Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите
Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество е советодавно тело на Владата на Република Северна Македонија за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор. Во претходните два мандати, Советот иницираше процеси и влијаеше во креирањето политики на Владата за создавање овозможувачка средина и развој на граѓанското општество.
Со цел во наредниот тригодишен период да се воспостави независен, репрезентативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата објавува Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот од редот на здруженијата и фондациите.
Рокот за поднесување на пријавите е до 4 февруари 2025 година.