Одржан првиот состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028

На 14.3.2025 година, во просториите на Генералниот секретаријат, се одржа првиот состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028, на кој учествуваа претставници на ресорните министерства и на граѓанските организации кои во текот на консултативниот процес, спроведен во ноември 2024 година преку www.nvosorabotka.gov.mk, доставија предлог мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот четиригодишен период. Согласно Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2024-2028, визија на новата Стратегија 2025-2028 ќе биде поддршка на инклузивен, независен и професионален граѓански сектор, кој е партнер на институциите во креирањето и реализацијата на стратешките цели на државата, а мерките и активностите ќе бидат систематизирани во две приоритетни области: Создавање на поволна средина за граѓанските организации да ги спроведуваат своите активности и Зајакната соработка и партнерство меѓу граѓанските организации и јавните институции.

Macedonian