Јавен повик за изразување интерес за членување на граѓанскa организациja на лица со попреченост во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост при Владата
Primary tabs
Врз основа на Одлуката за формирање на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост („Службен весник на РСМ“, бр. 17/25), Владата на Република Северна Македонија на ден 05.02.2025 година објави Јавен повик за изразување интерес за членување на граѓанскa организациja на лица со попреченост во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост при Владата.
Рокот за доставување на потребната документација по пошта или до Архивата на Канцеларијата на претседателот на Владата е 13 февруари 2025 година.