Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ до работодавачи за мерка 3.1 Обука на работно место за познат работодавач

Ве информираме дека Граѓанските организации се подобни за учество во активната мерка 3.1 Обука на работно место за познат работодавач и дека преку неа, со вработување може да им помогнете на лицата кои примаат гарантирана минимална помош. Со нивно вработување тие ќе бидат вклучени на пазарот на трудот, ќе добијат надомест за времето поминато на обука пред вработувањето, а работодавачот/граѓанската организација ќе добие соодветен финансиски надоместок за меторирање.

Условите кои е потребно да се исполнат за учество во оваа мерка се детално опишани во огласот (ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2021 МЕРКА 3.1 - РЕОБЈАВЕН) ОБУКА НА РАБОТНО МЕСТО ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ) кој е објавен на веб страната на АВРСМ https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Поволностите кои Граѓанските организации ги имаат во однос на останатите работодавачи се следниве:

·        Граѓанските организации кои ќе вклучат  во обука жени од ромската етничка заедница не мора да имаат најмалку едно вработено лице на неопределено;

·        Доколку граѓанските организации вклучат  во обука жени од ромската етничка заедница бројот на лица вклулени во обука може да биде поголем од 50% од вкупниот број на вработени лица на неопределено време.

Macedonian

Одржан состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2021-2024

Во рамки на консултативниот процес со граѓанските организации за изработка на нов стратешки документ за соработка со и развој на граѓанското општество,на 30 август 2021 година, беше одржан онлајн состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2021-2024.

Целта на состанокот беше разгледување на втората нацрт верзија на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, во која се содржани забелешките и предлози од граѓанските организации како и препораките, доставени до 20.8.2021 година.

На состанокот беше договорено, во наредниот период да се започне со широки консултации со граѓанските организации преку јавен повик на www.nvosorabotka.gov.mk и расправа во фокус групи организирани со поддршка на проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.

 

Macedonian

Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година

 

Во насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11). Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година. Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2021 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2022.

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2022

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите: Заштита на животната средина и ЕУ интеграции и политики.

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS