Продолжен рокот на Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата за 2022 година

Се продолжува рокот на Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година до 30.9.2021 година. Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, утврдени во Програмата за работа на Владата 2020-2024, да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и да се достават по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2022.

 

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2022

 

Macedonian

Одржана работилница со Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество

На ден 14.9.2021 година се одржа работилница со Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024.

Целта на работилницата беше разгледување на коментарите на експертите од проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.

За следните чекори во подготовката на Стратегијата и Акцискиот план експертите препорачаа: да се спроведете анализа на основните причини за приоритетните проблеми (за да се осигури дека се утврдени соодветни извори на проблемите и се формулирани правилни цели); да се дискутира достапноста на податоците и да се формулираат основните/целните вредности за избраните показатели за исходот (и влијанието); да се приоретизираат активностите (да бидат ориентирани кон реформи и иновативни, но исто така реални во дадено време) и да се договори пристапот за проценка на трошоците за активностите.

 

Macedonian

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува Јавен оглас Обуки за побарувани занимања, за корисници на гарантирана минимална помош

 Дали сте граѓанска организација која работи со ранливи категории на граѓани? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да ги подобрат своите знаења и вештини за полесно да се вклучат на пазарот на трудот?

Ако одговорот е - ДА , активната мерка 3.3. Обуки за побарувани занимања е соодветна за Вашите активности и огласот може да го споделите со Вашата целна група.

Јавниот оглас за мерка 3.3. Обуки за побарувани занимања е објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г .

Огласот е наменет за корисници на гарантирана минимална помош, кои се регистрирани како невработени во АВРСМ.

Macedonian

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува Јавен повик / Известување Субвенционирање на плати за вработување на корисници на гарантирана минимална помош

Дали сте граѓанска организација која има потреба од финансиска поддршка за нови вработувања? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да се вклучат на пазарот на трудот?

Ако одговорот е - ДА , активната мерка 2.1 Субвенционирање на плати е соодветна за Вас.

Јавниот оглас за мерка 2.1 Субвенционирање на плати е објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г .

Огласот е наменет за работодавачи, односно граѓански организации кои сакаат да вработат корисници на гарантирана минимална помош, а се регистрирани како невработени во АВРСМ.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS