Јавен повик за учество на пет претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации

 

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество објавува Јавен повик за учество на пет претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Пријава за РГ финансирање на ГО“ најдоцна до 30 јули 2021 година.

 

Јавен повик

Пријава

Macedonian

Jавен повик за избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

 

Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите: Заштита на животната средина и ЕУ интеграции и политики.  Рокот за поднесување на пријавите е до 21 јули 2021 година.

 

Јавен повик

Пријава

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за 5 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на 5 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите: Земјоделство и рурален развој, Медиуми и информатичко општество, Заштита на животната средина, Спорт и ЕУ интеграции и политики.

 

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови

Macedonian

Јавен повик/ Известување Субвенционирање на плати за вработување на корисници на гарантирана минимална помош

Дали сте граѓанска организација која има потреба од финансиска поддршка за нови вработувања? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да се вклучат на пазарот на трудот?

 

Ако одговорот е - ДА , активната мерка 2.1 Субвенционирање на плати е соодветна за Вас.

Јавниот оглас за мерка 2.1 Субвенционирање на плати е објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г .

Огласот е наменет за работодавачи, односно граѓански организации кои сакаат да вработат корисници на гарантирана минимална помош, а се регистрирани како невработени во АВРСМ.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS