Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ 2: Зајакната соработка и партнерство меѓу граѓанските организации и јавните институции

 

 

Придонес на граѓанското општество во креирањето на јавните политики

 

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
Владата треба да ги зголеми напорите за интегрирање на граѓанското учество во приоритетните области и во консултативните активности Граѓанското општество има важна улога во процесите на креирање политики и донесување одлуки Граѓанското општество продолжува да има важна улога во процесите на креирање политики и донесување одлуки

Зголемено учество на граѓанските организации во процесите на креирање политики

 

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
Постои итна потреба да се развие доследен пристап за вклучување на граѓанските организации во креирањето политики на национално и локално ниво Граѓанските организации имаат можност да се информираат и  учествуваат во креирањето на јавните политики Граѓанските организации систематски и суштински се информираат и  учествуваат во креирањето на јавните политики

Процент на работни групи за изработка на предлог-закони со вклучени претставници на граѓански организации

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
30% (2023);  57.5% (2025) 40% 60%

 

 

Процент на предлози на закони кои подлежат на ПВР што се објавени за консултации на ЕНЕР

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
34% (2024);  36,5% (2025) 60% 80%

 

 

Процент на коментари на ЕНЕР од граѓански организации

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
13% (2024);  10,1% (2025) 20% 30%

 

 

Процент на Извештаи за ПВР објавени на ЕНЕР со квалитетно пополнет дел Консултации

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
7% (2024);  30% (2025) 40% 60%

 

 

A 2.1.1.1 Дополнување на Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики (уредување на начинот на избор на претставници на организациите во советодавни и работни тела на Владата и органите на државната управа)

Надлежна институција   Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓанското општество
Рок на спроведување 2 квартал 2026
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

Во ноември 2025 год. Министерството за јавна администрација, во соработка со Генералниот секретаријат, се обрати до Одделението за поддршка на Отворено владино партнерство, со писмо за интерес за учество во Програмата Civic Space Lab Reformers’ Program, со цел ревизија и усогласување на националниот Кодекс на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики со ревидираниот Кодекс на Советот на Европа за граѓанско учество во процесот на донесување одлуки (2019) и Насоките за граѓанско учество во политичкото донесување одлуки (2017). 

 

Следни чекори:

Активноста ќе се спроведува во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ

 

A 2.1.1.2 Поттикнување на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) како корисна алатка за консултации со засегнатите страни 

Надлежна институција  Министерство за јавна администрација, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓанското општество
Рок на спроведување 2 квартал 2028 континуирано
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање потенцијална донаторска поддршка

 

Активностите се поврзани со Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 и истите е планирано да се реализираат со Фондацијата Метаморфозис.. 
На 13.3.2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, се одржа обука на тема „Ефективно учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики“. Целта на обуката беше да се унапреди разбирањето и практичната примена на механизмите за вклучување на граѓанските организации во процесите на подготовка на закони, стратегии и други јавни политики, како и поефективно користење на постојните механизми за консултации со јавноста. Во рамки на обуката се изврши презентација на ЕНЕР – Единствениот национален електронски регистар на прописи, како механизам за онлајн консултации со јавноста и важна алатка во процесот на подготовка на прописи. На обуката учествуваа 23 државни службеници, членови на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество и координатори за проценка на влијанието на регулативата (ПВР). Активноста беше поддржана од проектот  „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар-фаза 2“ финансирани од Европската унија. 

Генералниот секретаријат на Владата - Одделение за соработка со невладини организации подготвува годишен Извештај за процесот на консултации при подготовка на предлози на закони, користење на ЕНЕР и други механизми за соработка со граѓанските организации. Извештајот за 2024 година е разгледан од Владата на 90.седница одржана на 8.7.2025  и е објавен на следниот линк: https://www.nvosorabotka.gov.mk/?q=mk/node/276
Согласно Извештајот за 2025 година, од вкупно 133 предлози за закони утврдени од Владата во 2025, 74 предлози на закони беа предмет на проценка на влијанието на регулативата. На ЕНЕР се објавени 27 предлози на закони (36,5%) што претставува зголемување за 2,8% споредено со 2024 година (33.7%). Вкупниот број на коментари од засегнатите страни е 199, од кои 20 коментари се од граѓански организации (10,1%).  Извештајот е разгледан од Владата на.седница одржана на 28.4.2026  и е објавен на следниот линк: https://portal.nvosorabotka.gov.mk/post-body-files/site-dokumenti-file-ObMI.pdf                                              

 

 

A 2.1.1.3 Дополнување на Извештаите за проценка на влијанието на регулативата со табеларен предглед на процесот на консултации

Надлежна институција  Министерство за јавна администрација
Рок на спроведување 2 квартал 2026
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

Во тек се активности за подготовка на нови акти кои ја уредуваат материјата за ПВР вклучително и нов образец за Извештај за ПВР во кој е предвиден детален преглед на спроведените консултации и резулатите од истите. Очекувано е сетот на актите за ПВР  да биде усвоен од страна на Владата во текот на трертиот квартал од 2026 година.

 

Нов рок за реализација на активноста:

3 квартал 2026

Граѓанските организации се информирани, консултирани и вклучени во процесите поврзани со пристапните преговори со ЕУ и во спроведувањето и следењето на Планот за раст за земјите од Западен Балкан 2024-2027 и Реформската агенда 2024-2027
2025

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
Нема модел за начинот на учество на граѓанските организации во работните групи за подготовка на преговарачките позиции;
2 одржани консултации за Реформската агенда и нема мониторинг комитет
Донесен модел за начинот на учество на граѓанските организации во работните групи за подготовка на преговарачките позиции од Владата;
4 одржани консултации за Реформската агенда и 1 одржан мониторинг комитет годишно (2025/2026)
Донесен модел за начинот на учество на граѓанските организации во работните групи за подготовка на преговарачките позиции од Владата;
4 одржани консултации за Реформската агенда и 1 одржан мониторинг комитет годишно (2025/2026)

 

 

Број на иницијативи/предлози од граѓански организации во секторските работни групи

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
7 (2025) 13  

 

 

A 2.1.2.1 Усвојување на модел за учество на граѓанското општество во процесот на пристапни преговори со Европската Унија

Надлежна институција  Министерство за европски прашања
Рок на спроведување 2 квартал 2026
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

 

A 2.1.2.2 Соработка со граѓанското општество во спроведувањето и следењето на Планот за раст за земјите од Западен Балкан 2024-2027 и Реформската агенда 2024-2027

Надлежна институција  Министерство за европски прашања
Рок на спроведување 4 квартал 2027
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање 1.000.000 денари/донаторска поддршка

 

На 2.7.2025 се одржа првиот состанок на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (ИРР) на кој учествуваа и претставници на граѓанските организации. 
На 19.5.2025 во органзиација на Министерството за европски прашања и  Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) се одржа првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027- (НКМ-РА)-кој е национална платформа што овозможува структуриран транспарентен и инклузивен дијалог заснован врз докази помеѓу јавните институции, граѓанските организации, стопанските комори, академската заедница, и други засегнати чинители, за спроведувањето и следењето на Реформската агенда во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. 
На 24.11.2025 се одржа вториот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда.
На 14.5.2026 се одржа третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА), кој се реализираше во два дела: јавен дел, отворен за медиумите и пошироката јавност, и работен дел, во кој учесниците работеа во три паралелни тематски дискусии за спроведувањето и следењето на Реформската агенда 2024–2027.
На 8.6.2026 се одржа третиот состанок на Мониторинг комитетот на Инструментот за реформи и раст (ИРР), на кој учествуваа и претставници на граѓанските организации, со цел да се обезбеди транспарентно и инклузивно учество на граѓанското општество во следењето на спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027 и активностите поддржани преку Инструментот за реформи и раст.         

 

Следни чекори:

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ќе спроведе транспарентна постапка за номинација на претставниците на граѓанските организации во Мониторинг комитетот за ИРР по пат на јавен повик, со цел предвидливо и суштинско учество на граѓанските организации на состаноците на Комитетот

 

Нов рок за реализација на активноста: 

3 квартал 2026

 

A 2.1.2.3 Унапредување на работата на секторските работни групи преку поттикнување на активно учество на претставници на граѓански организации

Надлежна институција  Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за транспорт, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за економија и труд, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за образование и наука, Министерство за локална самоуправа, Министерство за јавна администрација, Министерство за финансии, Министерство за дигитална трансформација, Министерство за здравство
Рок на спроведување 4 квартал 2028
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

не се потребни финансиски средства

 

 

 

Во 2025 Секторската работна група за локална самоуправа одржа 3 состаноци, по 2 состаноци одржаа секторските работни групи за: Образование, вработување и социјална политика, Животна средина, Енергетика, Правда, Здравство и Конкурентност и иновации, а Секторската работна група за јавна администрација одржа 1 состанок. Граѓанските организации како членови на секторските работни групи во 2025 поднесоа 7 иницијативи, од кои 2 иницијативи во Секторската работна група за конкурентност и иновации и 5 иницијативи во Секторската работна група за реформа на јавната администрација.
На 18.12.2025 се одржа состанок на Секторската работна група за правда, со учество на  претставници на граѓанските организации кои дејствуваат во областа Владеење на правото. 
На 1.4.2026  се одржа состанок на Секторската работна група за конкурентност и иновации.
На 5.5.2026 се одржа состанок на Секторската работна група за енергетика. Фокусот на дискусијата беше ставен на забрзување на реформите, ефективна донаторска координација и утврдување на следните приоритети во спроведувањето на стратешките документи и реформската агенда.
На 18.5.2026 се одржа 18.состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, каде претставници на трите ресорни министерства информираа за остварените резултати во изминатите шест месеци, со фокус на  реформите кои произлегуваат од Реформската агенда 2024-2027, Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан и стратешките приоритети на Владата во областа на човечкиот капитал.

 

Институционалната рамка на органите на државна управа овозможува ефикасна соработка со граѓанските организации

 

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)

Потребни се итни напори за обновување на активностите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (2024)

Владата донесе одлука за назначување членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Овој развој доведе до долгоочекуваната реактивација на Советот, во согласност со препораките на Комисијата. Погледнувајќи напред, Советот сега треба ефикасно да ја извршува својата улога (2025)

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество е главниот структурен канал за консултации и вклучување на граѓанското општество во креирањето политики и донесувањето одлуки Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество продолжува да биде главниот структурен канал за консултации и вклучување на граѓанското општество во креирањето политики и донесувањето одлуки

Процент на граѓански организации кои го препознаваат Советот како релевантно тело за соработка и влијание во креирање на политики за развој на граѓанското општество

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
56% (2024);  36.14% (2025) 65% 80%

 

 

Број на иницијативи на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество разгледани и прифатени од Владата

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
2 (2022);  1(2025) 3 4

 

 

A 2.2.1.1 Усвојување и спроведување на ефикасни методи за консултирање и информирање на граѓанските организации за работата на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (Комуникациска стратегија на Советот 2025-2028 и План за комуникација на Советот), така што Советот да стане ефективен механизам за оформување на политиките за граѓанското општество

Надлежна институција  Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
Рок на спроведување 4 квартал 2025
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање потенцијална донаторска поддршка

 

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во 2025 одржа 7 седници, а во првата половина на 2026 одржа 5 седнци, на кои беа разгледани актуелни прашања и јавни политики од значење за граѓанското општество. Материјалите по точките од дневниот ред и записниците од седниците на Советот се објавени на веб-страницата: www.nvosorabotka.gov.mk. 
На седницата одржана на 25.9.2025, Советот донесе нов Деловник за работа и усвои Програма за работа 2025-2026 , а на седницата одржана на 28.10.2025, Советот формираше Постојана работна група за комуникации и Постојана работна група за соработка со организации кои делуваат на локално ниво.
Со цел локалните граѓански организации поконкретно да се запознаат со активностите на Советот, преку проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар-фаза 2“ финансирани од Европската унија,  одржани се информативни средби со граѓанските организации од Пелагонискиот регион (Битола, 29.10.2025) , Источниот регион (Делчево, 1.12.2025) и Полошкиот регион (Гостивар, 7.5.2026).
Со поддршка на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од Европската унија, подготвен е текст на Комуникациска стратегија на Советот, што беше разгледан од членовите на Советот на дводневна работилница одржана на 15-16.6.2026.
Комуникациска стратегија на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество 2026-2028 е усвоена на 12.седница на Советот, одржана на 16.6.2026.

