На 26.2.2026 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Деветтата седница, со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. Советот го разгледа Нацрт-Извештајот за работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во 2025 година, оценувајќи дека треба да се направат одредени дополнувања во однос на ефективноста на Советот и постигнатите цели во 2025 година и предложи по внесувањето на соодветните измени, истиот повторно да се разгледа на следната седница. Воедно, Советот ги разгледа Нацрт-Годишниот извештај за 2025 година за спроведувањето на Акцискиот план на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025 – 2028 и Нацрт-Извештајот за процесот на консултации при подготовка на предлози на закони и стратегии, користење на ЕНЕР и други механизми за соработка со граѓанските организации во 2025 година и даде препораки во насока на унапредување на процесот на креирање политики и соработка меѓу Владата и граѓанското општество.