Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година

 

Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11),  Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година.

Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година, кои може да се видат тука

Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2022 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2023.

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2023

Macedonian

Продолжен рокот за пријавување на оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија го продолжува рокот за пријавување на Огласот за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, од организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Кандидатите предложени од организациите треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности од јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 20 јули 2022 година.

 

Оглас

Macedonian

Отворен втор повик за проектни предлози во рамки на ИНТЕРЕГ Еуро-МЕД програмата

Секретаријатот за европски прашања информира дека од 27.06.2022 година отворен е вториот повик за проектни предлози во рамки на Интерег Еуро-МЕД програмата. 

Повикот е тематски, односно истиот е отворен за проекти кои би придонеле кон “Попаметна и позелена медитеранска област” преку спроведување на активности во рамки на следните специфични оски, од следните два приоритети:

Приоритет 1. Попаметна медитеранска област
1.1.          Развој и унапредување на капацитетите за истражување и развој и прифаќање на напредни технологии
        
Приоритет 2. Позелена медитеранска област
2.6          Промоција на транзицијата кон циркуларна и одржлива економија
2.4         Промоција на адаптацијата кон климатските промени и заштитата и отпорноста кон ризици од катастрофи, земајќи ги во предвид пристапите засновани на еко-системи
2.7          Унапредување на заштитата и конзервација на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните области, како и намалување на сите форми на загадување

Целата постапка на аплицирање е по електронски пат, а повикот ќе биде отворен до 27.10.2022 година (13 часот Бриселско време).

Повикот е објавен на следниот линк, каде може да ги најдете сите подетални информации околу програмата, повикот, начинот на аплицирање, како и претстојните настани поврзани со истиот:
https://interreg-euro-med.eu/en/call-2-thematic-projects/ 

Macedonian

Продолжен рокот за пријавување на оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија го продолжува рокот за пријавување на Огласот за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, од организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Кандидатите предложени од организациите треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности од јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 5 јули 2022 година.

 

Оглас 

<--break-><--break-><--break->

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS