Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лица со посебни потреби

Листа од невладини орагнизации од сектор Лица со посебни потреби 

 

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Дневен центар Доза среќа Скопје
веб:
/
е-mail:
dozasreka@gmail.com
телефон:
070884199
адреса:
Ул. Ботун бр 17а
ДЕЈНОСТ
-Основна цел на Здружението е да создаде услови за реализација на пошироки општествени заеднички интереси при остварување на својата активност.
-Основните цели и задачи кои ќе ги остварува Здружението во своето работење се:
-Подигнување на јавната свест за постоење на луѓе со Даунов синдром и за нивните основни права, потреби и обврски како рамноправни граѓани на РМ;
-Овозможување на соодветни услови за рана интервенција, рехабилитација и инклузија за секое дете со Даунов синдром преку лиферување на информации за мрежата ширум републикава кои ги третираат проблемите на овие деца/возрасни и начинот на пристапување до нив;
-Информирање за новите светски методи во доменот на рана интервенција, рехабилитација и инклузија на овие лица;
-Едукација на родителите, семејството и други за потребите на овие лица со цел да им се овозможи поквалитетен и похуман третман;
-Надминување на предрасудите за потенцијалите на овие лица кај образовните институции, психолозите/психијатрите и пошироката популација. Тие се еднакво вредни и уникатни човечки суштества кои имаат големи потенцијали и кои заслужуваат шанса за подобар живот;
-Воспоставување на законска обврска на градинките и школите да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром, чие воспитување и едукација би се одвивале со дополнителна помош од страна на соодветен стручен кадар ( дефектолог, психолог);
-Градење на одговорност на целата заедница кон овие луѓе и иницирање на свеста дека нивното најсуштинско "оздравување" односно претворање во рамноправен член на заедницата директно зависи од сите нас, преку проекти во заедницата и вклучување на што е можно поголем број луѓе во иницијативите и акциите. Во овие проекти би учествувале луѓе со и без Даунов синдром;
-Водење евиденција и следење на бројот и состојбата на луѓето со Даунов синдром во РСМ во различни етнички, социјални и верски контекси истражување и анализа на состојбите во Р. Северна Македонија и другите земји во светот за начините за унапредување на позицијата на луѓето со Даунов синдром во општеството;
-Поврзување и соработка со други центри, здруженија и организации, како и со поединици кои можат да придонесат за рамноправен третман на лицата со Даунов синдром;
-Остварување соработка со институциите за подобрување на третманот и ефикасноста во спроведувањето на правата на лицата со Даунов синдром;
-Спроведување активности за унапредување на квалитетот на живеење на возрасните и децата со Даунов синдром.
-Социјално-воспитно-образовна работа со деца и младинци во соработка со надлежните институции;
-Организирање на здраствено-едукативни активности;
-Организирање на културно-просветни и рекреативни активности;
-Да ја поттикнува доброволната работа во областа на социјалната помош, помошта на младите лица и семејствата;
-Домашна и меѓународна соработка со сродни организации, институции и здруженија од ист или сличен вид кои работат на изнаоѓање партнери и донатори за спроведување проекти од областа на правата на луѓето со Даунов синдром кои заеднички би работеле на подготвување, изработка и реализација на меѓународни проекти и заедничка финансиска соработка со странски партнер или организации на планот на изведување на меѓународни проекти.
-Советодавна работа во соработка со надлежните институции;
-Работа со лица со проблеми во однесувањето, во соработка со надлежните институции;
-Подобрување на животната состојба преку задоволување на примарните животни потреби, особено во поглед на едукација
СОРАБОТКА
ЕМСА Македонија, Пркос,Мојот пат,АИЕСЕК
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Сузана Стојановска
активни волонтери
13
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение Гласот од тишината- Скопје
веб:
www.glasotodtishinata.mk
е-mail:
contact@glasotodtishinata.mk
телефон:
072 583 903
адреса:
Општина Кисела Вода Чупино Брдо 3б
ДЕЈНОСТ
Здружение на граѓани за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка.
Поттикнување на семејствата и локалната заедница за вклучување во процесот на образование на децата и потребата од психолошка помош и поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства.
Психолошка помош и поддршка на деца и родители на деца со посебни потреби.
Психолошка поддршка и консултации за потешкотии во училиште, семејство, партнерство и проблем на работно место.
Делување во насока на унапредување и усовршување на психолошката состојба на лицата со попреченост во согласност со поединечните потреби и способности на лицата со попреченост со цел унапредување на нивното ментално здравје и психолошка состојба.
Психо-социјална поддршка на најранливите социјално загрозени граѓани, лицата со попреченост и нивните семејства.
Индивидуална работа за изнаоѓање решенија за проблем или потешкотија.Едукација на населението за прифаќање на различностите како и едукација за можностите за покренување иницијативи на граѓани, преку организација на дебати, работилници, јавни трибини.Организирање на индивидуални и групни тренинзи и обуки Создавање различни можности за креативно изразување на децата со попреченот.Осознавање и утврдување на влијанието на прекумерното користење на современите технологии, врз растот и развојот на децата, особено на нивните когнитивни способности .Подготовка и реализација на кампањи, јавни и забавни настани и предавања за јакнење на јавната свест по однос на ова прашање .Едуцирање и помош на наставници и стручни лица чија дејност е образование на деца а заради нивно упатување и поучување за начинот и пристапот кај децата со потешкотии во развојот.Едукација на друштва, бизнис секторот и граѓаните од сферата на прифаќање на различностите, инклузија и еднаквоста.Обуки за наставници, лекари и родители на деца со посебни потреби.Организирање на обуки и помош на родителите во ситемите за застапување на потребите на нивните деца.Подготовка и реализација на проекти, финансирани или кофинансирани од донатори и други и институции за помош на лица со дислексија и сите нејзини пројавни облици. Да истражува, анализира, проследува, обврзува и активно да раководи со програми со висока ефикасност, да врши истражувања, анкети и да избира предлози кои придонесуваат за развој на напредокот на научниот, културиниот, уметникиот, економскиот, медицинскиот живот.Промовирање на принципите на солидарност и хуманост меѓу граѓаните.Поттикнување на поголем пристап до образовните процеси, културата и спортот на маргинализираните и ранливите групи на граѓани – лицата со попреченост и нивните семејства.Промовирање на инклузијата на ранливите групи на деца и младинци.Поттикнување на поголемо учество во спортот и спортските активности на ранливите категории на деца и младинци.Помош и заштита на лицата со попреченост и преземање на активности за запознавање со нивните права како и зголемување на истите.Поддршка во процесот на реинтеграција во општеството на маргинализираните групи на социјално загрозени граѓани.Заштита и зајакнување на правата на лицата со попреченост и почитување на нивната личност и достоинство.Подигнување на свеста кај јавноста за лицата со попреченост.Дејствување во насока на подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост.Помагање, поддршка, обединување, насочување, едукација и информирање на лицата со попреченост нивно адаптирање и интегрирање во општествениот и социјалниот живот.Вршење едукативна, информативна и издавачка дејност.Поддршка на научно истражувачката работа преку разни форми на осветување, семинари, симпозиуми, конференции, дијалози во интерес на лицата со попреченост.Вклучување на лицата со попреченост во образовниот процес и пазарот на труд со остварување на нивните права и бенефити кои се загарантирани и регулирани согласно позитивните законски прописи на нашата држава.Размена на информации и знаења, и поврзување на стручни лица во земјата и во странство.Организирање на средби на стручни лица, семинари и други облици на размена на нови сознанија и идеи. Да се обезбеди поширок пристап до третмани за децата со посебни потреби.Подигнување на јавната свест во однос на прашањето на децата со посебни потреби.Препознавање на училишно насилство – булинг.Организирање на едукативни семинари за наставниот кадар и стручни служби на училиштата за стекнување на вештини и знаења за спречување и справување со училишното насилство .Одржување на едукативни предавања за важноста од препознавањето и наврменото реагирање на жртвите од булинг пред учениците .Спроведување на кампањи за подигнување на свеста за булингот како штетна општествена појава.Поттикнување на поголемо учество во спортот и спортските активности на ранливите категории на деца и младинци и лицата со попреченост.Поттикнување и градење на меѓуетничка соработка и развивање на меѓуетнички дијалог кај младите.Градење на партнерски односи со владините институции, локалните власти, локалните и меѓународни огранизации и инстиутиите за сите прашања од јавен интерес.Подготовка и реализација на проекти, финансирани или кофинансирани од донатори и други и институции за помош на лица со аутизам и сите нејзини пројавни облици.
СОРАБОТКА
Здружение на граѓани Куќа на Среќата,
Хуманитарна организација Свети Спас
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
https://easpd.eu/
Меморандум склучен со ЗЕЛС
HTTPS://COMMISSION.EUROPA.EU
застапник
Амела Мемиш Апостоловска
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за Европска Социјална Инклузија ЕСИ НЕЛИС Скопје
веб:
/
е-mail:
zdruzeniesi@gmail.com
телефон:
072 513 365
адреса:
11 Октомври бр. 42, Центар
ДЕЈНОСТ
Остварување на животот на лицата со попреченост и нивните права, вклученост во општеството, автономност, економска, социјална, здраствена и правна заштита, социјална правда, социјална сигурност како и нивна интеграција и промоција во општеството
СОРАБОТКА
Национален Сојуз на Слепи на Република Северна Македонија
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Методи Атанасов
активни волонтери
10
вработени
5
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за асистивна технологија Отворете ги прозорците (скратено: Отворете ги прозорците)
веб:
www.openthewindows.org
е-mail:
vladimir.lazovski@openthewindows.org
телефон:
02/3068-630
адреса:
Бул. „Партизански одреди“ бр. 62/2-29
ДЕЈНОСТ
Отворете ги прозорците (ОП) е единствената организација во Македонија и во поширокиот регион целосно посветена на промовирање на асистивната технологија. Од основањето во 2005 година, ОП e позната и признаена организација што ја користи технологијата како алатка за поттикнување на инклузијата на лицата со попреченост.
Делувањето на организацијата се одвива низ две основни дејности:
Од една страна, ОП е сервисна служба (service provider) за асистивна технологија што нуди три вида услуги за лица со попреченост: индивидуализирана поддршка за користење компјутер и интернет, индивидуална проценка на потребите од асистивна технологија и советодавно - консултативна поддршка за примена на асистивната технологија. Услугите се засновани на пристапот насочен кон личноста (person-centered approach) и имаат за цел да го поттикнат личниот развој на корисниците.
Од друга страна, ОП спроведува проекти за промовирање на примената на асистивната технологија преку: јакнење на капацитетот на други актери, развој на иновации и истражувања, јакнење на свеста и информирање.
СОРАБОТКА
Здружение на студенти и младинци со попреченост, Скопје;
Сојуз на дефектолозите на Македонија;
Ресурсен центар на родители на деца со попреченост Шпреса, Скопје;
Дајте ни крилја, Скопје;
Во мојот свет, Скопје;
Здружение на лица заболени со церебрална парализа од Велас;
Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА;
Центар за помош на лица со ментален хендикеп - ПОРАКА Неготино;
Полио плус;
Конект;
Првата детска амбасада во светот - Меѓаши;
Македоски центар за меѓународна соработка – МЦМС;
Македонски центар за граѓанско образование - МЦГО;
Ластовица од Скопје;
Македоско научно здружение за аутизам – МНЗА;
Хендимак, Тетово;
Моја кариера, Скопје;
СОЛЕМ, Скопје;
Фондацијата Чекор по чекор;
Фондација Метаморфозис;
Центар за ориејентација на заедницата од Белград, Србија;
Екуменска хуманитарна организација од Нови Сад, Србија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- Европската асоцијација на сервисни
служби за лица со попреченост (ЕАСПД);
- Мрежа ЕНТЕЛИС;
- Телецентар Европа.
застапник
Владимир Лазовски
активни волонтери
/
вработени
7
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН ЕДИА ОХРИД
веб:
Ohridsky.com
е-mail:
kotvaoh@yahoo.com
телефон:
+38970311290
адреса:
Булевар Туристичка ТЦ Гранит Лок.Бр 8 и 9 Охрид
ДЕЈНОСТ
Лица со посебни потреби
СОРАБОТКА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Ohridsky.com
застапник
Сашко Денесовски-Претседател
активни волонтери
40
вработени
3
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за инклузија, креативност и иницијатива „Интеракција плус“
веб:
www.inaku.com.mk
е-mail:
ana_petreska@live.com
телефон:
071/973-362; 078/245-484
адреса:
ул. Костурски херои бр. 35, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Лица со посебни потреби.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Ана Петреска
активни волонтери
Над 150 волонтери
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за поддршка и развој ТАЈКА Гевгелија
веб:
/
е-mail:
tajkaepigram@gmail.com
телефон:
075 236 903
адреса:
Ул. БУЛЕВАР ГЕВГЕЛИЈА бр. 3, Гевгелија, Гевгелија
ДЕЈНОСТ
Здружението ТАЈКА се залага за потребите на лицата кои се изложени на социјален ризик и општествено исклучување да ги добијат
потребните можности и ресурси за целосно учество во економскиот, општествениот и културниот живот, нивна интеграција и
ресоцијализација и за развој и инклузија на заедницата. Ревносно и респективно делување со заедницата во заедницата.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Тања Јовановска Каркалашева
активни волонтери
11
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за поддршка и третирање на деца со аутизам и атипичен развој “БригхтСтепс
веб:
https://www.facebook.com/profile.php?id=61583168265422
е-mail:
brightsteps@yahoo.com
телефон:
071416133
адреса:
Ул.Туриситчка бр. 1/9 Струга
ДЕЈНОСТ
Да се подобри квалитетот на живот на децата со аутизам преку рана интервенција, терапевтски
сесии, образовна поддршка и вклучување на семејствата во процесот
СОРАБОТКА
Blue puzzle - Gostivar
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Едиола Хоџа
активни волонтери
50
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за промоција на образование, животна средина, деца и лица со попреченост ЛЕОН КИДС ПЛУС Скопје,
веб:
/
е-mail:
leonkidsplus@gmail.com
телефон:
070/723-322
адреса:
Ул. Коста Новаковиќ бр. 48-3/6 Скопје
ДЕЈНОСТ
Промоција и поддршка на образовниот систем, со посебен акцент на децата и лицата со попреченост без разлика на нивната возраст и вид на попреченост
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Лела Шатовиќ
активни волонтери
/
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за унапредување на квалитетот на живот на лицата со аутистичен спектар на нарушување „Сина светулка“
веб:
www.autism.mk
е-mail:
sina.svetulka@gmail.com
телефон:
070/325-805
адреса:
Бул. Јане Сандански 62/3-5
ДЕЈНОСТ
Здружението „Сина светулка“ е единствено здружение кое е насочено кон унапредување на квалитетот на живот на лицата од спектарот на аутизмот и нивните семејства преку едукација и промовирање на нивните права следејќи ги новитетите во Европа и светот.
Мисија на здружението е „Подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам и нивните семејства, подигнување на свеста за потенцијалот на децата и возрасните со нарушувања од спектарот на аутизмот преку едукација и директна поддршка на децата и возрасните со аутизам, нивните семејства, професионалци и пошироката јавност“ . Цели на здружението се: подобрување на квалитетот на животот на децата и лицата со АСН и нивните семејства со откривање и максимизирање на нивниот потенцијал; третман на деца и лица со АСН и нивните семејства; образование на семејства и професионалци за методи на работа со деца и лица со АСН; промоција на правата и промоција на нови идеи за подобрување на квалитетот на животот; обезбедување на услуги за деца и лица со АСН; Поттикнување на научна и професионална работа во оваа област и социјално вклучување на лицата со АСН.
Дејствувањето на здружението се остварува преку три дејности и тоа:
-Поддршка на семејствата на децата со аутизам во постапување со децата, насочување кон сервиси и примена на соодветни методи за работа;
-Oрганизација на едукативни настани за зголемување на компетенциите на професионалците за работа и постапување со овие деца/лица согласно европските и светските трендови;
-Организација на кампањи за подигнување на свесниста за аутизмот.
СОРАБОТКА
„Детски свет Исток“;
Ротари клуб „св. Кирил и Методиј“;
Сојуз на дефектолозите на Македонија;
„Дајте ни крилја”
„Ресурсен центар на родители на деца со попреченост од Штип
„Ластовица“
„Конект“
Фондација „Аполонија“ од Гевгелија
„Аутизам Србија“
АНАК, Притина
Таргет Аутизам, Нортхемптон, Велка Британија
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Аутизам Европа
застапник
Јасмина Трошанска
активни волонтери
10
вработени
/

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за церебрална парализа -Тетово
веб:
www.facebook.com/ЦП-Тетово-CP-Tetovo
е-mail:
cptetovo@t.mk
телефон:
070/321-136
адреса:
Тетово
ДЕЈНОСТ
Помош на лицата заболени од церебрална парализа.
СОРАБОТКА
Полио Плус, Ресурсен центар, Дневни центри низ Македонија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Ресурсен центар, BIDF мрежа.
застапник
Претседател - Зоран Андонов
активни волонтери
15
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби
веб:
www.resursencentar.mk
е-mail:
resursen.centar@yahoo.com
телефон:
078/449-851; 078/449-852
адреса:
Ул. Васко Карангелески бр.33, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Основни цели на Здружението Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби е давање поддршка, помош, односно пристап до информации и систем на застапување за сите деца и млади луѓе со посебни потреби и нивните семејства; воспоставување на систем на проактивна комуникација со семејствата со деца со посебни потреби; обезбедување систематизирани информации за родителите; организирање на обуки и помош за родителите во постапките поврзани со застапувањето на интересите на децата; психолошка поддршка и организирање обуки за самопомош за родители на деца со посебни потреби; обезбедување на поширок пристап до третмани; застапување на инклузијата; подигнување на јавната свест за нештата поврзани со децата со посебни потреби; соработка со организации од сличен вид; подобрување на квалитетот на живеење на децата со посебни потреби и нивните семејства.
СОРАБОТКА
1. Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и
посебни потреби ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА, Скопје
2. Х.Е.Р.А Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Скопје
3. Здружение на родители на деца со аутизам Марко Поло – Експлорер, Битола
4. Здружение на граѓани РАСТ, Скопје
5. Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација КРИК, Скопје
6. Здружени на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергов
синдром ВО МОЈОТ СВЕТ, Скопје
7. Здружение на граѓани за лица со епилепсија ЕПИЛЕПСИЈА РМ, Прилеп
8. Здружение на лица со посебни потреби ЕМАНУИЛ ПЛУС, Битола
9. Здружение за дислексија АЈНШТАЈН, Скопје
10. Здружение Хендикеп Плус, Крива Паланка
11. Центар за Даунов Синдром, Скопје
12. ПОЛИО ПЛУС Движење против хендикеп, Скопје
13. Креативен клуб за деца со пречки во развој ЕДНАКВИ КРИЛА, Битола
14. Здружение на жени ИСКРА, Битола
15. Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА, Прилеп
16. НВО Ромски Центар САСТИПЕ ЗДРАВЈЕ, Берово
17. Здружение на хендикепирани лица МИЛОСРДНО СРЦЕ, Пробиштип
18. Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа, Кратово
19. Здружение ПОРАКА НОВА, Струга
20. Здружение на граѓани за помош на лица со Даунов Синдром ВЕРА, Струмица
21. Национална Алијанса за лица со посебни потреби, Гевгелија
22. Асоцијација за правата на деца и младинци Ластовица, Прилеп.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Балканска независна мрежа во полето на инвалидноста БИДФ (Balkan’s Independent Disability Framework).
застапник
Јасна Мандиќ
активни волонтери
/
вработени
0 – вработени, 7 лица во моментов ангажирани на тековен проект
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА“
веб:
www.dajtenikrilja.mk
е-mail:
dajtenikrilja@yahoo.com
телефон:
02/2457-704; 078/758-635
адреса:
ул.Васко Карангелевски бр.33 1000 Скопје Општина Аеродром
ДЕЈНОСТ
Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА од Скопје е невладина, непрофитабилна организација, формирана со доброволно здружување на граѓани и е формирано за остварување на своите цели и задачи, едукација на сите возрасни нивоа за развивање на човековите вредности, следење и сервисирање на лицата со посебни потреби во подолг период, создавање на референтна база на податоци за лицата со посебни потреби, воведување на етаблирани методи и збогатување на понуди за третирање на одделни физички и ментални дисфункции во Република Македонија.
Други цели и задачи на Здружението се:
- креирање на листи на протокол за секоја поединечна категорија на болести, синдроми и слично, интерактивна страна за засегнатите и оние кои сакаат да добијат информации за проблемите со кои се соочуваат, нивните права над институциите, терапии, светски центри, авторитети и линкови со советници кои волонтерски би биле достапни, едукација и усовршување преку семинари, конгреси и трибини на стручни лица кои работат со деца и возрасни со посебни потреби, залагање за подобрување на квалитетот на живеење на лицата и промена на моделот на комуницирање во насока на подобар квалитет. Здружението во рамките на своите активности ќе организира семинари, конгреси и трибини на стручни лица кои работат со деца и возрасни со посебни потреби од областа на здравствената заштита, едукација и оспособување за работа на невработени и хендикепирани (семинари и курсеви од најразлични области со кои би им се помогнало на луѓето да обезбедуваат егзистенција);
- Организирање работилници и акции од хуманитарна природа (прибирање средства, организирање аукции, изложби и манифестации од чиј приход ќе се реализираат целите на Здружението);
- Акции за заштита на правата на оваа категорија на лица.
