Информативни сесии за проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“

 

Во организација на УНЕСКО, во Кинотеката на Северна Македонија на 17 февруари (петок) во 12 часот ќе бидат организирани информативни сесии за проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“.

Претставниците од овој проект, кој е финансиран од Европската Унија, имплементиран од УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка, ќе ги презентираат деталите за аплицирањето.

Станува збор за два отворени повика: едниот е за доставување предлози од организации и институции, а вториот за изразување интерес на поединци заинтересирани да придонесат кон зацврстување на културниот и креативниот сектор и хармонизација нa Западен Балкан.

Macedonian

Одржана Работилница за следење и известување за спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024

На 17.01.2023 година во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, се одржа Работилница за следење и известување за спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024, за членовите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество. Цел на работилницата беше запознавање на членовите на Мрежата со новините во процесот на подготовка на годишниот извештај за спроведување на Стратегијата, согласно Упатството за структурата, содржината и начинот на подготвување, спроведување, следење, известување и оценување на секторските и мултисекторските стратегии, како и постигнување согласност за податоците и индикаторите што треба да бидат опфатени во Извештајот.

Macedonian

Одржани индивидуални состаноци со членови на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество

Во текот на декември 2022 година и јануари 2023 година, Одделението за соработка со невладини организации организираше индивидуални состаноци со членовите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество од Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Министерството за локална самоуправа. Целта на состаноците беше информирање за статусот на реализација на мерките од Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план (2022-2024), во 2022 година. Присутните постигнаа согласност за податоците и индикаторите што треба да бидат обезбедени со цел да се идентификуваат следните чекори кои треба да бидат преземени за одржување на Работилница за следење и известување за спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024. Воедно, беше разговарано за новините во процесот на подготовка на годишниот извештај за спроведување на Стратегијата, согласно Упатството за структурата, содржината и начинот на подготвување, спроведување, следење, известување и оценување на секторските и мултисекторските стратегии („Службен весник на РСМ“ бр.122/22).

Macedonian

Одржани консултативни тркалезни маси поврзани со Законот за здруженија и фондации

На 12 и 13 декември 2022 година во Скопје се одржаа четири консултативни тркалезни маси на теми: Правно препознавање на други форми на здружување, Организации и активности од јавен интерес, Заштита на непрофитниот карактер и Овозможувачка околина за граѓанските организации. Тркалезните маси беа организирани од проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиски поддржан од ЕУ, во рамките на поддршката на Работната група при Министерството за правда која работи на измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации. Целта на консултативните тркалезни маси беше да се идентификуваат и дискутираат недостатоците во постојните закони во четирите теми како и последиците од задржувањето на постојното законско статус кво и да се идентификуваат и дискутираат можните решенија на ниво на закони како и на политики со цел да се адресираат клучните проблеми.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS