Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана за консултации за измена на одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Одделение за соработка со невладините организации of the Republic of North Macedonia

Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектите финансирани од Европската Унија „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” и „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија”, ги поканува претставниците на граѓанските организации, релевантните државни органи, како и сите заинтересирани лица на консултации за измена на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Консултативните средби ќе се одржат со следниот распоред:

24 октомври 2024, од 12:00-14:00 часот во Ресурсен центар Гостивар (Бул. Браќа Гиноски 1/спрат 1)

25 октомври 2024 од 12:00 – 14:00 часот во зградата на Општина Битола, Битола

Доколку сте заинтересирани да се вклучите во консултациите, ве молиме регистрирајте го вашето учество на следниот линк

Мени за пристапност