СОРАБОТКА
1. Здружение на граѓани РЕСУРСЕН ЦЕНТАР на родители на деца со посебни потреби;
2. Здружение на граѓани за третман на лицата со аутизам, АСХД и Аспергов синдром ВО МОЈОТ СВЕТ;
3. Граѓанска организација во Македонија и во регионот на Западен Балкан фокусирана на промовирање асистивна технологија како алатка за поттикнување инклузија на лицата со попреченост ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ;
4. ПОЛИО ПЛУС Движење против хендикеп;
5. Дневен центар ПОРАКА;
6. Здружение за дислексија Ајнштајн;
7. Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија;
8. Здружение за лица со Даунов синдром Трисомија 21;
9. Здружение на граѓани за ретки болести
Живот со предизвици – Битола;
10. Здружение на граѓани Раст;
11. Сојуз на слепи лица;
12. Ромски едукативен центар РЕЦ Амбрела;
13. Друштво за обука на спасители на вода, школа за пливање, менаџирање и оддржување на базени Ројал аква менаџмент;
14. Здружение Хендикеп плус – Крива Паланка;
15. Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување,Скопје;
16. Центар за советување,специјална едукација и рехабилитација КРИК, Скопје;
17. Центар за Даунов Синдром.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Член на националната алијанса на ретки заболувања на Република Македонија.
застапник
Претседател - Ребека Јанковска Ристески
активни волонтери
Родители - поддржувачи, како и професионалци - поддржувачи, кои повремено се вклучуваат во работата.
вработени
1 (Овој број е менлив, во зависност од тековните проекти)
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани за физичко и ментално здравје ЦЕДУЗ Скопје
веб:
/
е-mail:
ceduz.centar@gmail.com
телефон:
075 442 214 ; 02 246 6007
адреса:
Бул. Јане Сандански бр. 85/2-4 Скопје
ДЕЈНОСТ
Помош и подршка на децата со посебни потреби како и на сите деца со потешкотии во развојот, стимулација на деца со типичен развој, советување и помош на родители, спроведување на програми за рана интервенција, едукација на родителите преку работилници и трибини, индивидуални третмани и подготовка на децата за инклузивни градинки и училишта.
СОРАБОТКА
НВО „ Во мојот свет“
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Стаменова Зденка
активни волонтери
/
вработени
2
Лица со посебни потреби
Здружение на лица со телесен инвалидитет на Тетово и Гостивар – Мобилност Тетово и Гостивар
/
mobilnosttetovo@yahoo.com
078/492-521
Ул.
 Борис Кидрич бр. 66
Мобилност Тетово и Гостивар е општествено хуманитарна организација со над 740 членови, граѓани на Република Македонија кои поради одреден вид и степен на телесен инвалидитет имаат и одредени специфични потреби.
Мобилност Тетово и Гостивар е организација која се грижи за остварување на правата на своите членови.
Основни принципи на движењето се:
• Остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет;
• Индивидуална автономија и независност на лицата со телесен инвалидитет;
• Недискриминација;
• Целосно и ефективно учество и вклучување во општествениот живот;
• Еднаквост на можностите;
• Пристапност.
Главни цели за 2017 година се:
• Подигање на сопствените материјални, кадровски и финансиски капацитети на делување;
• Собирање, обработка и анализа на податоци за состојбата на лицата со телесен инвалидитет во сите области на живеење;
• Јавно презентирање на тие податоци и состојби;
• Утврдување на мерки за остварување на целите и задачите;
• Иницирање, предлагање и укажување на надлежните органи и институции за потребата од преземање на законски, институционални и др. мерки за остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет;
• Вклучување на ЗТИЛ Тетово во процесот на донесување на одлуки и мерки што се однесуваат на лицата со телесен инвалидитет;
• Подигање на јавната свест и кампањи.
-Сите останати 16 здруженија на Мобилност Македонија;
-Сите Национални инвалидски организации.
-
Мобилност Македонија;
-НСИОМ.
1
25
1

 

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес
веб:
/
е-mail:
zlacpveles@yahoo.com
телефон:
075403303
адреса:
ул„Архиепископ Михаил“ број:156 Велес
ДЕЈНОСТ
Визијата на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес е општество со еднакви можности за сите, без бариери и ограничувања.
Мисијата на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес е помош на лицата со попреченост и поддршка на нивните семејства, интеграција на лицата со попреченост во општествениот живот, нивна социјализација и помош при остварување на правата од социјалната и здравствента област. Промовирање и одржливост на иновативни социјални сервиси во заедницата за поддршка на лицата со попреченост и нивните потесни семејства.
СОРАБОТКА
ЗЛЦПДП- Велес соработува со сите невладини организации од Р. Македонија кои работат на полето на попреченост и друга проблематика. Здружението е член на Платформата на невладини организации предводена од Полио Плус- движење против хендикеп.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
ЗЛЦПДП- Велес има соработка со невладини организации од регионот:
- „Воља за животом“- Велика Плана- Србија,
- „ Сунце“- Мостар- Босна и Херцеговина
- „Хуманитарна Фамилија“ Бар- Црна Гора, Удружење „Млади са хендикепом“ Подгорица- Црна Гора
застапник
Далиборка Златева
активни волонтери
15
вработени
3

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на родители на деца со ретки невролошки болести (Рет синдром, Вилијамс синдром и др.) КОКИЧИЊА Скопје
веб:
www.kokicinja.mk
е-mail:
bvlastimirova@yahoo.com
телефон:
070-393-442
адреса:
Ул. Елисие Поповски Марко бр. 37/1-2 Скопје
ДЕЈНОСТ
Поддршка и помош на заболени лица од ретки невролошки болести (Рет синдром, Вилијамс синдром и др.) и помош на нивните семејства:
- здружување на заболените, нивните семејства и заинтересираните граѓани заради меѓусебна помош, размена на искуство и организирано разрешување на проблемите поврзани со наведените болести,
- соработка со здравствените и други организации, со надлежните органи на управа со цел решавање на здравствените, социјалните и други проблеми на болните,
- организација на гостувања и предавања на домашни и странски експерти со цел следење на најновите достигнувања и можности за терапија и подобрување на квалитетот на живот на болните со ретки невролошки болести,
-организација на годишни собири на болните, нивните семејства и здравствените работници со цел размена на искуства,
- централизација на податоците за болни со ретки невролошки болести и вклучување во меѓународниот регистар на болни со ретки невролошки болести,
- организација на посета на европските и светските собири на болни со ретки невролошки болести,
- објавување на публикации од интерс за членовите на здружението.
СОРАБОТКА
Живот со предизвици, ХУМАНОСТ Скопје ,
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Национална алијанса за ретки болести на РСМ,
Европска РЕТТ фондација
застапник
Биљана Властимирова
активни волонтери
3
вработени
0
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на слепи и лица со оштетен вид
веб:
/
е-mail:
zslov.realnost.gv@gmail.com
телефон:
072/559-399
адреса:
ЈП комуналец ул.Светозар Пепоски бр.59 Гостивар
ДЕЈНОСТ
Водење на слепите лица за нивните социјални правни и други нивни потреби.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Општински и регионални потреби
застапник
Џеват Фејзули
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на слепи лица на град Штип
веб:
/
е-mail:
Zsl_stip@yahoo.com
телефон:
078 338-757
адреса:
Ул. Сутјеска бр. 43 Б
ДЕЈНОСТ
Откривање на слепите лица. Упатување во образовниот процес, како и поддршка во текот на животот.
СОРАБОТКА
Национален сојуз на слепи на РСМ. Како и со голем број НВО во РСМ и странство.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
застапник
Драги Витанов
активни волонтери
7
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Меѓуопштинско здружение на телесни инвалиди на општина Велес – МОБИЛНОСТ Велес
веб:
Mobilnostmakedonija.com.mk
е-mail:
mobilnostveles@yahoo.com
телефон:
075/292-461
адреса:
Ул. Алексо Демниевски бр. 3 1400 Велес
ДЕЈНОСТ
Здружение за заштита на правата на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка.
СОРАБОТКА
Сите здруженија на лица со инвалидитет во Република Македонија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
civicamobilitas
застапник
Преседател/Управител - Горан Здравков
активни волонтери
36
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
НВО,,Бота име,,
веб:
/
е-mail:
zdruzenie_botaime@yahoo.com
телефон:
075 435 304
адреса:
Ул.Јоаким Крчовски бр.74
ДЕЈНОСТ
Бота име е Здружение на граѓани чија што цел е подигнување на јавната свест за попреченоста и лицата со посебни потреби кај образовните институции, родителите , релевантните институции како и кај пошироката јавност. Бота име ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и поддршка за сите оние кои се засегнати од овие проблематики и пошироко.
Програмата за работа на Здружението за деца и младинци со посебни потреби,,Бота име,, има за цел исполнување на следните стратешки цели и статутарни определби на организацијата -
1. Индивидуална работа со деца и млади со посебни потреби од најрана возраст до 18 год.
2. Арт терапија со деца и млади со посебни потреби.
3. Музико терапија со деца и младинци со посебни потреби
4. Окупациона терапија со деца и млади со посебни потреби од најрана возраст.
5. Реедукација на псиохомоториката на деца и млади со посебни потреби.
6. Когнитивен развој
7. Емоционален развој
8. Социјален развој
9.Индивидуална работа со дефектолог
10.Индивидуална работа со логопед
11. Индивидуална работа со психолог
12.Подигнување на свеста на граѓаните за децата и младите со посебни потреби
13.Ран третман на деца со Аутизам, Дисексија, Дисграфија, Церeбрална парализа, Даунов синдром, попречености во говорот , Ехолалија, Аграматизам, Пелтачење, Афазија. Дисфазија и др.
СОРАБОТКА
Ние сме отворени за соработка со граѓански организции и реализација на проектни активности во врска со деца и младинци со посебни потреби.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Дефектолог,Шпреса Рашити
активни волонтери
5 активни волонтери, 3 Логопеди и 2 Психолози
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Национален сојуз на слепите на Република Македонија
веб:
www.nssrm.org.mk
е-mail:
info@nssrm.org.mk
телефон:
02/3246-537
адреса:
ДХО Даре Џамбаз - СКОПЈЕ Ул.11ти Октомври бр.42 А 1000 СКОПЈЕ
ДЕЈНОСТ
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација, непартиска, непрофитна, доброволна, организација од посебен јавен интерес. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како национална инвалидска организација е единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу до 10 проценти. НССРМ претставува чадор организација во која преку своите здруженија на слепи лица - членки на НССРМ членуваат повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата. НССРМ се грижи за заштита и унапредување на позитивните законски норми за слепите и слабовидните лица како лица со најтешка категорија на инвалидност, почнувајќи од нивно откривање и препознавање, па се до упатување на школување, помош при едукација, печатење на материјали на Брајово (Релјефно) писмо и аудио техника, адаптација на работната средина, културни, спортски, забавни активности, лобирање за остварување на позитивни законски прописи, зголемување на јавната свест и слично. НССРМ е една од најстарите организации во државата и истата е формирана уште во далечната 1946 година. Ништо за нас - Без нас. НССРМ е членка на Балканскиот консултативен комитет, Европскиот сојуз на слепите и Светскиот сојуз на слепите. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува социјално - хуманитарна национална инвалидска организација.
СОРАБОТКА
НССРМ соработува со многу граѓански организации на домашен и меѓународен план. Исто така НССРМ соработува и со останатите национални инвалидски организации, како и со сојузите на слепите на други држави.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Националниот совет на инвалидските организации,
Балканскиот консултативен комитет,
Европскиот сојуз на слепите,
Светскиот сојуз на слепите,
Мрежа на Западен Балкан.
застапник
Селковски Жарко, управител во својство на претседател на Извршен одбор и на Собранието на НССРМ
активни волонтери
300
вработени
21
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Полио Плус- движење против хендикеп
веб:
www.polioplus.org.mk
е-mail:
polioplus@polioplus.org.mk
телефон:
02/2400-544
адреса:
бул. Авној 64 лок. 2, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Полио Плус – движење против хендикеп е македонска граѓанска организација на лица со и без хендикеп која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп.
Нашата мисија е јакнење на самодовербата на лицата со хендикеп и креирање на општество со еднакви можности за сите.
Мисијата ја остваруваме преку застапување и лобирање за промена и унапредување на легислативата, образование, вработување и независно живеење на лицата со хендикеп од една страна, како и подигнување на јавната свест, афирмирање на нивната креативност и придонес во заедницата од друга страна.

Во таа насока, нашето делување е и во областа на демократијата, човековите права и владеење на правото, социјална и економска политика, образование, развој на граѓанските организации на лица со хендикеп, етничките заедници и прашањето на хендикепот, рурален развој и прашањето на хендикеп, родовите прашања низ призмата на хендикеп, потрошувачите со хендикеп, како и подигнување на јавната свест и едукација за прашањето на хендикеп и на национално, локално и меѓународно ниво.
СОРАБОТКА
Со сите чинители на локално, национално и меѓународно ниво.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Граѓанска платформа на Македонија,
Македонска платформа против сиромаштија
Нулта корупција
Балканска мрежа на организации на лица со хендикеп
Европски форум за хендикеп (ЕДФ)
Межународна мрежа на организации на лица со хендикеп хендикеп (ДПИ)
Европска мрежа за независно живеење (ЕНИЛ).
застапник
Звонко Шаврески
активни волонтери
/
вработени
5
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Свет на Различни а Еднакви
веб:
www.razlicniaednakvi.com
е-mail:
svetnarazlicniaednakvi@gmail.com
телефон:
075 373 383
адреса:
Ул.“Пелистерска“3 -2/10
ДЕЈНОСТ
ЗГ “Свет на Различни а Еднакви“ преку различни видови проекти (средби, тематски разговори, едукативни, музички, актерски, танцувачки работилници), во соработка со дневни центри, заводи и други институции за нега и грижа на лица со хендикеп,, како и посебни училишта и здруженија, делувајќи во инклузија со типичен развој на лица а во соработка со редовните училишта и волонтерски здруженија, успешно таргетира, анимира, активира, забавува и емотивно зајакнува една специфична популација наши сограѓани, воедно остварувајќи го нивното законско право да бидат дел од културата и културните настани, конкретно во полето на театарот. Се делува низ целата територија на Република Северна Македонија и надвор од неа, од остварување на средби и контакти, преку релаксирачки, но наменски дружби, па обуки, анимација, проби и нивно активно вклучување во играта се до нејзино поставување на сцена. Токму затоа овој тим на инклузивни обуки го нарековме “ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“! Поточно кажано, преку игри, етиди, обуки, работилници, доаѓаме до сценски форми - музичка, кореодрамска и ДРАМСКА форма, со практична и нагледна примена на ИНКЛУЗИЈА на лица со и без попречености во театарската уметност.
Нашето делување е од јавен интерес со што даваме голем придонес кон извлекувањето на овие лица од секаков вид изолација и нивно прилагодување на животот во целокупната општествена заедница, како и во остварување на нивното законско право да бидат дел од културата и културните настани, согласно Уставот/Законите и ратификацијата на Конвенцијата на ОН.
Пред точно 6 години го поставивме на театарската сцена Меѓународниот инклузивен драмски фестивал “ИГРИ БЕЗ МАСКА“ кој трае 3 дена ( а со претходно пристигнување и сместување на учесниците од земјава и странство, трае 4 денови) и има успешна традиција во годините наназад, презентирајќи сценски проекти од странство и од нашава земја, пред многубројната публика. Фестивалот е со натпреварувачки карактер. Во 2020 година ќе биде неговото седмо издание.
СОРАБОТКА
Трисомија 21, Порака Неготино, Порака Струга, Дневни центри во Куманово, Берово, Делчево, Тетово и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Vо подготовка меморандум за соработка со Здруженијата од Белград, Јагодина ,Тузла и Софија
застапник
Претседател на Здружението - Гордана Симоновска Момироска
активни волонтери
10
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Сојуз на дефектолози на Р. Македонија
веб:
www.sojuznadefektolozi.org
е-mail:
sojuz_defektolozi@yahoo.com
телефон:
071/232-647
адреса:
Ул.11 октомври бр.42а Скопје
ДЕЈНОСТ
Унапредување на квалитетот на услуги кои ги добиваат лицата со посебни потреби прeку унапредување на специјалната едукација и рехабилитација, логопедската дејност, раната интервенција и рехабилитација и др.
СОРАБОТКА
Здружение на родители на деца со аутизам „Во мојот свет“, Здружение „Отворете ги прозорците“, Прва детска амбасада „Меѓаши“, Здружение на педијатри, на физиотерапевти, и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Коалиција на НВО за заштита на правата на лицата со аутизам.
застапник
Горан Петрушев
активни волонтери
5
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Хуманитарно Доброчинително Здружение „СВЕТА МАЈКА ТЕРЕЗА”
веб:
www.facebook.com/saintmotherteresamacedonia/
е-mail:
ngosaintmotherteresa@gmail.com
телефон:
072/306-418
адреса:
Куманово, ул.Бајрам Шабани бр.150
ДЕЈНОСТ
Хуманитарно Доброчинително Здружение „СВЕТА МАЈКА ТЕРЕЗА“ е доброволно, хуманитарно, доброчинително, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.
Хуманитарно Доброчинително Здружение „СВЕТА МАЈКА ТЕРЕЗА“ доброволно ќе допринесе за ублажување на последиците на можна економска криза, општествена и социјална криза, ќе организира хуманитарни активности за време на секаков вид на кризи, низ своите хуманитарни и доброчинителни активности ќе допринесе и ќе се обиде да обезбеди минимални услови за егзистенцијата на социјално загрозените семејства, помош на семејства со еден самохран-родител, семејсва со лица со попреченост во развојот, лица со посебни потреби, хендикепирани односно инвалидизирани лица, ќе се фокусира и на помош на децата без родители, старите лица без семејства и сл.
Хуманитарното Доброчинително Здружение „СВЕТА МАЈКА ТЕРЕЗА“ преку донации ќе организира едукативно-образовни активности во вид на курсеви за сите горанаведени лица кои имаат потреба но немаат можности. Ќе организира културни и спортски манифестации со хуманитарен карактер за хуманитарни акции по потреба. Ќе подржи секаков вид на едукација на младите во вид на финансиска помош, помош со учебници, школска опрема, електронска опрема или друг вид на помош според можностите и тоа во земјата и надвор од неа низ целиот свет доколку за таква помош има можност или одредена донација.
Ќе организира активности за чување и унапредување на човечкиот амбиент, воспоставување и култивирање на хуманитарни чувства меѓу луѓето. Ќе организира Собирање на помош со хуманитарни акции и проекти преку донатори, ќе организира собирање на хуманитарна помош преку акции за прехранбени артикли, облека, лекови,собирање на парични средства од членовите, разни донации од слични здруженија во Македонија и надвор од неа низ целиот свет.
Помошта ќе се дава на семејствата и лицата без разлика на нација, раса, јазик, пол и религија. Давање на правна помош на сиромашни лица. Ангажирање против секој вид на насилство, култивирање на мирот и љубовта меѓу луѓето.
СОРАБОТКА
1. Здружение на граѓани „Граѓански Развој-ГР”- с. Ваксинце -Липково
2. ХДЗ „Мајка Тереза”- Струга
3. „УНХЦР Македонија” - Скопје
4. „Каритас ОЦР Виена”- Австрија
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Беким Салиу (претседател)
активни волонтери
8
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Хуманитарно здружение за помош и поддршка на Лица со посебни потреби „Бравура Кооператива“
веб:
www.together4future.org.mk
е-mail:
bravuracooperativa@yahoo.com
телефон:
078/349-673
адреса:
Питу Гули бр. 37 / 2320 Делчево
ДЕЈНОСТ
ХЗГ „Бравура Кооператива“ дава поддршка, директна и стручна помош на Лицата со посебни потреби и нивните семејства, врши едукација, хабилитационен и рехабилитационен третман, интервенции во заедницата за подигање на јавната свест за подобрување на квалитетот на живеење и нивно активно вклучување во заедницата.
СОРАБОТКА
ЗГ Регионален центар за застапување „РЦЗ“ - Делчево, ЗГ „Порака“, ЗГ „Отвори ги прозорците“ - Скопје, ЗГ „ Полио плус“ – Скопје, ЗГ „Хоризонт“ – Делчево.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- Start – Spoznan - Polska;
- Network Together 4 Future (MK BG);
- ISF - Soft tulip, Holland (International SOFT Federation network based
in Hungary http://www.softfederation.eu/eng/members.htm);
- ROMB handicap network in the Bregalnica region in Eastern Macedonia.
застапник
Александар Николов
активни волонтери
6
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Лица со посебни потреби
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ЦПЛИП ПОРАКА Крива Паланка
веб:
/
е-mail:
porakakrivapalanka@gmail.com
телефон:
071/267-263, 076/250-374
адреса:
Никола Тесла бб
ДЕЈНОСТ
Помош на лица и семејства во остварување на правата од областа на социјалната и детската заштита, згрижување во заедница вон семејни заедници.
СОРАБОТКА
РЦПИЛП Порака, Локална Самоуправа, Црвен Крст, ЈУМЦСР, други здруженија и фондации.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
4снет куманово
застапник
Иле Коцевски
активни волонтери
19
вработени

Мени за пристапност