Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на 17.08.2026 година објави Јавен повик за номинирање на 16 претставници на граѓански организации во Комитетот за следење на Инструментот за реформи и раст во 7 приоритетни области според Реформската агенда 2024-2027, а на седницата одржана на 2.10.2026 година ги разгледа доставените пријави и одлучи да номинира 9 претставници на граѓански организации. Со цел пополнување на преостанатите места предвидени за претставници на граѓански организации во Комитетот, повторно се објавува Јавен повик за номинирање на 7 претставници на граѓански организации во Комитетот за следење на Инструментот за реформи и раст во следните приоритетни области:
- Управување со јавни финансии (1 претставник)
- Реформа на јавната администрација (1 претставник)
- Енергетска транзиција (1 претставник)
- Дигитализација (2 претставници)
- Развој на приватниот сектор/развој на бизнисот (2 претставници)
Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е до 30.10.2026 година.