 

Следни чекори:

Во текот на Работилницата за Комуникациската стратегија на Советот се работеше и на Годишен план за комуникација на Советот за 2026, што ќе се финализира во 3 квартал 2026

 

A 2.2.1.2 Органите на државна управа редовно бараат мислење од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество по предлози на закони, стратегии, програми и други акти од значење за граѓанското општество

Надлежна институција  Сите органи на државната управа
Рок на спроведување 4 квартал 2028
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање не се потребни финансиски средства

 

Владата на седницата одржана на 30.12.2025 година, ја одложи од разгледување Предлог-Одлуката за условите за распределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации,  поради потребата Министертсвото за односи меѓу заедниците  да ја достави на мислење од Советот, пред нејзино доставување во владина постапка за разгледување и донесување.
На 12.седница (16.6.2026) Советот упати реакција до Министерството за финансии и Канцеларијата на претседателот на Владата на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри доставен до Собранието на РСМ, со кој се бришат граѓанските организации, националните инвалидски организации и Црвениот крст како јасно препознаени организации што можат да добиваат средства за работа со ранливи категории, без консултации со Советот и без објава на предлог-законот на ЕНЕР.

 

Процент на членови кои се задоволни од соработката и стекнатите знаења во Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
71% (2024);  50% (35%делумно задоволни - 2025) 75% 80%

 

 

Број на граѓански организации учесници на годишната конференција

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
200 (2024);  250 (2025) 250 300

 

 

A 2.2.2.1 Унапредување на знаењата и капацитетите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество (обуки за ефективно учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики и сл.)

Надлежна институција  Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓанското општество
Рок на спроведување 4 квартал 2028 континуирано
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање 300.000 денари/Буџет на РСМ / потенцијална донаторска поддршка

 

Во текот надекември 2025 година, Генералниот секретаријат -Одделение за соработка со невладини организации организираше индивидуални состаноци со членовите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество од Министерство за јавна администрација, Министерство за локална самоуправа, Министерство за европски прашања, Министерство за економија и труд, Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство. Целта на состаноците беше информирање за мерките од Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2025-2028 со посебен осврт на Пасошите на показатели за следење на спроведувањето на Стратегијата и нивно соодветно дополнување како и методологијата за прибирање на податоците. Исто така, дел од членовите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество присуствуваа на Националниот форум – Саем на граѓански организации „Соработка на Владата со граѓанското општество“.
На 16-17.12.2025 претставник на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат учествуваше на работилница „Мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво за граѓанските организации“, организирана од Граѓанскиот ресурсен центар во рамките на проектот  „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар-фаза 2“ финансирани од Европската Унија.
На 13.3. 2026 година, членови на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество и координатори за проценка на влијанието на регулативата (ПВР) учествуваа на обука на тема „Ефективно учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики“, организирана од Граѓанскиот ресурсен центар, во партнерство со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за јавна администрација. Активноста беше поддржана од проектот  „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар-фаза 2“ финансирани од Европската унија. 

 

A 2.2.2.2 Воспоставување портал за соработка со граѓанското општество преку веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk, кој ќе служи како онлајн ресурсен центар

Надлежна институција  Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓанското општество
Рок на спроведување 4 квартал 2028 
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање /

 

Веб-страницата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата www.nvosorabotka.gov.mk содржи информации од значење за граѓанските организации и работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Истата се ажурира на дневна основа, а во декември 2025 год. поставена е платформа за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028. Од април 2026 година,  во употреба е нова веб-страница www.nvosorabotka.gov.mk  унифицирана со веб-страниците на Владата и органите на државната управа.

