Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Здравје и здравство

Листа од невладини орагнизации од сектор Здравје и здравство

 

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
БОРКА - за секој нов ден
веб:
www.borka.org.mk
е-mail:
info@borka.org.mk
телефон:
076/496-450
адреса:
11 Октомври бр.24/2-4 Скопје
ДЕЈНОСТ
Активностите на Здружението “Борка - за секој нов ден” се насочени кон актуелизирање на можностите за борба против сите видови на рак и создавање на здрава популација, свесна и информирана за начините на стекнување на рак, потребите од претпазливост и навремени интервенции, а со единствена цел – ракот во Република Македонија да се третира како потенцијално излечива болест.Следејќи ги најдобрите искуства од другите земји, но воедно почитувајќи ги специфичните состојби на македонското здравство, преку различни форми на едукација, информирање, поддршка и интеракција, Здружението БОРКА ќе придонесе за значително намалување на бројот на заболени од рак, како и зголемување на бројот на лица кои ја победиле оваа болест. Присутноста на повеќе видови на рак кај населението во Македонија, како и зголемувањето на бројот на заболени од рак е сериозен проблем и бара подигнување на свеста кај целокупната јавност, особено кај помладата популација за потребата од претпазливост, сериозен пристап, навремено откривање и лечење, поддршка на пациентите и промоција на нови достигнувања во медицината. Од тие причини Здружението БОРКА е насочено и кон поддршка на здравството во Република Македонија, неговите институции, НВО секторот, како и меѓународните организации и институции во напорите за спроведување на реформите во оваа област во земјата, односно создавање на силно и функционално здравство, пред се институции кои во целост ќе ги задоволат потребите на граѓаните и ќе пружат соодветна поддршка и грижа на пациентите.
СОРАБОТКА
Здружението константно соработува со следните здруженија и организации: Животна искра, Хепар Центар, Живот со предизвици, Пеперутка, СОЖМ, ХПВ Македонија и други. Борка е еден од оснoвачите на Алијансата на Пациентски организации (АПО).
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Европска коалиција за превенција од рак на дојка ЕУРОПА ДОНА, Европска асоцијација за превенција од рак на дебело црево-ЕУРОПАКОЛОН, Европска асоцијација за превенција од рак на грло на матка-ЕCCA.
застапник
Билјана Додева-Христовска
активни волонтери
11
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ЗДРАВА ИДНИНА Здружение за превенција од кардиоваскуалрни заболувања
веб:
zdravaidnina@yahoo.com
е-mail:
zdravaidnina@yahoo.com
телефон:
072 31 32 77; 070 54 55 60; 070 44 90 11
адреса:
Булевар Видое Смилевски Бато 2Б/влез 1-8
ДЕЈНОСТ
Здружението ги има следните цели и задачи:
- Заштита и унапредување на здравјето на кардиоваскуларните болни кои веќе имале оперативен третман,
- Заштита и унапредување на здравјето на населението
- Превенција на ризиците за кардиоваскуларни заболувања, како најчести причини за морталитет на населението
- Обезбедување на услови за постоперативна рехабилитација на кардиоваскуларни болни, преку работа во група и размена на лични искуства,
Член 12
Своите цели здружението ги исполнува преку следниве задачи на здружението:
- Промоција на правилна исхрана меѓу здравото население и препораки за посебен диететски режим за веќе заболените лица од кардиваскуларните заболувања
- Промоција на нови начини на првенирање и лекување на кардиоваскуларни заболувања
- Промоција на редовна физичка активност за здравите лица и препораки за умерена физичка активност кај веќе заболените лица од кардиоваскуларни заболувања
- Организирање на едукативни програми за превенција на стекнатите срцеви мани.
- Организирање на хуманитарни настани за лица со кардиоваскуларни заболувања со тешка материјална положба
- Промитивни програми за справување со стресот како причинител на коронарната болест во современите услови на живеење
- Обезбедување услови за заштита и унапредување на животната средина и природата, заради остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, во согласност со Уставот и законот.
- Организирање на семинари и едукацијски работилници за населението
- Организирање на списание на здружението каде ќе бидат печатени најновите информации
- Здружението не смее да биде активирано во ниедна политичка кампања
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Претседател Димитар Митев
активни волонтери
ЗДРАВА ИДНИНА во просек годишно има околу 110 активни членови, а Здружението успева да ангажира и околу 15 волонтери
вработени
Нема вработени
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здрав систем-здравје за сите
веб:
/
е-mail:
zdravjezasite@gmail.com
телефон:
075/245-245
адреса:
ул.Народен фронт 5-4/31
ДЕЈНОСТ
Унапредување на здравството и здравствената заштита во нашата држава.
СОРАБОТКА
Со сродните здруженија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Соработка со здруженија од областа на здрвството.
застапник
Борис Наумовски
активни волонтери
4
вработени
0
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение ДОВЕРБА Скопје
веб:
www.doverba.org.mk
е-mail:
doverba@yahoo.com
телефон:
02/30 67 713
адреса:
Ул. Емил Зола 6-2/4 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението ДОВЕРБА е CBO (community based organization), која започна како иницијатива на лица кои живеат со проблемите од користење на дрога (корисници и членови на нивните семејства) поддржана од стручни лица кои работат на медицинскиот третман на зависности. Првична цел на оваа иницијатива беше унапредување на третманот и човековите права на лицата зависни од дроги. Со намера да ја промовира важноста на своето делување во општественото живеење на 17ти Ноември 1995 година се воспоставува структурата на организацијата, а регистрирана е на 5 Април 1996 година.

ВИЗИЈА: Здружението ДОВЕРБА се залага за демократско и толерантно општество во кое, без исклучок, се почитуваат човековите права и слобиди, а граѓаните уживаат здравствена, социјална и економска благосостојба.
МИСИЈА: Почитување и заштита на човековите права на лицата кои живеат со проблемите од употреба на дроги (лица кои користат дроги, лица на третман од болести на зависност, нивни партнери и членови на семејства). Создавање на услови за нивен достоинствен третман, подобрување на квалитетот на нивното живеење, телесното и психичко здравје, како и социјалното функционирање.

Денес ДОВЕРБА е организација која во делот на своето стручно делување покрај залагањата за унапредување на програмите за намалување на штети од употреба на дрога и унапредување на медицинскиот третман, ја разви психосоцијалната поддршка на лицата кои живеат со проблемот на дрога и членовите на нивните семејства, ресоцијализација и социјална инклузија на маргинализирани заедници, превенција на ХЦВ, ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи болести, превенција на туберкулоза од што произлегоа низа услуги кои се на располагање на граѓаните.
 Психолошко советувалиште
 Информативна линија за превенција од употреба на дрога, ХЦВ, ХИВ/СИДА и други крвно преносливи инфекции
 Теренска работа во собиралишта (детекција на скриена популација, корисници на дрога, нивно советување и мотивирање за лекување и намалување на ризично однесување)
 Теренска работа во дом (психосоцијална поддршка во домовите на клиентите, советување, мотивирање за лекување, одржување на апстиненција итн.)
 Услуги од социјален работник
 Групи за самопомош – психосоцијална поддршка на клиентите, групна работа
 Психосоцијален клуб
 Шприц патрола – собирање на инфективен отпад (игли и шприцови расфрлани во нашата околина, односно на места каде се вршело инјектирање на дрога)
Во рамките на превентивните програми ДОВЕРБА воспоставува блиска соработка со локалните власти (Град Скопје, Општина Гази Баба и Општина Аеродром) во делот на образованието. Од 2014 година започна со реализација на информативно едукативни работилници во основните и средните училишта за превенција од дрога, ХИВ/СИДА и туберкулоза.
Воочувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат граѓаните во последно време, нé поттикна покрај постоечките да работиме на развивање програми насочени кон превeнција од употреба на алкохол, тутун, клубските дроги, енергетски пијалоци, интернет и видео игри. Наскоро треба и целосно да се официјализираат овие намери во една заедничка рамка на здрави животни стилови.
СОРАБОТКА
Денес ДОВЕРБА е организација која активно учествува во граѓанското општество и има развиено соработка со низа организации од граѓанскиот сектор:
• Здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје;
• Здружение ХОПС - Опции за здрав живот Скопје;
• Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје;
• СТАР – СТАР Скопје;
• ПУЛС – Куманово;
• ХЕЛП – Гостивар;
• ОПЦИЈА – Охрид;
• ЗОНА – Кавадарци;
• Младински клуб – Штип;
• Здружение на социјални работници на Град Скопје;
• ЕГАЛ и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- Основач на Македонската мрежа за намалување на штети;
- Членка на Националниот координативен механизам (НКМ) уште од неговото основање во 2003;
- Членка на Платформата за застапување за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ;
- Членка на Македонската платформа против сиромаштија;
- Членка на Координативното тело за дроги на Град Скопје.
застапник
Атанас Божиновски
активни волонтери
17
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение МАЈНДС МЕТЕР Гевгелија
веб:
ngomindsmatter.weebly.com
е-mail:
mindsmatter080@gmail.com
телефон:
078 562 817
адреса:
ул.Солунска бр. 21 Гевгелија
ДЕЈНОСТ
Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место. Подигање свест за ментално здравје кај сите.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Драгана Занова
активни волонтери
5
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение ХОПС - Опции за здрав живот Скопје
веб:
www.hops.org.mk
е-mail:
hops@hops.org.mk
телефон:
02/3246-205, 02/3246-210
адреса:
Ул. Христо Смирненски бр.48-1/6
ДЕЈНОСТ
ХОПС - Опции за здрав живот е здружение кое започна со работа во 1997 година како прв проект во Република Македонија за размена на стерилна опрема за инјектирање. Од тогаш има развиено програми за: намалување на штетите од употреба на дрога, поддршка на сексуални работници/чки, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи болести, превенција на туберкулоза, социјална реинтеграција и ресоцијализација на ранливи и маргинализирани заедници во Република Македонија. Во мометот ХОПС своите активности ги реализира преку три програми:

1. Програма сервиси која опфаќа директна работа со корисниците на услуги (корисници/чки на дроги, сексуалните работници/чки и нивните семејства) на терен што се одвива на територијата на Град Скопје, како и во центрите на ХОПС. Програмата опфаќа широк спектар на услуги чијашто главна цел е да овозможи зголемување на достапноста на здравствената заштита и да ги унапреди правата поврзани со здравјето на луѓето, како и да придонесе во процесот на нивно социјално вклучување како полноправни граѓани на Република Македонија коишто ги уживаат своите човекови права и активно учествуваат во животот на заедницата.

2. Програма ЦЕДИ (Центар за едукација, документирање и истражување) која овозможува поддршка во функционирање на програмата Застапување и програмата Сервиси преку прибирање и анализа на податоци и документирања што ќе даваат ажурен преглед на состојбата и потребите кај целните групи/корисниците, како и преку изработка на документи, студии, извештаи и предлози за подобрување на постоечките и/или за воведување на нови политики од важност за корисниците. Исто така, оваа програма овозможува едукација на претставници на институции, студенти, новинари, други здруженија и персоналот на организацијата со цел зголемување на нивните знаења, но и јакнење на нивните вештини за работа со корисниците. Програмата се реализира преку три посебни програмски аспекти: едукација, документирање и истражување.

3. Програма застапување која опфаќа различни аспекти поврзани со политиката на дроги, регулирањето на сексуалната работа, третманот на корисниците, застапеноста на корисниците како креатори на политики и донесувачи на одлуки, финансиската поддршка која државата ја дава на програмите за лекување, намалување на штети, рехабилитација и ресоцијализација.


ХОПС е добитник на Меѓународната награда за ХИВ/СИДА и човекови права за 2010 година, која ја доделуваат Канадската правна мрежа за ХИВ/СИДА - (www.aidslaw.ca) и Human Rights Watch – www.hrw.org

МИСИЈА-Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.

ВИЗИЈА-Општество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
СОРАБОТКА
Промовирајќи ја важноста на граѓанскиот сектор во процесот на демократското управување ХОПС даде иницијатива и поддршка за основањето на седум нови здруженија на граѓани и тоа: ХЕРА, РОНДО – Музичко училиште, ЛИМ – ПИД – Здружение за развој на уметноста и културата, ПАСАЖ – Асоцијација за заштита на правата на корисници на дрога, Младински центар ПОГОН, ЗОНА – Кавадарци, Младински клуб – Штип и СТАР – СТАР – Скопје.

Покрај овие организации соработува и со: ЕГАЛ, Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Здружение за заштита на правата на детето, Црвен крст на Република Македонија, Национален младински совет на Македонија, ХЕЛП-Гостивар, Опција-Охрид, Пулс-Куманово, Центар за развој и унапредување на јавниот живот-Тетово, Виа Вита-Битола, Ц’дрим, Сумнал, Ромски ресурсен центар, Ц.С.И. Надеж, Реактор и други.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- Член и Раководител на областа за намалување на штетите од употреба на дроги при Координативно тело за дроги на Град Скопје;
- Основач на Локалниот експертски центар за дроги на Град Скопје;
- Еден од основачите на Коалицијата за намалување на штетите од употреба на дрога за Југоисточна Европа и организатор на Првата Конференција за намалување на штетите за Југоисточна Европа која се одржа во Скопје на 10-ти декември 1999 година;
- Основач на Македонската мрежа за намалување на штети;
- Основач на Коалиција ,,Сексуални и задравствени права на маргинализирани заедници‘‘;
- Член на Националниот координативен механизам (НКМ) уште од неговото основање во 2003;
- Член на Civil Society Forum on Drugs при Европската Комисија во Брисел
- Член на Меѓународната организација за намалување на штети од употреба на дроги (ИХРА);
- Член на Националната комисија за ХИВ/СИДА на Република Македонија;
- Член на Европската мрежа за намалување на штети;
- Член на Mрежата за Застапување на правата на сексуални работници во Централно – Источна Европа и Централнa Азија (SWAN);
- Член на ICRSE – international Committee for the rights of sex workers in Europe;
- Член на NSWP-Global Netwotrk of sex work projects
- Член на ИДПЦ - International Drug Policy Consortium;
- Член на Националната комисија за туберкулоза на Република Македонија;
- Член на Civil Society Forum on HIV/AIDS при Европската Комисија во Брисел
- Член на Делегацијата на здруженија на граѓани од земјите во развој во Управнот Одбор на Глобалниот Фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.
застапник
Христијан Јанкулоски
активни волонтери
2
вработени
49
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за ментално здравје Асоцијација Мисла - Скопје
веб:
www.misla.org.mk
е-mail:
info@misla.org.mk
телефон:
070 697 839
адреса:
ул. Рокомија бр.84a, Бутел - Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението за ментално здравје „Асоцијација Мисла“ – Скопје се занимава со застапување и поддршка на лица со ментални болести. Во групата на лица со ментални нарушувања влегуваат значително повеќе лица покрај оние кои биле хоспитализирани или им е одредена дијагноза од страна на психијатар.
Конституенти на Здружението се луѓето кои имаат искуство со ментални нарушувања и членовите на нивните семејства. Во здружението како конституенти односно лица со ментални болести се јавуваат и членови на здружението, основачи па се до луѓе од раководството на организацијата. Нашето здружение не се ограничува само на застапување на основните конституенти туку ќе настојува во својот делокруг на работење да вклучи и други маргинализирани групи во општеството.
СОРАБОТКА
-Македонски центар за меѓународна соработка;
-Фондација Барка од Полска;
-Армија на спасот од Чешка;
-Здружение АРНО;
-Здружение Солем;
-СИЕЦ Македонија;
-Помош за хендикепирани и сиромашни Прилеп;
-Гешталт тренинг институт за хумана соработка;
-Комора на психолози на Македонија;
-Здружение Љубезност;
-Центар за општествени истражувања и развој Призма;
-Здружение Хуман свет;
-Македонско здружение на млади правници.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
-Македонска платформа против сиромаштија;
-Мрежа за финансиска одржливост на граѓански организации;
-Меѓународна мрежа за социјално претприемништво (ISEN).
застапник
Димитар Илчов
активни волонтери
7
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за помош и ресоцијализација на зависници и други маргинализирани и стигматизирани социјални групи Опција Охрид - Охрид
веб:
https://www.facebook.com/nvoopcija.ohrid
е-mail:
opcijaohrid@yahoo.com
телефон:
046/257-838 и 075/309-774
адреса:
Седиште: ул. ,,Марко Несторовски,, 224 Охрид Адреса: Т.Ц. Охриѓанка локал бр.23, Охрид
ДЕЈНОСТ
Здружението Опција-Охрид од Охрид е невладина, непрофитна и непартиска организација, формирана 2002 година. Од 2005 година, работи на Проектот ,,Одржување ниска ХИВ преваленца во Р.Македонија – одржлив развој,, под супервизија на Министерството за Здравство на РМ, проектот беше финансиран од Глобален фонд за борба против ХИВ/СИДА, Туберкулоза и Маларија. Моментално активно работи на 2 програми : Програми за намалување на штети од употреба на дроги (harm reduction) од 2005 година во Охрид, а од 2015 година во Струга, како и Програма за поддршка на СР и нивни семејства од 2009, a од Октомври 2017 година, активно работи на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија со поддршка од Министерството за Здравство на Р.С Македонија
СОРАБОТКА
Здружението Опција Охрид соработува со сите владини институции во Охрид (Локална самоуправа на Општините Охрид и Струга, Центар за социјална работа, СВР Охрид, КПУ Малолетнички Затвор и Тефериџ Струга, АРМ , Противпожарна служба, ); Медицински институции ( ЈЗУ Општа Болница Охрид, Центар за јавно здравје Охрид, Медицински центар Охрид, Специјална болница за ортопедија и трауматологија Охрид); ОО на Црвен Крст Охрид, Невладините организации (Младински совет Охрид, Локална агенција за развој – Струга , НВО ХОПС , НВО Хепта – Скопје, НВО Хера Скопје , НВО Доверба, Виа Вита Битола, Хелп Гостивар , ИПГ Гостивар, Македонска мрежа за намалување на штети) Фармацевтска куќа Hoffman La Roche – Skopje, Амерички Мировниот корпус - Македонија,
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Членка на Македонската Мрежа за намалување на штети
Членка на SWAN
застапник
Илче Миштакоски
активни волонтери
13
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за развој и унапредување на ромската заедница РОМАНО ЧАЧИПЕ
веб:
Fb-live Romano Chachipe
е-mail:
romanocacipe@yahoo.com
телефон:
022/655-035
адреса:
Ул:Виничка број: 28
ДЕЈНОСТ
Здружението за развој и унапредување на ромската заедница РОМАНО ЧАЧИПЕ од Скопје дејствува на територија на Р.С.Македонија. Здружението е формирано на 13.06.2018 година. Се организира за подрачјето на општина Шуто Оризари, здружението со своето дејствување може да се проширува на локално и национално ниво и може да соработува со организации, здруженија фондации и институции и да членува во асоцијации во земјата и странство согласно со уставот и законот на Р.С.Македонија.
Здружението работи во делот на социјална отчетност, параправно зајакнување за роми кои спаѓаат во ранлива група, пристап до правда, здравствена заштита, женско репрудуктивно здравје. Мисијата на здружението се формулира на следниот начин: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница РОМАНО ЧАЧИПЕ од Скопје е доброволно,непрофитно,невладино,непартиско здружение на граѓани основано од слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на нивните интереси за промоција на граѓанското општество и локалните заедници, како и за спроведување на активности за унапредување на човечките морални вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој во Македонија и пошироко во согласнот со Уставот и законите.
СОРАБОТКА
Фондација отворено општество Македонија
Здружение за еманципација и солидарност ЕСЕ
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
ИРИЗ ,КХАМ Делчево,ХОПС,ХЕРА.
застапник
Kемаил Исмаил
активни волонтери
5
вработени
14
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на бубрежно болни граѓани Нефрон Скопје
веб:
www.nefron.mk
е-mail:
zdruzenienefron@yahoo.com
телефон:
02/3225899
адреса:
Ул.11 Октомври бр.17, Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН Скопје е основано на 23.04.2003год. во Скопје од група на пациенти на дијализа и доктор, a со рег.број. 1568 е запишано во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации при Основниот Суд Скопје 1 и на ден 09.06.2003год. кога се стекнува со својство на правно лице. Во април 2011 год. согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации ( Службен весник бр.52/2010) е извршена задолжителна пререгистрација на здружението и е запишано во Надлежен Регистар на здруженија и сојузи при Централен Регистар на Република Македонија со организационен облик 10.9 (останати општествени организации, фондации и здружение на граѓани) со дејност 94,99 (организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место) .
Здружението НЕФРОН ги застапува интересите и барањата на 1600 пациенти на дијализа кои се дијализираат во 23 Центри за дијализа низ Македонија, на пациентите на перитонеална и домашна дијализа, на над 200 трансплантирани граѓани, дарители на органи и други останати членови.
Основни цели на Здружението Нефрон се:
- да се залага за обезбедување на што поквалитетно лекување со дијализа и трансплантација;
- да се залага за превенција, рано откривање и соодветен третман на бубрежните заболувања;
- да обезбеди и спроведува едукација, остварување и унапредување на правата на членството;
- да се грижи за подобрување на квалитетот на живеење на пациентите на дијализа и трансплантираните лица ;
- да спроведува проекти, организира настани и го да мобилизира членството;
- да се залага за развој и унапредување на кадаверичната трансплантација и дарувањето органи ;
- да соработува со надлежните здравствени организации и други државни институции, како и слични невладини здруженија, организации и асоцијации,
- да се залага за промоција и развој на дарувањето органи во државата,
- да соработува, членува и да ги промовира своите цели надвор од државата преку членства и соработки со меѓународни организации, асоцијации и федерации.
Своите цели и активности Здружението ги остварува преку реализаирање на конкретни активности, спроведување заеднички проекти на членовите, организирање заеднички трибини, тркалезни маси и едукации, состаноци и посети во Центрите за хемодијализа, издавање на едукативни матерјали, настапи во медиумите, обезбедување на донации и спонзорства за подобрување на условите за лекување во Центрите за дијализа (апарати, фотељи и сл.) и за реализирање на зацртаните цели, вклучување во работни тела за дијализа и трансплантација во институциите, следење и унапредување на законската регулатива за бубрежно болните, трансплантираните и органодарителите и др .
СОРАБОТКА
Живот со предизвици, Борка, Сојуз на дијабетичари, Граѓански ресурсен центар и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
SEEN Transplant – Мрежа на организации на дијализирани и трансплантирани на Југоисточна Европа
ETDSF- Европска спортска федерација за дијализирани и трансплантирани
застапник
Душко Ѓорѓиев
активни волонтери
30
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани Асоцијација за Пулмонална хипертензија „Момент Плус“ - Гевгелија
веб:
www.phmomentplus.com.mk
е-mail:
phmomentplus@gmail.com
телефон:
077/883-540
адреса:
Ул. Танче Камберов бр. 29 Гевгелија
ДЕЈНОСТ
Асоцијацијата ,,Момент плус‘‘ е формирана 10.10.2013 година од лица со Пулмонална хипертензија и нивните семејства, поддржувачи и соработници.
Дејностите на делување на здружението се:
- здравство и здравје на лицата кои живеат со Пулмонална хипертензија (во медицината постои терминот Зебра за оваа дијагноза како компарација за редок вид и ретка дијагноза);
- заштита на луѓето со Пулмонална хипертензија;
- запознавање на општеството со карактеристиките на заболувањата, профилактиката или превентивната медицина, дијагнозата, лечењето, и рехабилитацијата на Пулмоналната хипертензија и со физиолошките и психолошките последици од нив;
- Подигнување на свеста за постоењето на Пулмоналната хипертензија во Република Македонија - како ретка и потенцијално смртоносна болест на белите дробови во која артериите на белите дробови се стеснуваат што резултира висок крвен притисок во белите дробови;
- формирање на специјализирани медицински центри (ПХ центар), каде што пациентите на Пулмонална хипертензија можат да бидат навремено дијагностицирани и третирани, со стручни доктори кои ќе работат во областа на подобрување на лечењето пациенти со Пулмонална хипертензија;
- полесен начин до препорачаните лекови и покривање на трошоците за лекување од страна на здравственото осигурување;
- помагање, обединување, насочување и информирање на луѓето со Пулмонална хипертензија и нивно адаптирање во општеството;
- помагање на професионален развој и квалификации на докторите во областа поврзана со профилактика, дијагностика, лечење и рехабилитација од Пулмонална хипертензија;
