Покана за онлајн консултации за измена на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
Primary tabs
Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во соработка со Проектот за техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија финансиран од Европската Унија, ги поканува претставниците на граѓанските организации, релевантните државни органи, како и сите заинтересирани лица на консултации за измена на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
Консултациите ќе се одржат виртуелно, на Зум (Zoom) платформата на 15 октомври 2024 година со почеток од 11:00 до 12:45 часот.
На консултациите ќе бидат презентирани и дискутирани нацрт измените и дополнувањата на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, подготвени врз основа на пристигнатите предлози од граѓански организации по јавниот повик за консултации објавен од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на 5.9.2024 година на www.nvosorabotka.gov.mk.
Доколку сте заинтересирани да се вклучите во консултациите, ве молиме регистрирајте го вашето учество на следниот линк.