Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, се повикуваат граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2026 година. Иницијативите треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети Владата, согласно со Програмата за работа на Република Северна Македонија 2024-2028 година.
Пополнетиот Образец на Предлог-иницијатива се доставува електронски на nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.09.2025 година, со назнака: Иницијатива за ГПРВ 2026.