- помагање на членовите при извршување на професионалните активности;
- насочување, помагање и развој за истражување на пулмоналната хипертензија во Република Македонија;
- контакти со слични организации во Република Македонија и странство;
- контакти и дијалог меѓу здружението и раководните органи и институции во Република Македонија, во однос кон пулмоналната хипертензија (Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика);
- преземање на мерки за надминување на емоционалните последици од болестите, професионални преквалификации и социјална рехабилитација на луѓето со Пулмонална хипертензија.
СОРАБОТКА
(PHA) Европа каде членуваат 33 држави, Американска асоцијација за PHA, USA, ELF- Европска фондација за бели дробови, ERS - Европско здружение за респираторен систем, RARECONEKT - Амбасадорски EURORDIS - Европско здружение за ретки болести, Здружение на граѓани со коагулопатии Хемо – Вил - Илинден, Здружение на граѓани за ретки болести – Живот со предизвици - Битола, Алијанса за посебни потреби – Гевгелија и Национална алијанса за ретки болести – Бугарија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
(PHA) Европа каде членуваат 33 држави, Американска асоцијација за PHA, USA, ELF - Европска фондација за бели дробови, ERS - Европски здружение за респираторен систем, RARECONEKT - Амбасадорски EURORDIS - Европско здружение за ретки болести, Македонска платформа против сиромаштија и Национална алијанса за ретки болести на Република Македонија.
застапник
Ѓургица Ќаева
активни волонтери
15
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани Зона Кавадарци
веб:
www.zonakavadarci.org.mk
е-mail:
zonakavadarci@yahoo.com
телефон:
043/417-799; 077/705-706
адреса:
Кавадарци, ул. Благој Крстиќ бб
ДЕЈНОСТ
Здружението на граѓани ЗОНА - Кавадарци е невладина, непрофитна и непартиска организација. Формирано е во 2003 година на територијата на општина Кавадарци. Активно работи на програмите за намалување на штети од употреба на дроги на ниво на општина Кавадарци од 2005 година. Работата и активностите на здружението се однесуваат на намалување на штетните последици од дроги и други психоактивни супстанции, работа и едукација со корисници на дроги, примарна превенција на ХИВ, вирусите на Хепатит Б и Ц, соработка со невладини организации, здравствени служби и социјални центри со цел да се подобрат стандардите и односот кон корисниците на дроги, спроведување на истражувања за состојбата на користење на дроги, како и промовирање алтернативни правци во областа на културата и уметноста. Во моментов активно работи на програмите за намалување на штети, во чиј склоп спроведува и бесплатно, доверливо и доброволно советување и тестирање за ХИВ и Хепатит Ц. Со коалициjа СЕГА работи на спроведување на младински политики.
СОРАБОТКА
- Министерство за Здраство;
- Глобален Фонд;
- Локална Самоуправа – Кавадарци;
- Македонска мрежа за намалување на штети;
- НВО ХОПС Скопје;
- НВО Опција Охрид;
- НВО Хера Скопје;
- Коалиција на младинска организација СЕГА.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
НВО Зона Кавадарци е членка на Македонската мрежа за намалување на штети од 2005 година.
застапник
Никола Деков
активни волонтери
6
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола
веб:
http://challenges.mk/
е-mail:
zivotsopredizvici@gmail.com
телефон:
070/705-446
адреса:
Ул. Борис Радосавлевиќ – Гоце 12, Битола
ДЕЈНОСТ
Здружението за ретки болести е непрофитно здружение на пациенти и родители со ретки болести, формирано во 2009 година. Нашата организација е создадена првично за помош и поддршка на пациенти и семејства со ретки болести кои се соочуваат со најразлични предизвици, започнувајќи од утврдување на дијагноза, достапност на соодветен третман и нега (лекови, ортопедски помагала, суплементи, физикална терапија, асистенти) и социјални услуги.
Визијата на нашата организација е постигнување на најдобар можен квалитет на живот на пациентите и семејствата со ретки болести преку најдобри можни и достапни социјални и здравствени услуги. За да ја оствариме визијата започнавме со активности за подигнување на јавната и институционалната свест со кои продолжуваме секоја година, постигнувајќи огромна поддршка при застапување и лобирање за правата на оваа група на пациенти и семејства.
Нашата мисија е креирање на решенија и политики и спроведување на активности за подобрување на квалитетот на живот на пациентите и семејствата со ретки болести.
СОРАБОТКА
На национално ниво: БОРКА – Здружение за борба против рак, ПЕПЕРУТКА - Македонско здружение за борба против ракот и леукемијата кај децата, Здружение на граѓани за поддршка на лица со ретка болест ВИЛСОН Македонија, Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.М – ЕСЕ, Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ, Здружение на родители на деца со ретки невролошки болести КОКИЧИЊА, Македонска асоцијација за крон и улцерозен колитис МАКУК, Асоцијација за пулмонална хипертензија момент МОМЕНТ ПЛУС, Здружение на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лица со физичка и ментална попреченост НОВА ИСКРА, Невладина организација за ревматизам и артритис НОРА, Здружение на лица со даунов синдром ТРИСОМИА 21, Здружение на пациенти со Хередитарен ангиодем ХАЕ Македонија, Здружение на Хемофиличари, Здружение за Хемофилија, ВонВилебранд и ретки коагулопати - ХЕМОЛОГ
На регионално ниво: Национална Организација за Ретки Болести – Србија, Здружение за ретки боести Босна и Херцеговина, Национална Алијанса за луѓе со ретки болести – Бугарија, Хрватски Сојуз за ретки болести, Здружение на болни од Гоше – Словенија.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ е полноправен член на НАРБМ – Национална Алијанса за Ретки Болести на Република Македонија, ЕУРОРДИС (Европска Организација за Ретки Болести), ЕГА (Европска Гоше Алијанса), МДС – Интернационална Алијанса за Миелодиспластичен Синдром, ИПА – Интернационална Помпе Организација, ИАПО – Интернационална Алијанса на Пациентски Организации, Коалиција за рак Македонија.
застапник
Весна Алексовска
активни волонтери
30
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на граѓани со коагулопатии ХЕМО - ВИЛ Илинден - Илинден
веб:
hemo-will.weebby.com
е-mail:
hemowill13@gmail.com
телефон:
078/494-986; 071/796-247
адреса:
Ул.23 бр.36 Илинден 1041, Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението е формирано во 2016 година од страна на лица со коагулопатии и нивните семејства, заради застапување на интересите и заштита на правата и потребите на лицата со коагулопатии во Република Македонија.

Основни цели и задачи на Здружението се:

- Грижа за подобрување на здравствената состојба на лицата со коагулопатии;
- Информирање за новите начини и практични достигнувања во третманот на лицата со коагулопатии;
- Лобирање пред надлежни институции за обезбедување на адекватна дијагностика, третман и грижа за лицата со коагулопатии;
- Соработка со здравствени институции за подобрување на дијагностиката и третманот на лицата со коагулопатии, како и подигнување на здравствената свест за лицата со коагулопатии и нивните семејства;
- Подигнување на јавната свест за проблемите на продолжено крварење;
- Соработка со други здруженија, фондации и организации;
- Едукација на лицата со коагулопатии и нивните семејства;
- Изработка на водичи за третман на лицата со коагулопатии;
- Изработка на проекти;
- Реализација на други заеднички интереси што не се предвидени со статутот на здружението, а ќе бидат утврдени со посебен план или програма на здружението.
СОРАБОТКА
АПХ „Момент Плус“ Гевгелија
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Македонска платформа против сиромаштија и Национална алијанса за ретки болести на Република Македонија.
застапник
Ирена Ѓурчиновска
активни волонтери
20
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на дијабетичари ЗД Мост - Скопје
веб:
е-mail:
Zdmost@yahoo.com
телефон:
070 267 133
адреса:
Владимир Комаров 18 б-34 Скопје
ДЕЈНОСТ
-Заштита на лицата со дијабетес при остварување на нивните здравствени интереси поврзани со дијабетесот
-Грижа за лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис на истите
- Подигнување на свеста кај граѓаните за дијабетесот;
- Унапредување на едукацијата, мотивацијата и превенција од дијабетес
-Едукација на семејствата а во соработка со сите стратешки партнери и надлежни институции во земјата.
-Кампања за подигнување на свесноста на матичните лекари за пополнување на регистарот за пациенти со дијабетес,
- Грижа за достапноста на нови терапевски и дијагностички методи
- акции за спречување на хронични компликации од дијабетесот во согласност со здравствени органзиации;
- организирање трибини, дебати, форуми, работилници, кампањи, јавни расправи и регионални средби за поцелосно и редовно информирање на граѓаните;
СОРАБОТКА
Здружение на општина Битола; Сојуз на здруженија на дијабетичари на С.Македонија
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Олгица Шекеринова
активни волонтери
8
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ЗА НАС Скопје (ЗМСТАС ЗА НАС Скопје)
веб:
Во изработка (до тогаш се користи Facebook: https://www.facebook.com/zanas.zmsta/ )
е-mail:
zanas.zmsta@gmail.com
телефон:
070/406-927, 070/406-932
адреса:
Ул. „11-ти Октомври“ бр.17; 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
ЗМСТАС ЗА НАС Скопје врши подигање на јавната и институционалната свест за работното место медицинска сестра преку програмски активности за креирање на решенија и политика за подобрување на статутот на медицинските сестри усогласувајки се со стандардите и директивите на Европската Унија.
СОРАБОТКА
Здружение на бубрежно болни граѓани НЕФРОН Скопје -Здружение на дијабетичари АЛЕГРА -Хуманитарна организација ВЕНЕРА Прилеп -Невладина организација Детски свет Нов Почеток Скопје
-Хуманитарна организација ФЕНИКС СМ-ПП Прилеп -Сојуз на Здруженија на дијабетичари на Македонија -Здружение на граѓани РАСТ -Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца ЛУЛКА -Стоматолошки факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје -Здружение за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели ХЕМА Скопје -Здружение на социјални работници на Македонија -Национален совет за родова рамноправност и СОС национална линија за жртви од секакво насилство
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Унија на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки, стоматолошки сестри и лаборанти (составена од ЗМСТА – Славјанка Влахчева, ЗМСТАЛ – Флоренс Најтингејл,
Сојуз на ЗМСТАЛ – Тетово, ЗМСТАЛ Албанци – Гостивар и ЗМСТАЛ – Гостивар и ЗМСТАС – За Нас кое воедно е и предводник на Унијата).
застапник
Претседателка Г-а Горданка Бешлиовска
активни волонтери
60 - 70
вработени
2 (хонорарни договори на дело)
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
НВО Палиум Скопје
веб:
/
е-mail:
nvopallium@yahoo.com
телефон:
070-233-836
адреса:
Ул.22 бр.17-В Волково
ДЕЈНОСТ
Подршка и помош на Палијативните пациенти и нивните семејства преку организирање на разни едукативни работилници, трибини и залагање за нивните права. Директна помош и подршка околу информирањето и соработката со надлежните институции во државата и во странство.
СОРАБОТКА
Здружение на пензионери Ѓорче Петров
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Јорданче Јосифов
активни волонтери
7
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Научна фондација СПИРОСКИ
веб:
https://foundationspiroski.eu/ https://www.sfsmdr.mk/
е-mail:
mirko.spiroski@sfsmdr.mk
телефон:
+38923152766
адреса:
Рајко Жинзифов бр. 48, Скопје
ДЕЈНОСТ
Создавање просторни, технички и материјални услови за работа; да издава научни списанија; да ја афирмира науката; да ја поттикнува научната работа; да собира, да типизира, да складира и да разменува податоци за дарители на клетки, ткива и органи
СОРАБОТКА
Цивика Мобилитас
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Мирко Спироски
активни волонтери
10
вработени
5
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Национална Алијанса за ретки болести на Република Македонија - Скопје
веб:
/
е-mail:
retkibolesti@gmail.com
телефон:
070/705-446, 070/258-049
адреса:
Ул. Христо Татарчев 79б/1/18, Скопје
ДЕЈНОСТ
Основана во 2014 година, Националната алијанса за ретки болести на Република Македонија има за цел да овозможи поттикнување и поддршка на реформи во здравствениот систем, во областа на ретките болести во Македонија, во насока на решавање на проблемот со третманот на ретките болести, како и континуираното финансирање на лекувањето. Визијата на НАРБМ е овозможување на најдобар можен квалитет на живот на луѓето кои се соочуваат со ретка болест. Мисијата е промовирање на принципите на еднаквост, солидарност и недискриминација, како и информирање и заштита на правата на луѓето со ретки болести, во Република Македонија и на меѓународно ниво. Заедно се залагаме за третман, нега и услуги кои ни се потребни и креираме решенија за секојдневните предизвици кои доаѓаат со ретките болести. НАРБМ ја започна иницијативата за создавање на Национална стратегија за ретки болести која ќе овозможи долгорочни решенија за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат пациентите и семејствата со ретки болести, преку промовирање на резултатите од европски и светски истражувања, како и преку алатки развиени од европски организации и Европската Комисија. Денес, членки на НАРБМ се 13 организации меѓу кои има организации на пациенти кои претставуваат повеќе од 50 различни ретки болести, како и организации кои работат во полето на правата на пациентите, развој на политики и мотивација на луѓе со инвалидитет.
СОРАБОТКА
На национално ниво:
- Здружение на граѓани за поддршка на лица со ретка болест ВИЛСОН Македонија;
- Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА;
- Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ;
- Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ;
- Здружение на родители на деца со ретки невролошки болести КОКИЧИЊА;
- Македонска асоцијација за крон и улцерозен колитис МАКУК;
- Асоцијација за пулмонална хипертензија момент МОМЕНТ ПЛУС;
- Здружение на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лица со физичка и ментална попреченост НОВА ИСКРА;
- Невладина организација за ревматизам и артритис НОРА;
- Здружение на лица со даунов синдром ТРИСОМИА 21;
- Здружение на пациенти со Хередитарен ангиодем ХАЕ Македонија;
- Здружение на Хемофиличари;
- Здружение за Хемофилија, ВонВилебранд и ретки коагулопати – ХЕМОЛОГ.

