Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Други

Листа од невладини орагнизации од други сектори 

 

 

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
А.Б.А.Т. БАЛКАНИЈА - Скопје Балканска Асоцијација за Алтернативен Туризам – Балканија
веб:
www.balkania-association.com
е-mail:
vsrbinovski_balkania@yahoo.com
телефон:
071/309-497; 078/337-171
адреса:
Ул. Ленинова бр. 24 1000 Скопје
ДЕЈНОСТ
Балканија е асоцијација за балкански алтернативен туризам која ја сочинуваат членки од осум земји од Балканот. Нејзините активности вклучуваат реализација на проекти од областа на туризмот, со цел да се промовира целиот балкански регион како туристичка дестинација.
Напорите на здружението се насочени кон канализирање на својата енергија кон сите форми на алтернатива на масовниот туризам, а кои се во соoднос со развојот на макро сектори идентификувани како: природен туризам, рурален туризам и културен туризам и да ги промовира исклучителното природно, историско, културно и антрополошко наследство.
Нашите активности се насочени кон промовирање на алтернативните форми на туризам во руралните средини како - Агритуризмот, Еко-туризам, Рурален туризам, Културен туризам и воопшто Активен оддржлив туризам.
СОРАБОТКА
Мрежа за рурален развој на Македонија, Факултетот за Туризам, АППТМ – Агенција за Промоција и Подршка на Туризмот на Македонија и неколку општини како, Демир Хисар, Берово, Битола.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Претседател - Владо Србиновски
активни волонтери
7 – 10 волонтери (во различни периоди)
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Архус Центар, Скопје
веб:
https://arhus.mk
е-mail:
aarhus@mkm.mk
телефон:
+38976319501; +38970666230
адреса:
Ул. Кукушка, бр. 4а, Центар, Скопје
ДЕЈНОСТ
Архус центарот работи на реализација на активности поврзани со имплементација на трите столба на Архуската конвенција во РСМ и следење на имплементацијата на закони и процеси кои што директно произлегуваат од ратификацијата на Архуската конвенција. Редовно следење на официјалните канали на комуникација на сите јавни институции, следење на учеството на јавност во процесите на донесување одлуки од областа на животната средина, следење на пристапот до информации од јавен карактер и изработка на извештаи за имплементација на Архуската конвенција во РСМ. Следење на напредокот на државата кон ЕУ во делот на животна средина односно, поглавје 27.
СОРАБОТКА
ЗОР Милиеуконтакт Македонија- Скопје, КОЦКА- Скопје, Полимат 13 -Богданци, Здрава Котлина – Валандово, ЦеПРоСАРД – Скопје; Македонско здружение на млади правници (МЗМП); Македонски Зелен Центар Скопје, Еко-Гаиа Битола, Центар за климатски промени, Медиа Плус Штип, Го Грин Скопје и др.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Архус Мрежа, Пријатели на Архус
застапник
Александра Каракашова Сачкарска
активни волонтери
10
вработени
4
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Г.З „Скопјанката Мајка Тереза“ Скопје
веб:
/
е-mail:
svetamajkatereza@yahoo.com
телефон:
071/227-056
адреса:
Ташко Караџа 12-2/3 Скопје
ДЕЈНОСТ
Граѓанско здружение за афирмација на ликот и делото на нобеловката Мајка Тереза - Скопјанката Гонџа Бојаџиу од Скопје има за цел вреднување и зачувување на грандиозното епохално дело на хуманоста кое го остави во наследство на целиот свет нашата почитувана сограѓанка Гонџа Бојаџиу - Света Мајка Тереза.
Нашето здружение е основано 1999 година од познатиот новинар, публицист и истражувач на скопските корени на Гонџа Бојаџиу и во изминатите 20 години има направено многу дела посветени на неа како на пример:
- Сите споменични места посветени на Света Мајка Тереза во градот Скопје
- Спомен соба со спомен куќа како меморијални центри.
- Државната награда Мајка Тереза
- Манифестација Денови на Мајка Тереза од 26 Август до 5 Септември секоја година со доделување на посланија и благодарници за хуманост и статуетки со ликот на Мајка Тереза на заслужни организации и граѓани кои се докажале во областа на хуманизмот.
- Ширење на хуманото дело на Св. Мајка Тереза во градот и републиката преку зачувување на споменичните места посветени на неа, музеите и манифестациите од едукативен, публицистистички и промотивен карактер кај широката популација а најповеќе кај младината.
