Одржана Петтата седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
Primary tabs
На 28.10.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Петтата седница, со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. Врз основа на пристигнатите пријави по Јавниот повик за избор на претставници на здруженија и фондации во Работната група за подготвување на Нацрт-Стратегијата за транспарентност (2027–2029), објавен на 29.9.2025 година, Советот номинираше тројца претставници на граѓанските организации. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество формира Работна група за Трансформација на Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите во хоризонтален правно обврзувачки акт и ревидирање на одредбите за планирање на средствата (задолжителни консултации за приоритетите), одлучување (независни комисии, регулирање на конфликтот на интереси, вклучување експерти и претставници на граѓански организации), објавувањето на резултатите, правото на жалба, следење, известување и сл. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на оваа седница формираше и две работни групи, и тоа: Постојана работна група за комуникации и Постојаната работна група за соработка со организации кои делуваат на локално ниво.
















