Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите (објавен на 20.1.2025 година) и Јавен повик до сите активни организации да го дадат својот глас за еден од кандидатите во секоја од областите на нивното дејствување, согласно статутот. Гласањето се врши со пополнување на Образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 27.2.2025 година.

Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар. Гласањето се смета за успешно ако за кандидатот гласале најмалку пет организации.

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање (со вклучена биографија и мотивациско писмо на кандидатите)

Образец за гласање

Macedonian