Со цел да се обезбеди транспарентно и инклузивно учество на граѓанското општество во следењето на Реформската агенда 2024-2027 и на активностите поддржани преку Инструментот за реформи и раст, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество објавува јавен повик за учество на 16 претставници во Комитетот за следење на Инструментот за реформи и раст, во следните области:
· Управување со јавни финансии (2 претставници)
· Реформа на јавната администрација (2 претставници)
· Енергетска транзиција (2 претставници)
· Дигитализација (2 претставници)
· Човечки капитал (2 претставници)
· Развој на приватниот сектор/развој на бизнисот (3 претставници)
· Основи и владеење на правото (3 претставници)
Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е до 15.09.2026 година.