СОРАБОТКА
Банка за храна - Душко Христов, Еурохуманинтернационал - Сејфула Бектеши, Црвен Крст на Град Скопје - Сузана Тунева, Ленче Здравкин Велес и други.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Димче Петрушевски
активни волонтери
20
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Европско движење Република Македонија
веб:
http://www.europeanmovement.org.mk/
е-mail:
em.macedonia@europe.com
телефон:
075/323-757
адреса:
Бул. Партизански одреди бр. 22 Скопје
ДЕЈНОСТ
евроинтеграции
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Европско движење Брисел
застапник
Проф.д-р Милева Ѓуровска
активни волонтери
100
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
ЗГОР 25 МИНА с.Стојаково Богданци
веб:
е-mail:
25mina.stojakovo@gmail.com
телефон:
070/235-320
адреса:
МАРШАЛ ТИТО бр.10 СТОЈАКОВО, БОГДАНЦИ
ДЕЈНОСТ
Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место.
СОРАБОТКА
МЕГДАН-играорна група
БРАН ПЕТРУШЕВ-играорна група,
Општина Богданци-одделние за локален економски развој
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Здружението во моментов не членува во други мрежи и платформи.
застапник
НИКОЛА ШЕЛДАРОВ
активни волонтери
20
вработени
0
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение СВЕТ ЗА СИТЕ Скопје
веб:
www.svetzasite.wix.com/zdruzenie
е-mail:
svetzasite@yahoo.com
телефон:
075/788-901
адреса:
Бул. Видое Смилевски 77/4/27 Скопје
ДЕЈНОСТ
Промовирање и имплементирање еднакви можности за сите.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Трајана Ременска
активни волонтери
10
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРИРАНА БЕЗБЕДНОСТ Скопје
веб:
https//cib.org.mk (во изработка) https//isc.org.mk (во изработка)
е-mail:
isc.mk.info@gmail.com
телефон:
070 403 214
адреса:
Бул.Јане Сандански бр.87/2-11 Скопје
ДЕЈНОСТ
Здружението ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРИРАНА БЕЗБЕДНОСТ Скопје е непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани, кое за интерес ги има социополитичките и социоекономските ефекти врз безбедноста, одбраната и заштитата. Основни цели на здружението се да организирано, континуирано, самостојно и во соработка со други организации, спроведува квалитетни истражувања, анализи, проценки, предавања и обуки од областа на националната и регионалната безбедност, врз основа на кои ќе може се дефинираат соодветни препораки и предлози за реформа и унапредување на безбедносниот систем и општеството во целост, за зајакнување на капацитетите на субјектите на системот за национална безбедност и ќе се унапредува соработката и координацијата на регионално и меѓународно ниво
СОРАБОТКА
Новоформирано. Отворено за соработка
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Новоформирано
застапник
д-р Златко Кузманов
активни волонтери
20
вработени
нема
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за европска интеграција Европска гледна точка ЕГТ Битола
веб:
www.egt.mk
е-mail:
egtmkd@yahoo.com
телефон:
071 261 558
адреса:
ул.Костурска 28 Горно Оризари
ДЕЈНОСТ
Здружението за европска интеграција Европска Гледна Точка (ЕГТ) - Битола, е формирано на 25.02.2014 година од страна на студенти на студиската програма Европски Интеграции и Менаџирање со Европски Проекти, при Факултетот за администрација и менаџмент на информациски систем. Стекнатото знаење од предавањата на факултет, ги мотивираше да формираат едно здружение фокусирано на Европските интеграции и европските проекти.
ЕГТ е непрофитабилно здружение кое опстанува од месечна членарина и од соработки со партнери и донации. Здружението е отворено за соработка со други организации и институции како и за примање на нови членови.
Здружението на граѓани за европска интеграција ЕГТ – Битола во рамките на својата работа ќе превзема активности во насока на промоција и поддршка на интеграциите на Република С Македонија во ЕУ. Преку разменување на искуства, комуникации со членови на различни здруженија и пошироката популација, ќе се реализира запознавање на поголем број на граѓани со процесот на интеграција на РСМ во ЕУ како и пишување и реализирање на ЕУ проекти.
СОРАБОТКА
1.Волвокс Битола
2.Сумнал Скопје
3.Сфера Битола
4.ЦЕРИ Битола
5.Биосфера Битола
6.Интерактив Битола
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Дејан Петровски
активни волонтери
15
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за подобрување на опшествената состојба Лоотус Ј Њу Бигининг Битола
веб:
Lootusj.mk
е-mail:
lootusj2011@gmail.com
телефон:
071/385-682
адреса:
Климент Охридски, Пелагонка 2, Битола
ДЕЈНОСТ
Здружение за подобрување на опшествената состојба Лоотус Ј Њу Бигининг Битола обезбедува обуки и курсеви на лица од ранливи категории со цел нивна подобра интеграција во опшеството, зголемување на нивните знаења и вештини а со тоа и подобрување на нивната положба на пазарот на труд што придонесува до нивно економско зајакнување и подобрување на социоекономската положба.
Наша цел е подобрување на опшествената состојба со што се подразбира влијание врз животот на секој поединец без оглед на одредени негови особини и припадности во одредена категорија.
Она кое главно го работиме во последните години е обезбедување на бесплатни обуки и консултации за лица од ранливи категории со цел нивно подобро вклучување во опшествениот живот и пазарот на труд но овие обуки ги посетуваат заедно со лица кои не припаѓаат на одредена ранлива категорија како би се надминале одредени бариери помеѓу нив.
Нашите цели се:
- унапредување на образовниот систем;
- пресретнување на потребите и интересите на цивилниот сектор и унапредување на истиот;
- развој на меѓуетничките односи во училиштето и надвор од него;
- заштита на човековите права и концептот на владеење на правото;
- зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа;
- надминување на предрасудите и стереотипите кај младите;
- организирање на конкретни програмски активности;
- спроведување на заеднички проекти;
- организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
- поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
- медијација;
- .....
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Симона Јовеска
активни волонтери
10
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за промовирање и информирање во областа на одржливиот транспорт,мобилноста и заштита на зелената околина ЕУРОМОБИЛНOСТ
веб:
www.euromobilnost.com/ngo
е-mail:
contact@euromobilnost.com
телефон:
070/250-036
адреса:
ул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.16/ДП03
ДЕЈНОСТ
Основна цел на Здружение за промовирање и информирање во областа на одржливиот транспорт, мобилноста и заштита на зелената околина - ЕУРОМОБИЛНОСТ Скопје е застапување и лобирање за унапредување на транспортната легислатива, подигнување на јавната свест и информираноста во делот на мобилноста и одржливиот транспорт и афирмирање на правата на патниците, заштита на животната околина, како и унапредување на безбедноста во сообраќајот.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Крсто Минговски
активни волонтери
6
вработени
0
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за промовирање на електрични возила ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ Скопје
веб:
/
е-mail:
ngoelektromobilnost@gmail.com
телефон:
070-266-383 / 071-395-457
адреса:
Ул.Партизанска 2 бр.12-12 Скопје
ДЕЈНОСТ
Активности поврзани со
Промовирање на нови трендови во урбаниот транспорт со електрични возила
Усогласување со регулативите на ЕУ во делот на примена на зелени технологииво мобилноста и нејзина оддржливост
Заштита на животната средина
Намалување на зависноста од фосилни горива
Подигнување на јавната свесност за значењето на електричните возила, обновливите извори на енергија и енергетсакта ефикасност
Изготвување и/или учество во изготвување на стратегии за оддржлив и еколошки транспорт
Едукативни настани за промовирање на електричните возила и нивното значење за заштита на животната средина
СОРАБОТКА
Без конкретна соработка со некое здружение од Северна Македонија освен консултативни конекции

Надвор од државата нашето здружение соработува со четири здруженија од Jугоисточна Eвропа кои работат во областа на електромобилноста:

The Association for Promoting Electric Vehicles in Romania
The National Electric Vehicles Association of Serbia
The Hellenic Institute of Electric Vehicles
The Bulgarian Electric Vehicles Association
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Оливер Велковски
активни волонтери
6
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение за умножување на слободни содржини ГЛАМ Македонија
веб:
http://glammacedonia.mk
е-mail:
glammacedonia@gmail.com
телефон:
078/416-754
адреса:
Ул. Будимпештанска 33Б Скопје
ДЕЈНОСТ
ГЛАМ Македонија е непрофитно, невладино и непартиско здружение, чија главна цел е прибирање, умножување и споделување на слободни содржини, исклучиво на непрофитен начин, како и промоција на идејата дека сите луѓе треба да имаат еднаков пристап до знаењето и образованието. Здружението делува како признат огранок во нашата земја од страна на фондацијата Викимедија. Главна дејност: збогатување на Википедија на македонски јазик со содржини, како и останатите јазични Вики проекти.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Фондација Викимедија, Сан Франциско, САД
застапник
Снежана Штрковска
активни волонтери
20
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Здружение на Јавни Службеници на Северна Македонија- Прилеп
веб:
/
е-mail:
javnisluzbenici@gmail.com
телефон:
078/331030
адреса:
бул.,,Маршал Тито” 24/3-5, Прилеп
ДЕЈНОСТ
Претставување на јавните службеници, унапредување и јакнење на јавната професија, образование за истата како и професионално насочување и усовршување на јавните службеници, унапредување на јавниот сектор, учество во реформите на сите сфери на јавниот сектот на Република Северна Македонија и активно следење и учество во процесот на приближување и хармонизација со европското законодавство.
СОРАБОТКА
Граѓански ресурсен центар, Смарт Консалтинг Солушнс Скопје
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Петар Николоски
активни волонтери
30
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ Здружение за безбедност на вода и планина
веб:
www.rescuer.mk
е-mail:
contact@rescuer.mk
телефон:
078 407 221
адреса:
Ул.Кузман Јосифовски Питу бр.34 1400 Велес
ДЕЈНОСТ
Здружението за безбедност на вода и планина МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ Велес е здружение на граѓани формирано со слободно здружување на спасителите на вода и планина во Република Македонија, делува на територијата на Република Македонија и е независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на доброволно здружени спасители на вода и планина, кои дејствуваат на или од територијата на Република Македонија. Општата цел и задача на Здружението за безбедност на вода и планина МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ Велес е делување низ сите допуштени облици во насока на унапредување на општествениот и правниот амбиент за развој и постоење на спасувањето на вода и планина како професија.
Цели на МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ се:
1. Ги чува животите на капачите и посетителите на планина и секогаш интервенира кога има потреба за тоа;
2. Се бори против злоупотреба на спасителите на вода и планина;
3. За заштита на спасителите од самоволието на сопствениците на капалиштата и планинарските домови иницира и потпомага изготвување на колективни договори;
4. Заштита на угледот и достоинството на спасителот и професијата;
5. Унапредување на социјалниот и материјалниот статус на спасителите;
6. Ги застапува членовите, ги претставува пред општествената заедница, активно учествува при подготовка на законски прописи и меѓународни конвенции од интерес на професијата и го брани професионалниот интерес согласно Кодексот на спасителите на вода и планина.
7. Дава правна помош на своите членови.
8. Врши обука, дообука и тренинг семинари за подигање на квалитетот на безбедноста на вода и планина, едукација на спасителите, прва помош и друго.
9. Едукација на граѓаните за опасностите при капење и посета на планина.
10. Едукација на граѓаните за применување на првата помош.
Во остварување на своите цели МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ ќе се залага и за професионалните и за материјалните интереси на спасителите на вода и планина да се заштитат со актите на здружението и договорите со работодавачите, а на национално ниво ќе иницира и активно ќе се вклучи во изготвување на Закон за безбедност на вода и Закон за безбедност на планина во соработка со Владата.
СОРАБОТКА
-Општина Велес;
-ДРГЗП Велес;
-ПД Чеплес;
-ДППД Свети Николе;
-Green Power Велес;
-Дирекција за заштита и спасување;
-Operation Florian-Manchester UK;
-International Surf Lifesaving Association – California USA
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
-Humanitarian Aid Charity “Operation Florian” -Manchester UK,
-International Surf Lifesaving Association – California USA
застапник
Ангел Пановски
активни волонтери
15
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Македонско здружение за заштита и спасување на планина и непристапен терен Асклeпиј - Скопје
веб:
www.mountainrescue.org.mk
е-mail:
contact@mountainrescue.org.mk
телефон:
070/342-828
адреса:
Јане Сандански 51/10 Скопје
ДЕЈНОСТ
1. Спасување на луѓе, добиток и материјални добра, во планина во различни временски услови.
2. Пребарување на планински области и терени во различни временски услови.
3. Спасување од карпи и непристапни терени како клисури, кањони, пропасти и сл.
4. Извлекување на луѓе и материјални добра од карпест и непристапен терен.
5. Мониторинг за опасност од шумски пожари и други еколошки катастрофи.
6. Евакуација на луѓе и други добра од непристапни терени при елементарни непогоди.
7. Доставување храна, санитетски материјал, медицинска помош и други добра до отсечени населени места во зимски услови и други непогоди.
