Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Објавен повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвување на годишната Програма за работа на Владата за 2027 година

Одделение за соработка со невладините организации of the Republic of North Macedonia

Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, се повикуваат граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2027 година.

Иницијативите треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети Владата, согласно Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2024-2028 година.  

Пополнетиот Образец на Предлог-иницијатива се доставува електронски на  nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.09.2026 година, со назнака: Иницијатива за ГПРВ 2027.

Образец на Иницијатива за ГПРВ 2027

 

Мени за пристапност