На регионално ниво:
- Национална Организација за ретки болести – Србија;
- Здружение за ретки болести - Босна и Херцеговина;
- Национална Алијанса за луѓе со ретки болести – Бугарија;
- Хрватски Сојуз за ретки болести.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Член на ЕУРОРДИС (Европска Организација за ретки болести) како и член на Советот на Алијанси во ЕУРОРДИС.
застапник
Весна Алексовска, Ања Босилкова - Антовска
активни волонтери
20
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Национално здружение за МС Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза
веб:
https://msmakedonija.eu.org/
е-mail:
msmakedonija@gmail.com
телефон:
071 218 870
адреса:
Ул. Франколин Рузвелт бр. 8/37, Скопје
ДЕЈНОСТ
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза (МС). Oсновано е на 20. март 2019 година.

Причина за нашето постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, заложби во насока на обезбедување на сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

МИСИЈА - Мисија на здружението е да го поддржи здравството, надлежните институции, граѓаните, невладиниот сектор, останатите чинители и меѓународните организации и институции во напорите за спроведување на реформи во оваа област во нашата држава.
Нашата цел е активно ангажирање околу потребите на лицата со мултипла склероза, справување нивните проблеми на секое поле, создавање на држава со значително подобар здравствен, социјален, пензиски и инвалидски систем.

ВИЗИЈА - Населението во нашата држава ќе биде информирано за мултипла склерозата, потебата од справување со болеста и навремен третман по дијагностицирањето.
Веруваме дека ќе биде воспоставен силен и функционален здравствен систем, кој ќе биде целосно посветен и фокусиран на пациентите, како и граѓани кои ќе бидат свесни за сопственото здравје.
СОРАБОТКА
- Društvo Multiple Skleroze Srbije (Сојуз за мултипла склероза од Србија);
- MS Platforma Srbije (МС Платформа Србија);
- Savez Društava Multiple Skleroze Hrvatska (Сојуз на Здруженија за мултипла склероза во Хрватска)и
- Голем број пациентски организации во нашата држава: Здружение „Живот со предизвици“, БОРКА – за секој нов ден, Хепар центар, Здружение НЕФРОН, Стоп СМА и други
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- Полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom)
- Членка на Алијансата на пациентски организации (АПО)
- Полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance)
застапник
Ана Карајанова Димитрушева
активни волонтери
5-10
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
САНАТАТЕ-Здружение за подобрување на здравјето преку информации и обуки, Прилеп
веб:
www.neuroped.mk https://neuroped.mk/%d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b5/
е-mail:
sanatate.mk@gmail.com
телефон:
076 438 735
адреса:
ул. 11 Октомври бр. 55/А-11 Прилеп
ДЕЈНОСТ
Лобирање кај надлежните институции за унапредување на здравите животни стилови, соработка со слични организации од земјава и од странство, аплицирање во организациите на Обединетите нации за спроведување на стручни обуки за здравствени работници директно и со ангажирање на стручни лица, подготовка на пишани материјали за воспоставување на здрави животни навики кај децата, промоција на здравје и превенција од болести, заштита на правата на пациентите и други активности од дејноста здравје, здравство и образование.
СОРАБОТКА
Организации на ОН, Здружение на неонатолози на Македонија и други сродни асоцијации
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Габриела Тавчиоска
активни волонтери
/
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија
веб:
www.diabetes.mk
е-mail:
szdm.mk@gmail.com
телефон:
078 344 503
адреса:
Невена Ѓоргиева Дуња бр.6-1/3 Велес
ДЕЈНОСТ
СЗДСМ е сојуз на граѓански организација чија мисија е подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис за истите, едукација на нивните семејства и подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот, во соработка со сите стратешки партнери и надлежни институции во Македонија.
СЗДСМ е водечка организација која ги застапува и претставува интересите на 25 здруженијата на лицата со дијабетес. Организацијата влијае врз подобрување на легислативата, здравствените и општествено - социјалните стандарди на истите, како и за еднаков третман на лицата со дијабетес во Македонија.
Основни цели на СЗДСМ
-Подигнување на свеста кај граѓаните за дијабетесот;
-Учество во реализација на Националната програма за дијабетес;
-Унапредување на едукацијата, мотивацијата и превенција од дијабетес;
-Јакнење на капацитетите на здружнијата во СЗДСМ;
-Институционално зајакнување на СЗДСМ
СОРАБОТКА
25 здруженија на дијабетичари, Хепар Центар, Живот со предизвици, Пеперутка, Национална Алијанса за ретки болести на Република Македонија – Скопје
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Отворено Владино Парнерство
Алијанса на Пациентски Органиации на Македонија
застапник
Димче Велев
активни волонтери
70
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ХЕМА- Здружение за помош и поддршка на пациенти со хематолошки малигни заболувања
веб:
www.hema.org.mk
е-mail:
mirjana.hema@gmail.com
телефон:
078 397 704
адреса:
ул.Методија Шаторов Шарло бр.17/1-50, Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението ХЕМА е доброволна, непрофитна, невладина, непартиска организација формирана со слободно здружување на граѓаните со цел да им понудиме подршка и информации на пациентите, негувателите и семејствата, засегнати од хематолошки заболувања, да лобираме да им се овозможи на овие пациенти да имаат подобар и еднаков пристап до квалитетна и современа терапија и современи третмани на лекување кое им е достапнo на пациентите од Западна Европа и останатите развиени земји. Преку кампањи и други активности да го подобримe квалитетот на живот на пациентите, да ја подигнеме свеста за хематолошките заболувања, со посебен акцент на малигните хематолошки заболувања
СОРАБОТКА
ХЕМА константно соработува со сродни здруженија на национално и меѓународно ниво. Активно соработува со Здружението за борба против лимфом LIPA од Србија, Хрватско здружение за леукемии и лимфоми HULL од Хрватска, Здружение за леукемии и лимфоми Diagnózaleukemie од Чешка Република и други.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
ХЕМА е полноправен член на следните глобални и европски мрежи на пациентски организации:
- Myeloma Patients Europe(MPE)
- Lymphoma Coalition(LC)
- Acute Leukemia Advocates Network(ALAN)
- CML Advocates Network
- CLL Advocates Network
- MPN Advocates Network
- European Cancer Patient Coalition(ECPC)
- EURORDIS
- The MDS Alliance
- World Patients Alliance
- UICC
застапник
Лидија Пецова
активни волонтери
10
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ХЕПА Македонија Национална организација за унапредување на здравјето со физичка активност
веб:
https://www.facebook.com/HEPA.Macedonia/
е-mail:
hepa.mk@yahoo.com
телефон:
078/510-780
адреса:
Козара 68-2/16, 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Зајакнување на напорите и активностите за подобрување на здравјето преку:
- физичка активност;
- иницирање на национален пристап и формирање мрежа за унапредување на здравјето;
- интерсекторски пристап, со формирање општа рамка на сеопфатна политика за унапредување на здравјето и подобрување на условите за промени и одржување на здрав начин на живеење на населението во земјата;
- подготвување на научно-истражувачки предлог проекти;
- промoција на ХЕПА во здравствениот систем;
- развој на Програма Спортски клубови за здравје, на работните места, во колективите, развој и дисеминација на методи за квантификација на здравтвените придобивки од пешачење и велосипедизам, - медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението;
- овластувања од јавен интерес;
- одржување едукативни мас-медиумски настани за здраво живеење, исхрана и вежбање.

Мисијата на Здружението е подобрување на здравјето на населението во Република Македонија со зголемување на физичката/спортската активност и примена на избалансирана исхрана.
СОРАБОТКА
- Македонско здружение за дебелина;
- Македонско лекарско друштво;
- Лекарска Комора на Македонија и
- Здружение на лекари специјалисти по спортска медицина.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
- World Health Organization HEPA Europe;
- The Association for International Sport for All (TAFISA);
- World Confederation for Physical Therapy (WCPT);
- Network for Health Promotion in Life and Work;
- International Society for Behavioral Nutrition and Physical Activity (ISBNPA);
- American College of Sports Medicine (ACSM);
- Америчкото здружение за нутриционизам;
- Европската Федерација на диететичари;
- EUNAAPA и други.
застапник
Вера Симовска
активни волонтери
17
вработени
2
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Здравје и здравство
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Црвен крст на Република Македонија
веб:
www.redcross.org
е-mail:
mrc@redcross.org.mk
телефон:
02/3114-355
адреса:
Бул. Кочо Рацин бр. 13 Скопје
ДЕЈНОСТ
Црвениот крст на Република Македонија е хуманитарна, волонтерска организација која делува согласно основните принципи на Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, работејќи на планот на обезбедување помош и услуги за ранливото население и промовирање на меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности.
СОРАБОТКА
Бројни граѓански здруженија во земјата.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина,
Меѓународна организација за спасување на вода,
Европска мрежа на друштвата на Црвениот крст за превенција од трговија со луѓе и др.
застапник
активни волонтери
3.600
вработени
138

Мени за пристапност