8. Пребарување, спасување и укажување прва помош при елементарни катастрофи (земјотреси, поплави, лавини од поголем интензитет, одрони на земја, блокирани планински патишта и сл).
9. Пребарување, спасување и укажување прва помош при сообраќајни незгоди со поголем обем (авионски, железнички, патни и други несреќи на планински или непристапен терен).
10. Спасување на луѓе и добра во индустриски објекти (непристапни места, кранови, фабрички оџаци, силоси, брани, мостови, рудници и сл).
11. Спасување на луѓе и добра на непристапни места во урбана средина (кровови, фасади, мостови, лифтови, бунари, обиди за самоубиство и сл).
12. Спасување на туристи во скијачките центри (повредени скијачи, евакуација на луѓе од блокирани жичници, други интервенции на жичниците, настрадани во лавина и сл), како и едукација на локалниот персонал за основните подготвителни постапки за спасување и прва помош.
13. Спасување на лица вработени во шумските стопанства, како и нивна поддршка и едукација за постапки при различни ситуации.
14. Поддршка на екипите на Електростопанство, Телеком, Радиодифузијата, Водостопанството и слично при потреба од интервенции на непристапни терени или во неповолни временски прилики.
15. Издавање стручна литратура.
16. Издавање пропагандни материјали за превентивно делување против несреќите од ваков вид и превземање правилни постапки при истите.
17. Едукација на населението, вработените во индустријата и стопанството, за превземање правилни постапки при елементарни катастрофи и несреќи од ваков тип.
18. Поставување систем на известителни точки низ територијата на Република Македонија.
19. Поврзување со останатите регионални и светски служби од сличен карактер за вклучување во глобалниот нот руф систем, како што е IKAR (Internazionale Komission fur Alpines Rettungswesen) и други.
СОРАБОТКА
Македонска алпинистичка федерација, Македонска асоцијација на интернационални водачи во планина, Македонска асоцијација на инструктори за снежни спортови.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Македонска алпинистичка федерација, Македонска асоцијација на интернационални водачи во планина, Македонска асоцијација на инструктори за снежни спортови.
застапник
Крунослав Аџиевски
активни волонтери
35
вработени
/
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Мозаик (градиме идни хоризонти)
веб:
/
е-mail:
zruzeniemozaik@yahoo.com
телефон:
078/214-254
адреса:
Скопје, Белчишка 20а
ДЕЈНОСТ
Главна цел е да се создаваат и зацврстат трајните хоризонтални врски меѓу владините и невалдините локални организации и да се унапреди социјалниот развој за заедниците со кои се работи. Моментално во мирување.
СОРАБОТКА
/
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
/
застапник
Проф. Д-р Мариа Доневска
активни волонтери
2
вработени
/

СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА НА ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА
веб:
www.preda.org.mk
е-mail:
preda@preda.org.mk
телефон:
048/431-580; 075/235-934
адреса:
ул. Рампо Левката бр. 8, 7500 Прилеп
ДЕЈНОСТ
Регионален Развој- Подобрување на економската состојба и социјалното опкружување во Пелагонискиот регион.
СОРАБОТКА
ЦОСВ Италија, МЦМС, АЛДА, Биосфера,
ПОЛИТЕА.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
Интегрирана Мрежа за Развој на Пелагонискиот регион, Мрежа за Рурален Развој.
застапник
Милена Димитровска
активни волонтери
/
вработени
1
СЕКТОР НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
Други
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ
Центар за помош и интегрирање на недоволно развиените и развиените подрачја во граѓанското општество Кичево
веб:
http://www.facebook.com/pages/NVO-CENTAR-ZA-POMOSh-I-INTEGRIRAE-VO-GRAANSKOTO-OPShTESTVO/166714517911
е-mail:
nvocentar@hotmail.com
телефон:
045/221-867; 071/254-598
адреса:
Борис Кидрич бб Кичево
ДЕЈНОСТ
Заштита на културно- историските споменици, рурален развој и промоција на културното наследство.
СОРАБОТКА
Младинска Мултикултурна Заедница Прилеп; Кону 777 Прилеп; НВО Поленка - Демир Хисар; Македонско Друштво Илинден – Тирана, Република Албанија; Центар за Демократија и образование – Пловдив, Република Бугарија; Здружение Еманципирана Жена - Кичево.
МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ
ЕYF.ТРИАЛОГ
застапник
Благица Попоска
активни волонтери
17
вработени
/

Мени за пристапност