Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Објавен Јавен повик за учество на претставници на граѓански организации во Комитетот за следење на Инструментот за реформи и раст

Одделение за соработка со невладините организации of the Republic of North Macedonia

Со цел да се обезбеди транспарентно и инклузивно учество на граѓанското општество во следењето на Реформската агенда 2024-2027 и на активностите поддржани преку Инструментот за реформи и раст, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество објавува јавен повик за учество на 16 претставници во Комитетот за следење на Инструментот за реформи и раст, во следните области:

·         Управување со јавни финансии (2 претставници)

·         Реформа на јавната администрација (2 претставници)

·         Енергетска транзиција (2 претставници)

·         Дигитализација (2 претставници)

·         Човечки капитал (2 претставници)

·         Развој на приватниот сектор/развој на бизнисот (3 претставници)

·         Основи и владеење на правото (3 претставници)

Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е до 15.09.2026 година.

Јавен повик

Образец на пријава

Мени за пристапност