Јавен повик за избор на претставници на здруженија и фондации во советодавни и работни тела на Владата и органите на државна управа

Врз основа на член 2 став 1 алинеја 11 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и заклучоците од Конститутивната седница одржана на 7 април 2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество објавува Јавен повик за избор на:

  • тројца претставници на здруженија, од кои најмалку еден претставник на здруженија од областа на заштита на маргинализираните лица, за членови на Националниот совет за развој;
  • двајца претставници на здруженија кои најмалку 10 години спроведуваат активности од областа на превенцијата и борба против корупцијата, за член и заменик член на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата;
  • еден претставник на здружение или фондација, кој има завршено високо образование и има најмалку пет години работно искуство во секторот/дејноста Уметност, од кои две години во областа на доживотното учење и квалификации, за член на Секторската комисија за уметност, согласно член 18 од Законот за националната рамка на квалификации;
  • двајца претставници на здруженија или фондации за членови на Секторската работна група за локален и регионален развој и
  • двајца претставници на здруженија или фондации од областа на социјална заштита, за член и заменик член во Управниот одбор на проектот „Поддршка на системот за обезбедување на квалитет на социјалните услуги“ (EC-NEAR/SKP/2024/EA-RP/0009) финансиран од Европската унија.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 април 2025 година.

Јавен повик

Образец на пријава

Macedonian