Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Развој на граѓанското општество

Листа од невладини орагнизации од сектор Развој на граѓанското општество

 

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје
веб:
www.insoc.org.mk
е-mail:
insoc@insoc.org.mk
телефон:
078/215-004
адреса:
Миладин Поповиќ 4-1а Скопје
ДЕЈНОСТ
Развој на граѓанското општество за социјалните промени и праведно општество.
СОРАБОТКА
Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје
Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје
Ромска органзиација на жените на Македонија Даја- Куманово
Ромска Солза Прилеп
Ромска солза Прилеп
Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина – Гостивар
Баирска Светлина – Битола
Здружение за заштита на правата - Штип
Ромско јато
Организација на жени Штип
Рома Прогрес Скопје
Ромски едукативен центар Амбрела – Скопје
РРЦ - Скопје
Ромалитико – Скопје
Рома Прес - Скопје
Кхам Сијан - Скопје
24 Вакти - Скопје
НРЦ – Куманово
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
• Мрежата на граѓански организации за застапување на трајни системски решенија за интеграција на Ромите во општеството
• Платформа за сиромаштија
• Наша иднина - Наша обврска
• Мрежа за социјална кохезија
застапник
Милица Илиеска
активни волонтери
20
вработени
3
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Заедница на Станари Т.Х.Офицерчето бр.3 - Велес
веб:
/
е-mail:
Elizabeta70@yahoo.ca
телефон:
078401149
адреса:
ТХ:Офицерчето бр. 3 - Велес
ДЕЈНОСТ
Поддршка на граѓанско општество и подигање на стандардот на заедницата и животна средина.
СОРАБОТКА
НВО ПОПИ
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Елизабета Костова Бочварова
активни волонтери
100
вработени
0
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение ВРЕДИТ ДА СИ ОД КИЧЕВО
веб:
/
е-mail:
vredit.da.si.od.kicevo@gmail.com
телефон:
/
адреса:
Ул.Арсо Војвода бр.64 ,Кичево
ДЕЈНОСТ
1. Заштита и унапредување на животната средина ,ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование
2. Хуманитарни активности со цел да им се помогне на сиромашните семејства и луѓето со посебни потреби
3. Соодветното образование на одличните ученици
4. Развивање на културата ,уметноста и традиционалните вредности
5. Заштита на човековите права и развој на човековата слобода
6. Развој ,поттикнување и унапредување на спортот
7. Медицински активности со цел да им се помогне на луѓето кои имаат потреби
СОРАБОТКА
Здружение на власи Јанчица од Кичево,Гајрет , НВО Бела кула -Кичево
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Миле Јовески
активни волонтери
20
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација (ИСЛАА)
веб:
islaa.mk
е-mail:
islaa.2019@gmail.com
телефон:
075705040
адреса:
ул.Димитрие Чуповски бр.7, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација (ИСЛАА) е организација со седиште во Скопје, во којашто живее и се развива духот на преку 400 млади луѓе од коишто се стремат да бидат предводници во соочувањето со предизвиците на современото време. Сите членови доаѓаат од различни културни, етнички и религиски припадности и живеат во Македонија или во други држави на Европа.
ИСЛАА е организација којашто го продолжува она што веќе 11 години се создава и ќе продолжи да се развива преку Школата за млади лидери под покровителство на поранешниот Претседател на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов. ИСЛАА е продолжена рака на школата која ја продолжува нејзината благородна иницијатива за создавање на млади за иднината и вложувања во луѓе кои ќе растат во височина и придонесува во развивање на духот на лидерството.
ИСЛАА е целосно посветена на исполнување на својата визија, мисија и статут, преку развој и имплементирање на иновативни иницијативи. Знаеме дека малите земји се ограничени територијално и тие неможат територијално да се шират, меѓутоа не се ограничени да се воздигнуваат. Токму поради таа причина членовите на ИСЛАА сносат морална и колективна одговорност да ги поддржат активностите на организацијата во процесот на воздигнување, придржувајќи се кон универзалните принципи на солидарност, еднаквост и взаемно почитување.