 

A 2.2.2.3 Организирање Годишна конференција на граѓанските организации во вид на граѓански саем

Надлежна институција  Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓанското општество
Рок на спроведување 4 квартал 2028 
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање 2.400.000 денари/Буџет на РСМ / потенцијална донаторска поддршка

 

На 26.11.2025 се одржа Националниот форум – Саем на граѓанските организации „Соработка на Владата и граѓанското општество“ кој втора година по ред се организира во соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарската програма за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас, која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). На настанот учествуваа 250 претставници на институциите и на граѓанските организации. Програмата вклучи дебати и дискусии на различни теми и тоа: образование и наука, социјална политика, демографија и млади, животна средина, здравство, дигитализација, добро владеење, локална самоуправа и овозможувачка околина, а во изложбениот дел се претставија 35 граѓански организации, најголем број од нив дигитално. Линк до целосна вест за настанот  https://civicamobilitas.mk/vesti-mk/gragjanskiot-sektor-pomaga-da-se-zatvori-jazot-megju-instituciite-i-narodot/

 

Број на граѓански организации што се стекнале со дозвола за вршење дејност на социјална заштита, како лиценцирани даватели на социјални услуги согласно Законот за социјална заштита

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
152 (2024); 152 (2025) зголемување за 30%  

 

 

Број на граѓански организации, лиценцирани даватели на социјални услуги, што склучиле (управен) договор за обезбедување на социјални услуги во областа на социјалната заштита, образованието, младите, вработувањето, руралниот развој и сл.

појдовна вредност (2024) преодна вредност (2026) крајна вредност (2028)
84 (2024); 84 (2025) зголемување за 30%  

 

 

A 2.2.3.1 Развивање на мрежа на социјални услуги во локалната заедница и вклученост на граѓанските организации како даватели на социјални услуги

Надлежна институција  Министерство за социјална политика, демографија и млади
Рок на спроведување 4 квартал 2028 континуирано
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање  

 

Во системот на социјалната заштита е воспоставена мрежа на 164 лиценцирани даватели на социјални услуги во над 40 општини.
Во 2025 година преку Третиот јавен повик беа склучени 26 договори, со што се обезбедува континуитет во поддршката за развој и унапредување на квалитетни социјални услуги на локално ниво. Според видот на услугите, склучени се 9 договори за обезбедување на услуга помош и нега во домот, 4 договори за дневни центри за лица со попреченост и 13 договори за центар за дневен престој за стари лица со активно стареење. Во текот на 2026 година е предвидено услугите да бидат лиценцирани и да се започне со нивната испорака.

 

A 2.2.3.2 Зголемување на можностите за граѓанските организации за обезбедување на услуги финансирани од државата во областа на образованието, здравството, културата, младите, руралниот развој и сл.

Надлежна институција  Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Министерство за култура и туризам, Министество за социјална политика, демографија и млади
Рок на спроведување 4 квартал 2028 континуирано
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање  

 

Во согласност со Законот за култура, Министерството за култура и туризам во септември 2025 година ги објави годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година, каде право на учество имаат и здруженија и фондации. Граѓанските организации имаат можност да ги реализираат своите проекти во соработка со  установите од областа на културата во просториите на установите.                                                                                                                                                                                                                                                              На 4.11.2025 се одржа 4-та Конференција за мировно образование, во организација на Министерството за образование и наука и Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Мировното образование се спроведува од 2011 година и се опфатени над 70 училишта, а повеќе од 300 наставници се обучени да ги предаваат наставните модули предложени од Меѓаши и одобрени од Бирото за развој на образованието.

 

A 2.2.3.3 Воспоставување на функционален и долгорочен механизам за финасирање на активностите од Програмата за заштита на населението од ХИВ кои ги спроведуваат граѓанските организации

Надлежна институција  Министерство за здравство
Рок на спроведување 4 квартал 2028 континуирано
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање  

 

Подготвени се критериуми за избор на граѓанските организации кои се имплементатори на Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во согласност со препораките од извештајот на Државниот завод за ревизија во декември 2025 година.

Мени за пристапност