.com
телефон:
078/223-334
адреса:
Скопје, ул. Диме Аницин 5/5
ДЕЈНОСТ
Унапредување и јакнење на економскиот и социјалниот развој на заедницата, пришто како посебни цели и фокус на работата на здружението се: унапредување на граѓанското општество, поттикнување на стопанската иницијатива и претприемништвото, социјално вклучување, социјална економија, промовирање на принципите за еднакви можности, локален и регионален развој, заштита на животната средина, урбан и рурален развој.
СОРАБОТКА
Регионална Агенција за развој – Словачка, ОРМ - Организација на работодавачи, Стопанска комора, Институт за динамичен развој Сфера - Нова, Центар за развој на Скопскиот плански регион и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Претседател - Софија Граматова Ристовска
активни волонтери
6
вработени
/

Мени за пристапност