Дејностите на делување на ИСЛАА се од голема палета на области, како што и самата идеја на Школата за лидери да промовира и мотивира лидерство на секоја функција и во секоја област со цел загарантиран напредок. Сите ние на одреден начин го моделираме нашето општество, нашите заедници. Од нас самите зависи нашиот личен успех, но и успехот на сите околу нас, успехот на целото општество.
Своите цели и задачи ИСЛАА ги остварува преку остварување на конкретни активности, организирање на заеднички проекти, трибини, дебати, тркалезни маси преку воспоставена соработка со организации во приватна и државна сопственост, институции, амбасади, здруженија, алумни организации и асоцијации, како и универзитети.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Катерина Климовска
активни волонтери
80
вработени
0
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје
веб:
www.cetplatform.org
е-mail:
macedonia@cetplatform.org
телефон:
078/247-458
адреса:
бул. Видое Смилевски Бато 35/2-20, 1000, Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението ЦЕТ платформа е доброволно, непрофитно и невладино здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, промоција и заштита на човековите права, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните и граѓанските вредности, зајакнување на меѓуетничките односи, афирмација на младите во општеството, промоција и заштита на медиумските слободи, права и стандарди и економски развој на територијата на Република Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законите.

ЦЕТ платформа е формирана во јануари 2016-та година од млади, мотивирани, компетентни и искусни младински работници, младински лидери, активисти и експерти од различни области кои се активни во граѓанскиот сектор и вклучени во младинска работа од 2008-ма година. ЦЕТ платформа Скопје е македонскиот огранок на CET platform мрежата која има преставништва во Србија, Хрватска, Црна гора, Словенија, Косово, Бугарија, Грција, Полска, Италија, Литванија и Босна и Херцеговина. Преку својата работа, ЦЕТ платформа се обидува да го стимулира личниот, професионален и општествен развој на младите, како и да поттикне нивно активно и одговорно учество во општествените, културни, политички, образовни и економски процеси.

ЦЕТ платформа е релативно младо здружение на граѓани, формирано во почетокот на 2016-та година, но досега има реализирано повеќе од 85 Еразмус+ проекти (младински размени, тренинг курсеви, семинари и конференции) на меѓународно ниво во соработка со организации од различни земји на кои се испратени повеќе од 350 млади луѓе, младински работници и преставници на граѓански организации од Македонија.
СОРАБОТКА
Здружение за општествена грижа и владеење на правото УРБАНО ОПШТЕСТВО Скопје, Здружение на граѓани за остварување и унапредување на човековите права „Единство на заедниците“
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
CET platform network - меѓународно ниво
застапник
Бојан Коцевски
активни волонтери
15
вработени
0
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за неформално образование, животна средина и социо-културна едукација КАЛИДУС Битола
веб:
https://callidus19.wixsite.com\callidus19
е-mail:
callidus19@yahoo.com
телефон:
070/520-891
адреса:
ул. Минела Бабуковски бр. 9-1/13, Битола
ДЕЈНОСТ
Визијата на Здружението за неформално образование, животна средина и социо-културна едукација КАЛИДУС Битола е: Здружението да понуди перманентно квалитетно неформално образование,обуки и реализација на различни активности со цел да се развива образовен, социјален, научно-технолошки, културен и секаков друг развиток на општеството во целина како и развитокот на творечките и работните потенцијали и квалитетот на животот на поединците. Да се потенцира значењето и влијанието врз промовирање на човечките вредности на секој поединец кои ќе им помогнат да ги развиваат своите знаења и вештини потребни за продуктивен живот во 21 век.
СОРАБОТКА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
застапник
Биљана Темелкова
активни волонтери
30
вработени
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за развој МЛАДИ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС Дебар
веб:
/
е-mail:
mladizajaveninteres@gmail.com
телефон:
071 553 759
адреса:
с.Долно Косоврасти, Дебар
ДЕЈНОСТ
Здружение за развој МЛАДИ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС Дебар има за цел унапредување на целокупното граѓанско општество, а дејствува во многу области, како што се: животна средина, млади, култура, етнички заедници, лица со посебни потреби и слично.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Исамудин Османлиу
активни волонтери
16
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за хумано-општествен развој „Проект Среќа“
веб:
http://www.proektsreka.mk/
е-mail:
proekt.sreka@gmail.com
телефон:
078/405264
адреса:
Ул. Христо Смирненски бр.37 - Скопје
ДЕЈНОСТ
Проект Среќа е здружение, кое фокусирано на подобрување на квалитетот на живеење, создавање на можности и образование и едукација за децата и младите со помалку можности.
Основана во 2015 година, Проект Среќа за многу кратко време стана синомим за среќа кај децата, синоним за транспарентна и исполнителна работа, градење на филантропско и хумано општество, кое создава можности за децата во социјален ризик, со акцент на децата кои живеат во сиромаптија, и во рурални средини. Сите проекти на кои ние како здружение работиме, се насочени кон подобар квалитет на живеење на децата во социјален ризик.
Го поттикнуваме општеството на општествена одговорност, физичките лица на филантропија, хуманост, и волонтирање, а компаниите на одговорноста која како бизнис сектор ја имаат кон општеството во кое создаваат профит.
Нашата визија е дека само здружени можеме да направиме големи промени.
Нема среќна иднина за едно општество, без среќни, едуцирани и образовани деца.Токму затоа нашиот фокус е на градење можности за нив. Проект Среќа, има своја дата база со над 1200 регистрирани деца членови, од цела земја, со кои континуирано работи, и ги вклучува во проектите, но и им асистира во секојдневните потреби.
СОРАБОТКА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
застапник
Кристина Арнаудова Петровски
активни волонтери
20
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани за демократија Тогетхер Мацедониа Битола
веб:
/
е-mail:
togethermacedonia@gmail.com
телефон:
078/208-567
адреса:
Ул. Анести Пановски 111, 7000 Битола
ДЕЈНОСТ
Together Macedonia е невладина организација формирана во Битола во 2007 година. Како организација која за мисија и цел има да ја олесни меѓусебната соработка на млaдите со различни профили, меѓуетничка соработка, сограѓанство, мир и толеранција, запознавање на другите култури, вредности и обичаи, подигање на јавната свест и зајакнување на граѓанското општество во Република Македонија, унапредување на процесот на мобилнст на младите луѓе, унапредување на личниот и професионален развој на младите луѓе во Република Македонија, поттикнување на креативноста кај младите луѓе, зајакнување на улогата и капацитетите на НВО и укажување на потребните и можни реформи во институциите, промовирање на евро-атланските вредности, демократија, пазарна економија, рамноправност, еднаквост и недискриминација и како организација која работи на локално и интернационално ниво, организираме локални активности од различен карактер како јазични курсеви, изложби, работилници на различни тематики, организирање на локални настани, учество во локални настани, развивање на волонтерството на локално ниво и интернационални активности како младински размени, семинари и обуки, ЕВС европски волонтерски сервис.
СОРАБОТКА
Здружение за еднакви можности Семпер; Организација на жени на општина Битола; Здружение на жени Престиж; Женска граѓанска иницијатива Клеа; Центар за човекови права Амос; ИТ Креатив; Здружение за заштита на правата на жените Ернестин; Корали; Црвен Крст Битола; Имка Битола; МКЦ Битола; Баирска светлина Битола и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Национален Младински Совет на Македонија-национално ниво,
Together Network-интернационално ниво.
застапник
Никола Ивановски
активни волонтери
10
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на жени ,,Интегра,,
веб:
/
е-mail:
vladinka_s@yahoo.com
телефон:
075 454 163
адреса:
,,4.јули,, 186-3/10 Кичево
ДЕЈНОСТ
Активности против секој вид дискриминација,заштита на животна средина,локален развој во секој поглед
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Стојаноска Владинка
активни волонтери
7
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на креативни индивидуалци ,,НОВ БЛЕСОК“ Битола
веб:
/
е-mail:
comu1710@yahoo.com
телефон:
075/296-677
адреса:
Ул.12-та бр.22 Битола
ДЕЈНОСТ
Подигнување на јавната свест и зајакнување на граѓанското општество во Република Македонија, зајакнување на улогата и капацитетите на НВО и укажување на потребните и можни реформи во институциите - промовирање на евроатланските вредности, демократија, рамноправност, еднаквост и недискриминација.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Александар Цветановски
активни волонтери
/
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение-Институт за општествени програми Лануа Скопје
веб:
/
е-mail:
lanua_institute@yahoo.com
телефон:
078 352 221
адреса:
ул. Борис Трајковски бр. 1/1-64 општина Кисела Вода, Скопје
ДЕЈНОСТ
Шифра на дејност - 10.9 Останати општествени организации, фондации и здружение на граѓани

Лануа ги има следните задачи во рамките на областите во кои дејствува:

1) Следење и давање придонес за унапредување и развој на постојниот политички, општествен, социјален, економски и образовен систем во Република Македонија, во согласност со најновите меѓународни практики и европски директиви и уредби;
2) Работи на стандардизација на праксата во финансиското известување, политичкиот систем, социјалниот живот, социјалната рамноправност, социјалната правичност и еднаквост, образовниот систем, мирот, безбедноста и стабилноста во Република Македонија;
3) Самостојно или во соработка со други организации, организирање обуки, работилници, советувања, конференции, симпозиуми и семинари или други облици на едукација со цел поттикнување и примена на стандардите на ЕУ и НАТО во областите во кои што дејствува;
4) Соработка со други невладини организации во земјата и странство, на локално, национално и меѓународно ниво заради континуиран професионален развој во своите области;
5) Соработка со поединци или организции, образовни институции, државни органи, органи на државната управа, регулаторни органи и тела, и другите стручни и професионални организации во земјата или странство, во областите во кои што дејствува, заради остварување на своите цели;
6) Соработка со стопанствениците во рамките на своите области;
7) Организирање на едукативни кампањи и активности во насока на примена на основните начела на областите во кои што дејствува и реализација на целите на Лануа;
8) Учество во проекти, истражувања, извештаи и нивно објавување, објавување на билтени, брошури, книги, видеа, ЦД, електронски медиуми и други изданија во рамките на своите области;
9) Проучување, иницирање, промовирање и лобирање за подобрување или измени на легислативата во интерес на развој и унапредување на дејностите што Лануа ги промовира и заштитува;
10) Организација на активности за членовите преку структурите на Лануа, и обезбедување на наставни, образовни, консултативни и други услуги за членството на локално, национално и меѓународно ниво заради континуиран професионален развој;
11) Основање и поддршка на добротворни организации и институции, донирање, гарантирање на средства за добротворни цели кои што се поврзани со целите на Лануа;
12) Реализација на своите цели и задачи врз основа на прифаќање, имплементирање и почитување на домашните и меѓународните (универзалните) норми во областите во кои што Лауна дејствува;
13) Други цели од соодветните области.
СОРАБОТКА
-Здружение за поттикнување и промоција на информатиката „Асоцијација на студенти и информатичари“ -Скопје (АСИ)
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Емил Димитриев
активни волонтери
25
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Крводарителско хуманитарно здружение ,,СВЕТЛОСТ – Б“, Штип
веб:
/
е-mail:
nadica@bargala.com.mk
телефон:
071/351-893
адреса:
Гоце Делчев 44 Штип
ДЕЈНОСТ
Организирање и спроведување на хуманитарни крводарителски акции на домашно и републичко ниво, развивање, едукација и поттикнување на хуманоста, соработка со крводарителски клубови.
СОРАБОТКА
Во основа со невладини здруженија и крводарителски клубови, здравни установи Трансфузиологија и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
/
активни волонтери
/
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Национална фондација за развој на граѓанско општество ГРАЃАНСКИ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР Скопје
веб:
www.rcgo.mk
е-mail:
info@rcgo.mk
телефон:
072-248-476
адреса:
Никола Парапунов 41а, Скопје
ДЕЈНОСТ
/
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Валентина Величковска
активни волонтери
вработени
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ПОДОБРА ИДНИНА
веб:
/
е-mail:
podobraidninapr@hotmail.com
телефон:
071/306-250
адреса:
ул. Велко Влаховиќ бр. 3/13 - Пробиштип
ДЕЈНОСТ
Едукација на младите во општествено политичкиот живот и заштита на животна средина.
СОРАБОТКА
Со Фондацијата ЕВРО ЦЕНТАР - Свети Николе и ФОРОП - Свети Николе.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Мрежа за поддршка на млади претприемачи.
застапник
Игор Манасов
активни волонтери
20
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Регионален центар за застапување
веб:
www.rcz.delcevo.org.mk
е-mail:
rczdelcevo@gmail.com
телефон:
077 523 981
адреса:
Методи Митевски Брицо, 17 , Делчево
ДЕЈНОСТ
Здружението на граѓани Регионален Центар за застапување (РЦЗ) е формирано како резултат на трансформација на Центарот за поддршка на невладини организации-Делчево. Основано во октомври 2006, со седиште во Делчево. РЦЗ-Делчево е непрофитна, невладина и непартиска организација основана со слободно здружување на граѓаните претставници на НВО, претставници нa бизнис секторот и претставници на локалната власт, со цел да се продолжи со основната функција која ја имаше ЦП НВОДелчево, зајакнување на граѓанското општество. Мисијата на РЦЗ произлегува од потребата на организација во регионот која ќе дава поддршка за соработка и вмрежување на трите сектори во регионот за идеи и проекти, ќе ги застапува политиките и интересите на субјектите од регионот пред донатори и институции, ќе координира и информира за меѓугранична соработка, ќе едуцира и информира за Европската унија. Нашите стратешки цели се континуирана поддршка на НВО од регионот, унапредување на меѓугранична соработка руралниот развој, едукација и информирање, овозможување на јавноста од регионот на едно место да најдат добро организирани извори на информации за Европската унија, нејзините институции, активности и политики, законски рамки, документи и публикации, програми и процес на донесување на одлуки. Програмите на делување на РЦЗ опфаќаат делување на полето на граѓанско општество е продолжена мисија на ЦП НВО Делчево за зајакнење на капацитетите на НВО од регионот. Потоа, меѓугранична соработка и рурален развој, како и задоволување на потребата за информирање на популацијата од регионот за ЕУ и процесот на интеграција на Македонија во ЕУ. Клучни активности во нашата работа се пружање на НВО лепеза од услуги како: организирање обуки и тркалезни маси, информирање за конкурси, фотокопирање, скенирање, интернет, библиотека и дневен печат, телефон и факс, сала за состаноци, опрема за презентација, превод, консултации и помош за изработка на проекти, активности за промоции на ЕУ фондови итн. Наши целни групи се НВО од регионот, Единиците на локална самоуправа од регионот, граѓаните од регионот и од Република Македонија, НВО, локални влади и институции од Република Бугарија.
СОРАБОТКА
Македонско здружение за заштита при работа, ПредаПлус, Метаморфозис, МИМ,МКМ, Швајцарска агенција за развој и сите здруженија на локално и регионално ниво
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Prepare, Avalon, BalkanOSH, ЛАГ Малеш Пијанец, Мрежа за рурален развој на Македонија
застапник
Тони Стоименовски
активни волонтери
20
вработени
3 (со договор на дело)
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Фондација Балканска мрежа за развој на граѓанско општество
веб:
http://www.balkancsd.net/
е-mail:
executiveoffice@balkancsd.net
телефон:
+38926144211
адреса:
Улица Македонија 43-1/9
ДЕЈНОСТ
Балкански мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) е мрeжа од 14 граѓански организации од југоисточна Европа (вклучувајќи ја и Македонија), регистрирана како фондација во 2009 во Скопје. Мисијата на БЦСДН е зајакнување на граѓанското општество и влијание на политиките поврзани со овозможувачка околина за развој на граѓанско општество, со цел обезбедување на одржливи и функционални демократии на Балканот. БЦСДН е водечка организација за застапување и промовирање на овозможувачка околина на граѓанското општество со препознатлива експертиза во областа. Мрежата тежнее да биде регионален центар со глобално влијание, кој креира и шири знаење и иновации за улогата на ГО во унапредување на демократијата.
СОРАБОТКА
МЦМС- Македонски Центар за Меѓународна Соработка
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Илина Нешиќ
активни волонтери
/
вработени
8
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Развој на граѓанското општество
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Фондација Отворено општество- Македонија
веб:
www.fosm.mk
е-mail:
fosm@fosm.mk
телефон:
02/ 2444 488
адреса:
бул.Јане Сандански бр.111п.фах 378 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
СОРАБОТКА
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
застапник
Фани Каранфилова-Пановска
активни волонтери
вработени

Мени за пристапност