Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор на тема „Владеење на правото, добро владеење и борба против корупција“

На 25.09.2024 година, во просториите на Владата, се одржа првата од серијата средби со граѓанскиот сектор „Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор“, на тема „Владеење на правото, добро владеење и борба против корупција“, организирана во соработка со Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ). Водечка цел на Владата на Република Северна Македонија е враќање на довербата на граѓаните во институциите, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на право. На средбата, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека борбата со криминалот и корупцијата мора да биде одлучна и дека без победа во оваа борба не може да имаме развиена држава, подобри услови и подобар стандард на граѓаните. Преку средбата се отвори директен дијалог и комуникација со граѓанските организации, кои имаат стручност и работат на предлог решенија и механизми, за подобро функционирање на институциите и добро владеење.

Macedonian