Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор на тема „Образование и младинско учество“
Primary tabs
На 25.10.2024 година се одржа втората од серијата средби „Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор“ на тема „Образование и младинско учество“, организирана во соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ). На средбата, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека образованието е столб на општеството и затоа е поставено високо меѓу владините приоритети. Без квалитетно образование, нема ниту квалитетни доктори, наставници, економисти. Тој го повика граѓанскиот сектор активно да учествува во креирањето и спроведувањето на образовните политики и заеднички да се создадат подобри услови за едукација на младите, а со тоа и подобра иднина во сопствената земја. Обраќања имаа и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и министерот за локална самоуправа Златко Перински. За време на дебатата, претставниците на граѓанските организации изнесоа свои предлози за мерки, проекти и системски решенија со кои, како што рекоа, ќе се задржат младите во својата земја и тука ќе го градат и реализираат својот потенцијал.