Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Ненасилство и толеранција

Листа на невладини организации од сектор Ненасилство и толеранција 

 

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Ненасилство и толеранција
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани ,,Поддршка,, од Гевгелија
веб:
/
е-mail:
poddrska@yahoo.com
телефон:
071 299 747
адреса:
Ул. М.Тито б.б. Гевгелија
ДЕЈНОСТ
Здружението е формирано на 13 август 2001 г. Сфера на делување на здружението е претежно во социјалната дејност, работа со деца и млади , работа со возрасни.Здружението работи на елиминација на асоцијалното однесување кај младите преку градење и промовирање на позитивни вредносни системи, поддршка и заштита на младите од дрога, насилство и трговија со луѓе. Работи на ненасилно разрешување на конфликти, заштита од семејно насилство , работа со млади кои имаат развојни проблеми, превентивна и советувалишна работа за болестите на зависност кај младите,застапништво на вулнерабилни групи, водеше Центар за рехабилитација и ресоцијализација на зависници и реализирани бројни едукација (кампањи, трибини, семинари, советувалишта) и сл. Персоналот на здружението вклучува невропсихијатри, психијатри, психолози, социјални работници, правници, социолози и други стручни лица и волонтери.
СОРАБОТКА
Плодна соработка со РЦОР Гевгелија, Црвен Крст Гевгелија, ЈУ МЦСР Гевгелија, Општина Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, МТСП Скопје, ИОМ, Ла Страда и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Виолета Христова
активни волонтери
15
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Ненасилство и толеранција
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение „Доверба” - Куманово
веб:
www.doverbaku.org.mk
е-mail:
doverbaku@hotmail.com
телефон:
070/380-381
адреса:
ул. Тоде Думба бр. 100/2-14 Куманово
ДЕЈНОСТ
Здружението „Доверба - Куманово“ постои и работи од 2001 година и претставува мултиетничко здружение. Специјализирани сме за посттрауматичен стрес по конфликтот, реинтеграција на вратени и жртви на насилство и психо - социјална помош, ненасилна комуникација и решавање на судири со медијација, бранење на човекови права, упатување на правилно избран пристап на јакнење на самодоверба и градење на групи за самопомош.
СОРАБОТКА
Организација на жени - Свети Николе, Здружение на интелектуална жена Албанка ЗИЖА - Куманово и Липково.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Македонска платформа против сиромаштија, Национална Стратегија на Млади - НСМ (придружно членство), Бранители на човекови права (полноправно членство).
застапник
Дивна Јанкова
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Ненасилство и толеранција
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Кризен Центар „Надеж“
веб:
www.krizencentar.org.mk
е-mail:
info@krizencentar.org.mk
телефон:
02/3173-424; 070/273-495
адреса:
ул. Лазар Поп Трајков 24, Скопје
ДЕЈНОСТ
Превенција, спречување и заштита од семејно насилство, СОС линија за пријавување и советување и обезбедување безбеден привремен престој за жртви на семејно насилство од 24 до 48 часа.
СОРАБОТКА
Сите организации членки на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Национален совет за родова рамноправност, Црвен Крст на Македонија и сите здруженија од социјална заштита.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Платформа за родова еднаквост и Македонска платформа против сиромаштија.
застапник
Маја Дилберова - претседател
активни волонтери
8
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Ненасилство и толеранција
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Мрежа за родова еднаквост,спречување на насилство,борба против дискриминација и залагање за подобрување на статусот на самохрани
веб:
/
е-mail:
unitedfemwb@gmail.com
телефон:
071 936 497
адреса:
ул.Никола Тесла 8/2-17, Скопје
ДЕЈНОСТ
Визијата е: Да ги здружи и поврзува организациите од различни профили поради размена на мислења, информации, идеи, знаења и искуство,како и поттикнување,организирање и помагање на активности од областа на родовата еднаквост,насилство, дискриминација и засегнатите жени и девојќи од мултиплицирано дискриминирани групи, со акцент на еднородителски семејства односно самохрани мајки. Мисијата е:Да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правата на сите граѓани/ки така што секој граѓанин/ка на територија на РСМ кој/а има интереси за унапредување кон постигнување на целите областа на родовата еднаквост,насилство, дискриминација и засегнатите жени и девојки од мултиплицирано дискриминирани групи, со акцент на еднородителски семејства, односно самохрани мајки
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Дороти Пачкова
активни волонтери
10
вработени
3

Мени за пристапност