На 26.3.2026 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Десеттата седница, со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. Советот ги разгледа Нацрт-Извештајот за работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во 2025 година кој беше усвоен едногласно, како и текстот на Предлог-законот за социјални претпријатија, задолжувајќи го Одделението за соработка со невладини организации да подготви Мислење по истиот во кое ќе бидат наведени клучните согледувања согласно дискусијата на седницата на Советот. На седницата меѓу другото беше разговарано за Плановите и Програмите на министерствата за финансиска поддршка на граѓански организации во 2026 година и членовите се согласија дека е потребно да се подготви Табеларен приказ за 2026 година, по доставувањето на информациите од страна на министерствата. Во однос на Програмата за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество 2025/2026, Советот заклучи дека е потребно поефикасно спроведување на истата, особено во делот на комуникацијата со граѓанските организации и работата на работните групи.